• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово прогласи две српски организации за терористички; САД реагира за некоординираност; Курти излезе со осум предлози за надминување на ситуацијата

June 30, 2023

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово прогласи две српски организации за терористички; САД реагира за некоординираност; Курти излезе со осум предлози за надминување на ситуацијата

June 30, 2023 11:36
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Косово прогласи две српски организации за терористички, поради вршење акции со терористички елементи како што беа нападите врз косовските полицајци и  војниците на КФОР. Од САД се огласија дека оваа одлука на косовската влада не е во координација со Стејт департментот, иако тие ги осудија насилствата на северот на Косово.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Клан: Косово прогласи  две српски организации за терористички

„Северна бригада“ и „Цивилна одбрана“ се прогласени за терористички организации од косовската влада.

Според косовскиот премиер Курти, овие две организации извршиле акции „со терористички елементи“, како што се: вооружени напади врз припадници на косовската полиција, членови на Мисијата на Европската унија за владеење на правото – ЕУЛЕКС и војници на мисијата на НАТО на Косово, КФОР, пренесе Клан.

Радио Европа е Лире – САД: Прогласувањето на две организации на север за терористички е некоординирана одлука

Американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа изјави дека Владата на Косово не се координирала со Вашингтон во врска со прогласувањето на „Цивилна одбрана“ и „Северна бригада“ за терористички организации.

„Одлуката на Владата на Косово да ги прогласи овие групи за терористички организации не беше координирана со САД и другите меѓународни партнери. Оваа одлука треба да биде координирана со најблиските меѓународни партнери на Косово, вклучувајќи ги и оние кои имаат примарна одговорност да ја обезбедат стабилноста на Косово. Повторно го повикуваме Косово да се воздржи од еднострани чекори додека работиме со сите страни за решавање на актуелната криза“, изјави портпаролот на Стејт департментот,  за Радио Слободна Европа.

Коха: Осумте чекори  на Курти за надминување на состојбите и идејата за меѓународна конференција

Косовскиот премиер, Албин Курти, пред неколку дена и презентираше неколку  точки на Владата на Косово за надминување на ситуацијата, а побара и други да се пополнат од  страна на Србија.

Чекорите предложени од Курти кои Владата на Косово е подготвена да ги преземе, се:

*Намалување на присуството на косовската полиција во општинските згради и нивната околина, постепено и пропорционално со намалување на насилството;

*Целосен пристап до судските процеси на сторителите на насилство и следење на процесите од страна на ЕУЛЕКС и заинтересираните невладини организации за човекови права;

*Во четирите северни општини да се активираат предвремени избори со петиција за отповикување поддржана од најмалку 20 отсто од гласачкото тело, како што е предвидено во косовското законодавство. Откако ќе се потврди дека се исполнети условите за повлекување, претседателот го објавува датумот на изборите;

*Актуелните четворица градоначалници ќе добијат инструкции да ги предадат своите овластувања на новите градоначалници по овластувањето од ЦИК во согласност со косовското законодавство.

Курти посочи  дека очекува од Србија да се исполнат следниве точки:

*Отстранување на насилните демонстранти од општинските згради и нивната околина;

*Посветеност на соработка во притворот и судските постапки на сторителите од страна на Косово, со мониторинг од ЕУЛЕКС и целосни гаранции за правично судење;

*Намалување на подготвеноста на вооружените сили на ниско ниво, нема нови движења на војници, отстранување на 48 напредни оперативни бази лоцирани долж границата.

*Србија не треба да го попречува или да се меша во правото на граѓаните од српската припадност на Косово и на сите политички партии да учествуваат слободно, без никакво заплашување, принуда или коруптивно влијание, во процесот на локалните избори во Косово, пренесува Коха.

Сури.нет: ЕК ја поддржува идејата за меѓународна конференција за Косово и Србија

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ја поддржа идејата за меѓународна конференција за Косово и Србија, со цел да се намалат тензиите меѓу нив.

„Сакам да кажам дека ја поддржуваме и идејата за организирање, што поскоро, конференција – заедно со неколку земји-членки на ЕУ“, рече Мишел, нагласувајќи ја потребата од координација со САД, пренесува Сури.нет.

АЛБАНИЈА

Панорама: Систем со 4 изборни единици во Албанија и отворени листи – Помалите партии бараат промена на изборниот систем

„Иницијативата „Турје“, поддржана од неколку други опозициски партии, вчера започна кампања за промена на изборниот систем во Албанија.

Шефот на ЛЖК, Дашамир Шехи, на прес-конференција заедно со „Иницијативата Турје“, Републиканската партија и Аграрната еколошка партија, рече дека останува единствената шанса да се урне доминацијата на СП-ПД на изборите. Се бара да се одржи референдум на кој граѓаните ќе бидат прашани за промена на изборниот систем со предлозите на иницијативата Турје и другите опозициски партии. Шехи рече дека оваа иницијатива ќе биде во центарот на политичкото делување до следните парламентарни избори.“, пренесе Панорама.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Зошто нашата демократија произведува хумор?!

„Во пресрет на изборите јавноста најчесто слуша за демократската „култура“ на кандидатите, но повеќе од тоа, се дави  во ветувања. Кандидатите даваат речиси „допирлива“ благосостојба, од покачување на платите, нови фабрики, поефикасни услуги, пензии и се друго што може да му дојде на ум на граѓанинот.“, пишува авторот Бен Андони во колумната „Зошто нашата демократија произведува хумор?!, објавена во Јава Њуз.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ