• Latest

МОН за ЦИВИЛ: Сите одредби со кои се зајакнува превенцијата од насилство ќе бидат дел и од новиот Закон за средно образование

May 9, 2023
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН за ЦИВИЛ: Сите одредби со кои се зајакнува превенцијата од насилство ќе бидат дел и од новиот Закон за средно образование

May 9, 2023 09:36
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

“Министерството за образование и наука заедно со Министерството за внатрешни работи, единиците на локалните самоуправи, училиштата, странските партнери, граѓанските организации,  во континуитет работи на подигнување на свеста кај младата популација за потребата од толерантно однесување и надминување на конфликти без насилство, изјавија од МОН за ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ како организација која во својот Статут ја има определбата да спроведува акции за превенција од конфликти, ефективна контрола на оружјето и надминување на култот кон оружјето;а во контекст на настаните во Србија ги постави следните прашања до Министерството:

  • Дали и на кој начин се вклучени образовните установи во превенцијата од насилство, оружено насилство и култ кон оружјето кај децата и младите?

  • Дали институциите преземаат превентивни мерки за да не се случат инциденти со масовно пукање и убиства и во нашата земја?

  • Статистики

„Бројни заеднички проекти, како проектите за интегрирано образование со превентивен карактер, придонесуваат за исполнување на приоритетите содржани во рамки на стратешките владини документи кои имаат за цел  спречување на секаков вид насилство, развивајќи пријатна и стимулативна училишна клима и соживот во училиштата.

Една од поважните активности спроведена во оваа насока во изминатиот период е измената на законската регулатива и прецизирање на постапувањето при детекција на случаи на насилство врз ученици.

Информираме дека Законот за основното образование кој е усвоен во 2019 година, го дефинира следното:

  • Во член 5 е уредено дека вработените во основните училишта се должни да промовираат еднаквост меѓу сите ученици и активно да се спротивставуваат на сите облици на дискриминација и насилство.

  • Училиштата се должни во годишните програми за работа да планираат и програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, од злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација. Активностите се остваруваат низ различни наставни и воннаставни активности со учениците, вработените, родителите, односно старателите на децата во соработка со општините, согласно утврдените потреби од страна на училишниот одбор, советот на општината или Педагошката служба. Меѓу активностите треба да се предвидат работилници за подобрување на менталното здравје на учениците, за подобрување на комуникацијата, за препознавање и спречување на булинг и слично.

Понатаму, во член 65-а е утврдено дека директорот на училиштето е должен да го пријави секој облик на насилство, злоупотреба или занемарување сторено врз ученик од страна на друг ученик, родител односно старател, наставник, стручен соработник или кое било друго лице кое е вработено во училиштето, до надлежните институции утврдени со закон. Постапката за пријавување и заштита на ученик-жртва на било која од формите на насилство, злоупотреба и занемарување се утврдуваат со подзаконски акт – упатство, предложен од БРО, а донесен од министер.

Со Упатството се уредуваат видовите на насилство, начинот на пријавување и постапување од страна на училиштата. Составен дел од Упатството се Формулар за евиденција на насилството и Формулар за план за заштита на жртвата од насилство.  Стручната служба во училиштата е должна да постапува и да го заштити интересот на ученикот“, велат од МОН.

Од Министерството информираа дека со донесените одредби се превенира насилството, а тие ќе бидат дел и од новииот Закон за средно образование. Истовремено постои и програма за психолошко советување на родители и на ученици кога ќе се покажат форми на несоодветно однесување, форми на насилство.

„Понатаму, информираме и дека постои програма за психолошко советување на родители на ученици и на самите ученици кои во одредени периоди за време на училишниот престој, односно во текот на воспитно образовниот процес покажуваат извесни форми на несоодветно однесување за нивната возраст, иницирале или пак доживеале одредена форма на насилство, драстично го намалиле просечниот успех во учењето и слично.

Сите одредби со кои се зајакнува превенцијата од насилство, ќе бидат дел и од новиот Закон за средно образование кој е во фаза на изработка. Во меѓувреме, секако средните училишта исто така во своите програми за работа предвидуваат активности за подобрување на менталното здравје на учениците, за подобрување на комуникацијата, за препознавање и спречување на булинг и слично“, изјавија од МОН.

Министерството за образование и наука упати до Државниот просветен инспекторат за податоци за број на пријавени случаи на насилство во училиштата.

Б. Ј.

Tags: МОНпревенција од насилствоЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ