• Latest

Костовски: Знаеме за она размислување на Груевски и Јанакиевски од типот „да не е многу пет проценти“

August 4, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ЦИТАТИ

Костовски: Знаеме за она размислување на Груевски и Јанакиевски од типот „да не е многу пет проценти“

August 4, 2023 11:32
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЦИТАТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Знаеме за она размислување на Груевски и Јанакиевски од типот „да не е многу пет проценти…“, потсетува аналитичарот Љубомир Костовски во својата анализа за ЦИВИЛ Медиа, под наслов „Стопанствениците во време на груевизмот го држеа јазикот за забите кога државата им беше вечен должник“, објавена на 2 август.

Како цех на „гушкањето“ на Гртуевски со Истокот од личен интерес, пишува Костовски, токму оваа Влада мора да ги враќа скапите кредити на Кинезите, да ја трпи неефикасноста на нејзината градежна егзекутива (една деценија за автопатот долг 65 километри, а крајот е далеку од завршување) и згора сегашната власт (ни лук јала…) да ги прима критиките од опозицијата за ваквите неефикасности и „трошења“ на кредитите на вмровските лидери од она време.

Костовски анализира и еден текст на некогашниот глодур на Нова Македонија – Никола Тасев, кој се реактивира со колумната под наслов „Неспособните од власта сакаат да ги јавнат способните од бизнисот“, во која овој поддржувач на режимот на Груевски продолжува со мантрата: „Ама пари снемува, оти многу трошат. Е сега, така затекнати, почнуваат да биваат инвентивни како да зграбат уште пари за трошење. Овој пат нанишанија на стопанството, поточно кон најинвентивните, оние кои и во кризата знаат да водат успешен бизнис“.

„Да, имаше такви фирми на кои државата им даваше пари за плати на вработените за време на кризите, а нивните газди се најдоа потоа на листата на профитерите (!). Не е згора, ако кажеме дека ги има таквите бизнисмени и на листата на Министерството за финансии на САД, на американската црна листа да појасниме. И сега – треба да се враќаат скапите кредити на груевизмот (и по половина милијарда евра годишно) и да има годишен поврат за кредити земани заради давање на плати на неспособните фирми кои се задавија со појавата на короната меѓу вработените (ај грубо да речеме на оваа сметка на спасување одат уште по половина милијарда евра годишно) и тогаш да резимираме кој и како трошел во овие кризни времиња и за која намена“, пишува Костовски.

Д. В.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: беззакониебизнисГруевскиддвдолговирежимСтопанска комора
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result