• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ ветува инклузивни избори на северот на Косово; во Звечан отстранет уште еден дел од бодликавата жица; според Ескобар нема да има нова српска република

June 6, 2023

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ ветува инклузивни избори на северот на Косово; во Звечан отстранет уште еден дел од бодликавата жица; според Ескобар нема да има нова српска република

June 6, 2023 11:33
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбите на северот на Косово остануваат во тесен  фокус на медиумите, кои известуваат дека ОБСЕ ќе и помогне на Централната изборна комисија за „инклузивни избори”. Во Звечан и денеска се собрани протестанти, но според медиумите, состојбата е мирна, а отстранет е уште еден дел од бодликавата жица.

Ова се само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Зери – Давенпорт по средбата со Лајчак: Инклузивни избори на север, ОБСЕ ќе и помогне на ЦИК

Шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово, Мајкл Давенпорт, се сретна со емисарот на ЕУ, Мирослав Лајчак, на разговори за ситуацијата на северот и тамошните избори.

Девенпорт рече дека ОБСЕ ќе и помогне на Централната изборна комисија за „инклузивни избори”.

With @MiroslavLajcak today emphasised importance of progress in EU-facilitated Dialogue & full participation of all communities in institutions & elections – @OSCEKosovo
stands firmly alongside @NATO_KFOR & @EULEXKosovo in fulfilling our respective mandates in #Kosovo 1/2

— Michael Davenport (@mhdport) June 6, 2023

„Мирослав Лајчак денеска ја истакна важноста од напредокот во дијалогот што го олеснува ЕУ и целосното учество на сите заедници во институциите и изборите. ОБСЕ на Косово силно стои покрај КФОР и ЕУЛЕКС во исполнувањето на нашите соодветни мандати на Косово.“, напиша на Твитер меѓу другото Давенпорт, пренесе Зери.

Сури нет: Мирно во Звечан, отстранет уште еден  дел од бодликавата жица

„Мирна е состојбата во вторник наутро во Звечан, каде повторно се собрала помала група локални граѓани кои се против влегувањето на новите градоначалници во општинските згради.

Денеска  беше отстранет дел од бодликавата жица околу општинската зграда, додека сега таму стојат само тројца војници. “, пренесе Сури нет.

АБЦ – Ескобар: Заедницата  нема да биде нова српска република како во Босна и Херцеговина

„Заедницата на општините со српско мнозинство на северот на Косово нема да биде нова српска република како во Босна и Херцеговина“.

Изјави специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар во интервју за Die Presse.

Есобар рече дека Заедницата е заложба што Косово мора да ја исполни.“, пренесе АБЦ.

РТВ 21: Османи на средба со Ескобар и Лајчак

„Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ги прими специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, како и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На медиумите им беше дозволено да фотографираат  само на почетокот на средбата, а не се очекуваат изјави по средбата.  По средбата со Османи, двајцата емисари ќе се сретнат со тројцата лидери на опозициските партии.“, пренесе РТВ 21.

АЛБАНИЈА

Албеу: 100 меѓународни професори и истражувачи против затворањето на Албанолошката академија

„По одобрувањето на одлуката за спојување на Академијата за албанолошки студии, група од 100 истражувачи, студенти/професори и уметници од најпрестижните институции и организации во и надвор од Албанија, кои со голема загриженост го следеа настанот, ја презедоа иницијативата на Отворено писмо за јавно изразување противење и несогласување со произволната и штетна одлука за ААС.“, пренесе Албеу.

КОЛУМНА

Сури нет. : Povera Meloni, poveri noi

„Неочекуваната, речиси инвазивна, прегратка и бакнеж што албанската премиерка и ја даде на својата италијанска колешка Мелони пред камерите на самитот во Молдавија, покрај дебатата за етиката, покренува и фундаментално прашање за причината за ваквата дејствуваат.

Еди Рама е политичар изграден на егзистенцијалната потреба да се биде во центарот на вниманието секогаш и за се. Не може да го поднесе фактот дека минува незабележано. Неговите неограничени ТВ настапи, користењето на ЕРТВ, протагонизмот да биде главен актер во секој настан, од фудбалски натпревари до самити на НАТО, провокации и шеги за привлекување медиумски рефлектори, долги говори, неконвенционална облека итн. се токму израз на верификацијата неговото постоење како протагонист преку формата.“, пишува авторот Арманд Шкулаку во колумната „Povera Meloni, poveri noi“, објавена во Сури нет.

Д. Тахири

 

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ