• Latest

Бектеши: Да се донесе акт за да можеме да го раскинеме договорот со „Еуромакс“, најдобар аргумент е заштитата на животната средина

July 26, 2023

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Да се донесе акт за да можеме да го раскинеме договорот со „Еуромакс“, најдобар аргумент е заштитата на животната средина

July 26, 2023 15:54
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Да се донесе акт со кој ќе се утврди дека потенцијалната инвестиција е спротивна на стандардите за заштита на животната сртедина. Само така ќе можеме да постапиме, да дејствуваме и да поднесеме предлог со кој би се раскинал договорот со концесионерот „Еуромакс“ за рударскиот комплекс „Иловица-Штука”, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што посочи Бектеши откако речиси час и половина детално ги образложуваше сите акти и одлуки поврзани со „Иловица-Штука” од 2005 година до сега, „Еуромакс“ во моментов има сопственост на двете концесии. Тие не се одземени од страна на Владата, па компанијата, согласно Законот за минерални суровини, има право да го обнови барањето за спојување на концесиите, пренесе МИА.

Според него, многу подобро е институциите да донесат некаква одлука, отколку да не постапуваат воопшто зашто така, нагласи, оставаат простор за отворање арбитражна постапка што е голем ризик. За конкретниот случај, објасни Бектеши, неопходен е некаков акт и тоа акт кој би бил поврзан токму со заштита на животната средина, како што ценат и бараат граѓаните што воедно е став и на Министерството за економија.

 

„Ние денеска не поседуваме никаков акт како Министерство за економија дека е одбиено некое решение, некој елаборат, дека имаме некое негативно мислење во последните 15 години во делот на заштитата на животната средина врз основа на кое би донеле предлог-одлука за да се раскине договорот со инвеститорот. Имаме лепеза можности за да имаме таков акт, може да е од МЗШВ, од Министерството за транспорт и врски, зашто треба да се сечат шуми, да се пробива пат,….Мора да имаме акт за да постапиме како Министерство за економија. „Еуромакс“ има сопственост на двете концесии, тој ќе има право да го повтори барањето за спојување на концесиите што значи дека согласно управната постапка, Министерството за економија ќе има концесионер „Еуроомакс“, а и државата ќе има концесионер  „Еуроомакс“, не на една, туку на две концесии, со тоа што, со одлуката на Судот „Еуроомакс“ ќе има дополнително право во роковите за барање дозвола за експлоатација“, додаде Бектеши.

„Оттука, нашиот предлог како Министерство за економија е, да се повикаме на аргументот „заштита на животната средина“ како најдобра опција, нешто што го бараме и ние и целата јавност и да се донесе акт со кој ќе се утврди дека одредена потенцијална инвестиција е спротивна на стандардите за заштита на животна сртедина. Откако ќе се донесе тој акт или ќе се одбие и нема да се донесе позитивно решение за заштита на животна средина, утредента Министерството за економија ќе достави предлог за раскин на договорот. Но, да се дава простор за да не се носи никаква одлука, да не постапуваат институциите, мислиме и сме на ставот дека тоа е голем ризик за арбитражна постапка“, истакна Бектеши.

Негов главен аргумент, како што дополни, но и на речиси сите институции, па и на владините од 2016 година до денес, е дека оваа потенцијална инвестиција е спротивна на прописите за заштита на животната средина.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ