• Latest

(ИЗБОРИ) Албански медиуми: Рама води на локалните избори; Албанија со најголем број затвореници во Европа; во Брисел денеска продолжува дијалогот Косово-Србија

May 15, 2023

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот FoxNews

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

August 9, 2025
Илустрација: ВИ

Што е што во изборен контекст: Политички наратив и како функционира

August 9, 2025

Трговците, производителите и дистрибутерите на средба кај Дурмиши за цените на храната

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот од Firstpost

Нагасаки одбележува 80 година од атомскиот напад

August 9, 2025
Фотографија: Википедиа

Администрацијата на Трамп бара 1 милијарда долари од Универзитетот Калифорнија за враќање на федералното финансирање

August 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски за средбата Трамп-Путин: Украина нема да ја даде својата територија на окупатори

August 9, 2025

Трамп и Путин ќе се сретнат во Алјаска на 15 август

August 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на Суспилне новине

(ВИДЕО) Кијив се збогува со новинарката Викторија Рошчина, која почина во руско заробеништво: Се збогуваме со Вика, но не и со нејзиниот случај

August 8, 2025

24 ЧАСА: Владата и ДИК без одговор, ДКСК со осуда за предизборната кампања на министерката за финансии; за Меџити, дивоградбите во Чаир не се предизборна тема; Германија запре со продажба на оружје на Израел

August 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОРИ) Албански медиуми: Рама води на локалните избори; Албанија со најголем број затвореници во Европа; во Брисел денеска продолжува дијалогот Косово-Србија

May 15, 2023 10:52
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија вчера се одржаа локалните избори на кои учествуваа околу 37 отсто од граѓаните. Според последните информации, Социјалистичката партија на Еди Рама води пред коалицијата „Заедно победуваме“. Во Брисел денеска продолжува дијалогот помеѓу Косово и Србија за формирањето на Заедницата, со средби на кои фокусот ќе биде ќе биде имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација на односите и неговиот Анекс.

Во продолжение се темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Заврши броењето  гласови во 23 општини за локалните избори во Албанија, СП добива 20, коалицијата „Башке фитојме“  ( „Заедно победуваме“) добива три

„Пребројувањето завршува во 23 општини во земјава, а продолжува во 38 други.

СП триумфираше во Камез, Вора, Елбасан, Пустец, Колоње, Либражд, Дропул, Тропоје, Росковец, Либохова, Рогожин, Келчире, Грамш, Белш, Замет, Делвина, Селеница, Тепелен, Пеќин, Поличан.

Додека „Заедно победуваме“ во три општини Пука, Хас, Мемалиај.“, пренесе Топ Чанел.

Според Централната изборна комисија, на локалните избори во Албанија учествувале околу 37 отсто од граѓаните со право на глас. Во повеќето избирачки центри изборниот процес заврши во 19 часот, но во некои центри, каде што имаше граѓани кои чекаа да гласаат, процесот продолжи и по 19 часот, додека не гласаа сите заинтересирани. Процесот на гласање беше проследен со одредени технички проблеми. Бројот на гласачи на ниво на држава изнесуваше 1 милион и 100 илјади. Излезноста беше мала во споредба со изборите во 2021. Сега има 560 гласачи помалку регистрирани.

АБЦ: И покрај наредбата на Целибаши, пребројувањето во КЗАЗ 35 во Тирана е прекинато

Претседателот на Централната изборна комисија Илирјан Челибаши во неодамнешна наредба истакна дека сите попишувачи мора да продолжат со пребројувањето без прекин.

„По набљудување на теренот, и покрај наредбата, броењето на гласовите е стопирано веќе неколку часа во училиштето „Васил Шанто“ во Тирана и се очекува да започне во 11:00 часот.

Во ова пребројување на гласовите ќе се пребројуваат гласовите на единицата 5, голем избирачки простор и традиционално лев бастион, кој досега не донесе никакви изненадувања, се гледа како област што обезбедува гласови за СП.“, пренесе АБЦ.

Сури -Евростат: Албанија меѓу земјите со најголем број затвореници во Европа

„Албанија е рангирана меѓу земјите кои имаат најголем број затвореници во однос на населението, покажуваат најновите податоци објавени од Евростат.

Во 2021 година, Албанија имаше 202 затвореници на 100.000 жители, втора во регионот по Црна Гора (214,7). Србија има најниско ниво со 166 затвореници на 100.000 жители.“, пренесе Сури.

КОСОВО

Бота Сот: Дијалогот продолжува во Брисел, еве за кои теми ќе се разговара

„Во понеделник во Брисел дијалогот меѓу Косово и Србија продолжува со средба на главните преговарачи на двете земји. Во фокусот на средбите ќе биде имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација на односите и неговиот Анекс.

Главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими и шефот на делегацијата на Србија, Петар Петковиќ, најпрвин ќе имаат одвоени средби со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, а потоа ќе има и заедничка средба.

Ова е прва средба на главните преговарачи по средбата на високо ниво меѓу премиерот на Косово, Албин Курти, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по таа на 2 мај во Брисел.“, пренесе Бота Сот.

Персикопи: Милионерите на јавните набавки во Косово

„1,2 милиони е заедничката вредност на недвижен и движен имот на некои од главните функционери за јавни набавки на Косово. Околу 400 илјади евра е вредноста на парите што ги чуваат подготвени во банка. Неверојатните бројки се изведени од акумулацијата на богатството, што се базира на податоците објавени од Антикорупциската комисија на Косово.

Станува збор за сите членови на одборот на Телото за прегледување набавки, претседателот на одборот на Регулаторната комисија за јавни набавки, заменик директорот на Централната агенција за набавки, раководителот за набавки во Телеком и КЕК. Подолу можете детално да го видите имотот на секој од нив.“, пренесува Перископи.

КОЛУМНА

Економиа Онлајн: Ништо ново на трите албански фронта

„Додека изборите би донеле промени во Северна Македонија, тоа не се верува дека ќе се случи во Албанија, на вториот фронт, каде што гласачите ќе излезат да го остварат своето право и обврска на 14 мај. Во меѓувреме, во Косово сега е актуелен процесот на започнување на судењето на поранешните лидери на ОВК во Хаг.“, пишува авторот Даут Даути во колумната Ништо ново на трите албански фронта, објавена во Економиа Онлајн.

Д. Тахири

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ