• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ со препораки за борба против корупција на највисоките нивоа на власта во Албанија; уапсен поранешен припадник на ОВК во Албанија; десет причини зошто Македонците треба да го научат албанскиот јазик

August 1, 2023
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ со препораки за борба против корупција на највисоките нивоа на власта во Албанија; уапсен поранешен припадник на ОВК во Албанија; десет причини зошто Македонците треба да го научат албанскиот јазик

August 1, 2023 11:23
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанија треба да ја зголеми кохерентноста на правната и институционалната рамка за спречување на корупцијата и интегритетот на јавните службеници, што е сеопфатно, но премногу сложено, особено за високите функционери“, се вели меѓу другото  во извештајот на Европската комисија, е една од главните теми денеска во албанските медиуми. Специјализираните совети со седиште во Хаг соопштија дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Дритан Гоџај, е уапсен во Тирана, Албанија, пренесуваат косовските медиуми.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Панорама: „Борба против корупцијата на највисоките нивоа на власта“ – Се појаснува извештајот на ЕК, барањата што и ги поставува на Албанија: Медицинскиот канабис ризикува пренасочување кон нелегални пазари

Европската комисија во извештајот „Скрининг“  го истакнува патувањето на Албанија кон ЕУ, главните проблеми во земјата но и достигнувањата во клучните реформи.

„Законодавната и институционалната рамка на Албанија мора да се консолидира и дополнително да се продлабочи во спроведувањето на реформата, правната и институционалната рамка, особено преку обезбедување ефикасна соработка меѓу правосудните институции. Албанија треба да ја зголеми кохерентноста на правната и институционалната рамка за спречување на корупцијата и интегритетот на јавните службеници, што е сеопфатно, но премногу сложено, особено за високите функционери“, се вели меѓу другото  во извештајот на Европската комисија, пренесе Панорама.

Топ Чанел: Корупција на избори, СПАК ги праќа Белери и Кокавеши во ЃККО на судење

„Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал до Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал го поднесе барањето за судење за Фреди Белери и Пандели Кокавеши.

Дионисиос Алфред Белери се товари за кривичното дело „Активна корупција на избори“, сторено во соработка, предвидено со член 328 и 25 од Кривичниот законик.

Пандели Кокавеши се товари за кривичното дело „Активна корупција на избори“, извршено во соработка предвидено со член 328 и 25 од Кривичниот законик.“, пренесува Топ Чанел.

КОСОВО

Албеу – ЕУ: Оставката на претседателите е најбрзо решение за ситуацијата на северот на Косово

Додека косовските институции велат дека новите гласања треба да се направат со потпишување на петицијата, имаат пократок пат од официјален Брисел до изборите, кои треба да бидат сеопфатни.

„Оставките на градоначалниците на општините се најбрзиот начин за промовирање на предвремени избори, додека двете партии мора да покажат конструктивност во реализацијата на изборите. Статус квото, што произлезе од повлекувањето на Србите од косовските институции во ноември минатата година и бојкотот на изборите во април од страна на заедницата на косовските Срби, не е одржлив“, се вели во одговорот од Службата за надворешни работи (ЕЕАС), пренесува Албеу.

РСЕ: Специјалниот суд  уапси поранешен припадник на ОВК во Албанија

„Специјализираните совети со седиште во Хаг соопштија дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Дритан Гоџај, е уапсен во Тирана, Албанија. Според соопштението, Гоџај е уапсен врз основа на потерница за сторени кривични дела против спроведувањето на правдата, кои вклучуваат заплашување и попречување на службени лица во вршење на нивната служба. Специјализираните совети, познати и како Специјален суд, соопштија дека апсењето е извршено во соработка со албанските власти. Тој ќе биде приведен во Албанија додека се чека одлуката на албанските власти за неговото префрлање во Специјалниот притвор во Хаг.“, пренесе Радио слободна Европа на албански јазик.

КУЛТУРА

Еуроњуз: Научна студија: Албанскиот  јазик стар 6.000 години, автохтон на Балканот

Во една неодамнешна научна статија, преку употреба на софистицирани методи, се проучува потеклото на индоевропските јазици, вклучувајќи го и албанскиот јазик заедно со ерменскиот и грчкиот. Објавените податоци докажуваат дека албанскиот е еден од најстарите индоевропски јазици што се уште се зборува.

Притоа, истражувањата спроведени главно преку компјутерски лингвистички студии ја потврдуваат антиката и оригиналноста на албанскиот јазик.

Истражувачите спроведоа и ДНК студии и потврдија дека албанското население е автохтоно и многу античко во овие земји, пренесува Еуроњуз.

КОЛУМНА

ИНА: Десет причини зошто Македонците треба да го научат, и да не го мразат албанскиот јазик

Македонците треба да научат албанскиот јазик затоа што:

1.Албанскиот јазик е еден од најстарите јазици во семејството на индоевропски јазици;

2. Можат слободно да комуницираат со своите сограѓани Албанци и ги елиминираат сите предрасуди и бесмислени стереотипи;

3. Јазичната разновидност е богатство на секоја земја;

4.Тие можат да имаат пристап до пазарот на трудот во албанските компании во Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора и Прешевската долина;

5.Тие можат полесно да основаат компании, каде било на албанските територии во регионот;

6. Младите истражувачи можат да ја проучуваат и користат албанската литература

7. Можат да ги направат патувањата и туризмот полесни и попријатни;

8. Ќе бидат поотворени;

9. Ќе бидат потолерантни;

10. Ќе бидат посреќни, пишува меѓу другото авторот Мухамер Пајазити во колумната „Десет причини зошто Македонците треба да го научат и да не го мразат албанскиот јазик“, објавена во ИНА.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ