• Latest

Чупеска: Признавањето на дополнителни заедници не му противречат на никој начин на актуелниот поредок

June 2, 2023

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Чупеска: Признавањето на дополнителни заедници не му противречат на никој начин на актуелниот поредок

June 2, 2023 12:40
in ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Дури и во Преспанскиот договор, имаме една збогатена варијанта на нашиот нормативен мултикултурализам преку препишување на пост- национална формулација на граѓанството, вели проф. Ана Чупеска во својот говор на Конференцијата на ЦИВИЛ  „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“.

„Нашиот политички систем е структуиран на таков начин што успешно ги акомодира, односно, успешно ги прилагодува културно идентитетските разлики низ многу конкретен, нормативен и симболички поредок, а особено преку Охридскиот рамковен договор, со кој се пропишуваат гаранциите за културната автономија на групите што живеат тука. И тоа се одвива низ неколку столбови на таа нормативна, акомодативна приказна, прво, преку групно специфични права, второ, преку елементите на споделувањето на моќта во сите три нивоа на власта – легислатива, егзекутива и судство, како и вертикално односно национално и на локално ниво, ги имаме како нормативни механизми гарантирани со ОРД, што е за секоја пофалба.

Па дури и во Преспанскиот договор, имаме една збогатена варијанта на нашиот нормативен мултикултурализам преку препишување на пост- национална формулација на граѓанството, или популарно наречено „нешналити“ во пасошот, затоа што тоа не е ексклузивирано само за најдоминантната група.

„Друга атрибуција на нашиот систем, е тоа што нашиот модел на културно-идентитетското прилагодување е тоа што се одвива исклучиво на не-територијален начин. Тоа значи дек сето погоре спомнато се аспекти на не-територијална вклученост во власта и гарантирање на културна автономија, без да се  енклавизираат во одредена територија и со тоа да се исцртаат етно-федералистички граници, како што е на пример случајот со Либан, или Босна, па дури ако сакате, според некои толкувања, и во Канада.“, посочува Чупеска.

Чупеска се осврна и на актуелните менувања на Уставот, во кој се очекува да се вметнат уште неколку етнички заедници покрај другите.

„Најновите барања на за признавање на дополнителни заедници да добијат соодветен признаен статус во рамките на нашиот поредок, се сосема легитимни, и не му противречат на никој начин на нормативниот актуелен поредок.“, порача Чупеска.

Во однос на уставните измени кои се очекува да се направат за да се премине кон финалниот чекор кон ЕУ –интегративниот процес на Република Северна Македонија, Чупеска вели дека опасност нема, односно, дека има онаму каде што би се компромитирал процесот со теснопартиски и етно-корпоративистички апетити.

“Опасното во уставните измени е да се изгуби моментот, и да се компромитира процесот од теснопартиски и етнокорпоративистички апетити, кои придонесуваат кон таа константна поларизација. Ништо страшно нема да се случи ако ги донесеме тие промени на Уставот, и ако, според тоа, парламентарниот комитет се збогати со повеќе членови“, вели меѓу другото Чупеска.

Д. Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Биљана Јордановска 

 

 

 

Tags: конференцијаМултикултураЧупеска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ