Илина Ведран од ИППЕК, на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, вели дека еден од начините на справување со говорот на омраза, и во односите меѓу заедниците, е свесноста за колективната траума, и едукацијата преку која би се излегло од свесноста од реактивна реакција.
„Вие зборувате за меѓуетничките односи, комуникацијата помеѓу луѓето, тема која во Македонија е „жижи“, јас работам на полето на личниот развој, а сега со Општина Центар имаме еден проект за училиштата, во поглед на булингот итн, ги опфаќа овие теми. Констатиравме дека корен на овие проблеми е колективната траума. Мислам дека е потребно да се информираат луѓето како, односно на кој начин можеме да одговориме на одредени ситуации. Бидејќи траумата, да речеме од говорот на омраза, и доколку вратиме на ист начин, тогаш постојано се вртиме во ист круг. Потребна е долгорочна едукација и посветеност за да се покрене процесот, за да има ефект. Треба да излеземе од нивото на свесноста во која што сме навикнати постојано да реагираме реактивно, за да се спречи говорот на омраза. “, посочи Ведран.
Д. Тахири
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети