• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Курти и Вучиќ во Брисел; билатерални средби само со Борел; протести кај Грачаница; пет примери за борба против руската пропаганда

June 22, 2023
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Курти и Вучиќ во Брисел; билатерални средби само со Борел; протести кај Грачаница; пет примери за борба против руската пропаганда

June 22, 2023 11:35
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ ја прифатија поканата од ЕУ за средба во Брисел, во Грачаница, Косово, главниот пат е блокиран од косовската полиција заради безбедност во текот на протестите што денеска најавија дека ќе го одржат локалните Срби. Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

Бота Сот: Курти и Вучиќ ја прифатија на ЕУ да одат во Брисел, билатерални средби се очекуваат само со Жозеп Борел

„Лидерите на Косово и Србија потврдија дека ќе учествуваат на состанокот за управување со кризи, што го свика шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 22 јуни изјави дека во четврток во Брисел ќе се сретне со Борел, но не и со Курти.

Курти пред еден ден го потврди учеството на средбата во Брисел.“, пренесе Бота Сот.

 Арбреш: Блокиран главниот  пат во Грачаница поради протестот на тамошните Срби

Косовската полиција  од 11:30 часот денеска ќе го блокира главниот пат на Грачаница.

Полицијата преку соопштение соопштува дека тоа се прави поради протестот што денеска таму ќе го одржат Србите.

Во оваа прилика, органите на прогонот ги повикуваат оние кои го посетуваат патот Приштина-Гњилане да користат алтернативни правци.

„Косовската полиција, за да го спроведе на редот на најавениот протест што ќе се одржи денеска во Грачаница, со почеток од 11:30 часот до завршување на протестот, ќе го пренасочи сообраќајот за возилата кои сообраќаат од Приштина кон Гњилане и обратно, бидејќи главниот пат во Грачаница нема да биде прооден за сообраќај до крајот на протестот.“, пренесе Арбреш.

Радио Косова е Лире: Професорот Даниел Сервер не ја отфрла можноста премиерот Албин Курти да биде прогласен за нон-грата од Америка

„Познатиот американски професор и аналитичар Даниел Сервер не ја отфрли можноста премиерот Курти да биде прогласен за нонграта од Америка, во случај одбивањето на  деескалацијата да биде екстремно. Тој вели дека ова е страшна идеја што би го направила премиерот Албин Курти уште понепослушен, но посочува дека не ја исклучува оваа можност, појаснувајќи дека Албин Курти како опозиционер имал проблеми да добие американска виза.“, пренесува Радио Косова е Лире.

Зери- Германски експерт: Белград води хибридна војна против Косово, силите на КФОР биле нападнати и од агенти на српската БИА

Во интервју дадено за Дојче Веле, експертот за балкански прашања Конрад Клевинг објаснува зошто моменталната состојба на косовско-српската граница е загрижувачка и што може да се направи за да се продолжи.

„Има многу показатели кои ме тераат да се сомневам: одбивањето на Вучиќ да го потпише Охридскиот договор и намерата на Србија да и даде автономија на Заедницата на општини со српско мнозинство. Дополнително, повеќе од една година српската влада и српските медиуми што ги контролира, значително ја заостри својата реторика. Повеќе не се работи за правата на Србите, туку за наводниот систематски „терор“ што го вршат косовските власти врз Србите. Дури и самото Косово е систематски делегитимизирано: Владата на Белград и нејзините медиуми сега постојано го користат терминот „т.н.“ власти на Косово и Косово се препишува во цитати како „Косова и Метохија“ или „КиМ“. Тоа се целосно ревизионистички и воинствени термини. И од февруари наваму, откако е потпишан договорот, овој јазик е се полош и полош.“, пренесува косовскиот дневник Зери.

ИНА: Како да се борите против руската пропаганда?

„Прва лекција: Секое општество треба да учи од Финска, особено албанските општества.

Втора лекција: Во Финска образовниот систем игра клучна улога. Учениците уште од мали нозе учат како да разликуваат лажни вести, манипулации, лаги, пропаганда.

Трета лекција: Финска има Национална агенција за итни случаи (The National Emergency Supply Agency), која се фокусира на темата на лажни вести.

Четврта лекција: Многу граѓански организации во Финска се ангажираат во развој и имплементација на програми против лажни вести.

Петта лекција: Во Финска постои наставна програма за критичко размислување. Целта на оваа наставна програма е да се анализираат изворите и да се проверат фактите, како и да се анализираат техниките на манипулација.“, извадоци од петте примери за борба против руската пропаганда,  од авторот Енвер Робели , објавени во ИНА.

Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ