„Би сакал во овој форум да заблагодарам за вашата спремност и отвореност, буквално во истиот момент кога ќе се обратиме до вас, да излезете во пресрет, барем да не сослушате, меѓутоа, еве и за јавноста, и за вас овде да ве известам исто така дека во подготвителните средби, кои се дел од форматот на проектот, разговаравме и за покренување на еден ликовен конкурс за деца некаде во септември, кој ќе биде соодветен на темите што се однесуваат на нашиот проект, мултикултурализам, интеркултурализам и тоа ќе биде уште еден заеднички потфат.
Ќе ја поканиме и бизнис заедницата да учествува, за да можеме и на меѓународно ниво да покажаме дека и од самата средина оригинално, доаѓаме до поддршката за ваквите процеси и настани. Се надевам дека и вие ќе учествувате со ваши идеи. “, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала во воведниот говор на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија, што се одржа во Општина Центар.
Д. Тахири
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети