• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Избор помеѓу нарко картели или парламентарна република за Албанија; Бериша на суд за клевета; бројот на Албанци во Русија и Украина е непознат

May 8, 2023

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Избор помеѓу нарко картели или парламентарна република за Албанија; Бериша на суд за клевета; бројот на Албанци во Русија и Украина е непознат

May 8, 2023 11:47
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од најважните истражувачки институти не само на Балканот, туку и во светот, објави анализа за локалните избори во Албанија. Од опсежната анализа „Локални избори во Албанија 2023: Избор помеѓу нарко картели и/или парламентарна република?“,  албанските медиуми ги издвоија  најважните и најинтересни делови. Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај го тужеше Сали Бериша за клевета, односно за  изјавата  дека Велиај ги пере парите на иранската Револуционерна гарда.

Ова е само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Сури – Анализа на ИФИМЕС: Албанците ќе избираат меѓу нарко картели или парламентарна република

„Кога Еди Рама ја започна полициската акција за уништување на селото Лазарат, кое беше центар на нарко бизнисот, се очекуваше конечно соочување со нарко бизнисот. Потоа се покажа дека овој бизнис е ставен под контрола на самиот Еди Рама и наместо понатамошни реформи, развој и демократизација на државата, тој започна процес на „канабизација на Албанија“. Значителен дел од обработливото земјиште е под канабис и овој бизнис е во рацете на политичко-криминалните структури. За време на премиерството на Еди Рама, Албанија се претвори во криминален рај за криминалци од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка. Олеснителна околност за криминалните структури е безвизниот режим што Албанија го има со земјите-членки на ЕУ, што им овозможува на криминалците слободно движење и бизнис и огромни профити во трговијата со дрога и луѓе.“, пишува меѓу другото во анализата од ИФИМЕС, пренесе албанскиот медиум Сури.

АБЦ: Велиај поднесе тужба против Бериша, денес почнува судскиот процес во ССКО

Првиот човек на општина Тирана, Ерион Велиај го тужеше Сали Бериша за клевета. Градоначалникот денеска се појави во просториите на Специјалниот основен суд за корупција и организиран криминал), каде ќе се одржи првата седница од судскиот процес против првиот човек на Форумот.

Тужбата е за обвинувањата на поранешниот премиер изминатите денови за инсинераторот во Тирана и неговите таканаречени врски со Иран. Бериша пред неколку дена изјави дека Велиај ги пере парите на иранската Револуционерна гарда. За овие пријави поднесе кривична пријава до Специјалниот суд за корупција и организиран криминал, пренесе АБЦ.

Газета Експрес – Историски момент: Во Њујорк ќе се именува првата улица по Исмаил Ќемали

„Градот Њујорк одлучи да му оддаде почит на еден од истакнатите херои на Албанија со именување на улица по него. Улицата, која е првпат да го носи името на албански херој во овој голем американски град, ќе го носи името на Исмаил Ќемали, главната фигура на албанската независност и првиот претседател на независната албанска држава.“, пренесе Газета Експрес.

КОСОВО

РТК – Лајчак: Нацртот статутот  за Заедницата е  важна почетна точка за дискусија

„Заедницата на општини со српско мнозинство и прашањето за исчезнатите беа тема на разговорот што емисарот на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, го одржа со швајцарската дипломатка Ливија Леу. Во објава на Фејсбук, Лајчак вели дека нацртот што го претстави менаџерскиот тим за здружението е важна почетна точка за идните дискусии.“, пренесе РТК.

Перископи – Фајненшл Тајмс: Зошто на Западот му е тешко да го заврши спорот меѓу Косово и Србија?

„Помладата генерација е лута на западните сили, вели Александар Арсенијевиќ, локален политичар во етнички поделениот град Митровица.

„Тие не ги слушаат потребите на Србите. Ова не е вистинско време за вакви избори. Сега нема демократија. Системот е расипан. Ако сакаат да учествуваат во демократијата, на граѓаните прво им е потребна финансиска стабилност“, изјави Арсенијевиќ, еден од  интервјуираните за Фајненшл Тајмс, пренесува Перископи.

КОЛУМНА

Опен ТВ: Зошто е непознат точниот број на Албанци во Русија и Украина?

„Бројот на Албанците во Русија и Украина, вклучувајќи ги и оние кои веќе се асимилирани, но го знаат и го чуваат своето потекло скриено, е исклучително голем, што опфаќа цели региони и градови, а не само некои села, како што мислат некои истражувачи, сегашните сили.

Еден дел од Албанците кои порано живееле во источниот и северниот дел на Бугарија се преселиле во земјите на Руската империја, но успеале да го зачуваат својот јазик и култура во денешна Украина.“, пишува авторот Абдула Мехмети во колумната „Зошто е непознат точниот број на Албанци во Русија и Украина?“, објавена во Опен ТВ.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ