• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Мерко го замрзнува членството во ДУИ; Франција по примерот на Германија ќе усвои резолуција за реафирмација на македонскиот јазик; корупцијата екстремно присутна на факултетите

June 22, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Мерко го замрзнува членството во ДУИ; Франција по примерот на Германија ќе усвои резолуција за реафирмација на македонскиот јазик; корупцијата екстремно присутна на факултетите

June 22, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Струшкиот градоначалник Мерко го замрзнал членството во ДУИ, од партијата бараат сеопфатна истрага

Струшкиот градоначалник, воедно и член на претседателството на ДУИ, Рамиз Мерко донел одлука да го замрзне членството во партијата откако беше ставен на црната листа на САД. Истовремено, од ДУИ излегоа со барање за спроведување на сеопфатна истрага за наводите на Стејт департментот за корупција.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Националното собрание на Франција е на добар пат да усвои резолуција за реафирмација на македонскиот јазик на патот на Северна Македонија кон Европската Унија, по примерот на документот усвоен во германскиот Бундестаг, најавува пратеничката во францускиот Парламент Лилијана Танги.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АНТИКОРУПЦИЈА Истражувањто на Институтот за стратешки истражувања и едукација покажува дека 20 отсто од студентите на јавните универзитети сметаат дека корупцијата е екстремно присутна на факултетите каде студираат, додека 24% сметаат дека корупцијата е умерно присутна.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека  ВМРО-ДПМНЕ треба да остане на искажаниот став во однос на уставните измени и да се работи на ниво на работни групи и да се договорат деталите, потенцирајќи дека со внесувањето на Бугарите во Премабулата на Уставот паѓа во вода тезата за „еден народ во две држави“.

БЕЗБЕДНОСТ Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на работната посета на Букурешт, Република Романија, оствари билатерална средба со Генералниот директор на Центарот за спроведување на Законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), Огуз Серкан Акин. Притоа, тој истакна дека повторната средба со директорот Серкан-Акин, претставува уште една можност да се потврди добрата соработка.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ  Треба да се даде уште неколку дена шанса за дијалог со опозицијата пред уставните измени Владата да ги пушти до Собранието, иако е јасно дека тие немаат намера повторно да седнат на маса, смета вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

КОСОВО Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) Жосеп Борел соопшти дека ги повикал српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти, на итна средба во Брисел со цел да се најде излез од актуелната криза,

ОТВОРЕН БАЛКАН Иницијативата „Отворен Балкан“ во областа на културата започна во вторникот во Белград со реализација со гала концерт на Зубин Мехта на одбележување на стогодишнината од Белградската филхармонија и во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, по што ќе следи гостување во Тирана и на 24 јуни во Скопје.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Одбранбените сили на Украина продолжуваат со офанзивните операции во правците Мелитопол и Бердијанск каде што во изминатиот ден имаа делумен успех и се зацврстија на постигнатите граници, Ситуацијата на источните граници е напната, но е под контрола, бранителите не му даваат шанса на непријателот да напредува низ регионот Доњецк и регионот Луганск

*

Центарот за стратешки комуникации и информациска безбедност состави листа од главните руски лажни и пропагандни наративи, меѓу кои и изјавата на Путин  дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Залужни, наводно заминал во странство. Веќе следниот ден Залужни, жив и здрав, објави видео и за секој случај, беше испратено писмо специјално за руските креатори на лажни вести предводени од Путин.

АЛ-ПРЕС

Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ ја прифатија поканата од ЕУ за средба во Брисел, во Грачаница, Косово, главниот пат е блокиран од косовската полиција заради безбедност во текот на протестите што денеска најавија дека ќе го одржат локалните Срби. Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

МУЛТИКУЛТУРА

Дерала: Наш следен чекор е покана до бизнис заедницата за учество и поддршка во општествено одговорните процеси

Герасимовски: Општина Центар креира добри практики и позитивна атмосфера за развој на мултикултурализмот, еднаквоста и недискриминацијата

Ведран: Говорот на омраза треба да се гледа и низ призмата на колективната траума

Куманово е еден од класичните примери во коешто функционира мултикултурното и мултиетничкото општество

СЛОБОДНА ЗОНА

„Десничарските популисти наведуваат дека шесте земји биле територија на криминални банди и трговци со дрога, на етно-културни конфликти, на џихадисти за Сирија, радикалниот ислам и висока невработеност кај младите, поради што Германија ќе била преплавена со имигранти“, пишува универзитетската професорката Емилија Целакоска во својота објава „Само затворен ум гласа за десно – за да се дозатвори“

 

Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ