• Latest
Од прославата на Денот на независноста на Украина во Скопје, 2022 година (фото: ЦИВИЛ)

Утре, во Скопје: Свеченост по повод Денот на независноста на Украина

August 23, 2023
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Утре, во Скопје: Свеченост по повод Денот на независноста на Украина

August 23, 2023 15:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Од прославата на Денот на независноста на Украина во Скопје, 2022 година (фото: ЦИВИЛ)

Од прославата на Денот на независноста на Украина во Скопје, 2022 година (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

По повод Денот на независноста на Украина, утре во Скопје ќе се одржи свеченост која ќе започне со поворка која ќе тргне од споменикот на познатиот украински писател, Тарас Шевченко во Паркот на жената борец, во 9:45 часот наутро.

Споменик на Тарас Шевченко во Паркот на жената борец во Скопје

Од споменикот, свечената поворка ќе се упати кон Алејата Украина, каде што, во 10 часот, се очекува да се обрати Амбасадорката на Украина Лариса Дир. Потоа, на присутните ќе им се обратат градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, и претседателот на здружението „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович.

Рута на движење на поворката на 23 август (9:45 часот наутро), каде што точката 1 е споменикот на Тарас Шевченко во Паркот на жената борец, а точка 2 е Алејата на Украина, зад хотелот Мериот, во правец на Амбасадата на Шведска.

По обраќањата, присутните ќе имаат можност да ја проследат изложбата „Деца на војната“, која се состои од ликовни творби на децата од Украина.

Од церемонијата на прогласување на Алејата на Украина во центарот на Скопје, 2022 година

23 август: Ден на државното знаме на Украина

Во Украина, 23 август се слави како Ден на државното знаме (украински: День Державного прапора України), познат и како Ден на националното знаме на Украина. Славењето на овој датум почна во 2004 година. Првото церемонијално подигање на сино-жолтото украинско знаме во модерното време се бележи на 24 јули 1990 година пред Градскиот совет на Киев, една и пол година пред знамето официјално да биде усвоено како државно знаме на украинската држава (почетокот на 1992 година).

На 23 август 1991 година, по неуспешниот т.н. Августовски пуч во Москва, група народни пратеници донесоа сино-жолто украинско знаме во салата за седници во украинското собрание – Врховната Рада. Знамето го освети свештеникот на УАОК Петер Бојк. Токму овој настан се поврзува со указот на претседателот на Украина, Леонид Кучма, за прогласување на Денот на државното знаме на Украина (бр. 987/2004). На ѕидот во големата сала на Врховна Рада на Украина стои слика за тој настан, а самото знаме свечено се чува во музејот на украинскиот законодавен дом. Следниот ден, на 24 август 1991 година, Украина прогласи независност.

24 август: Ден на независноста на Украина

Уште во времето кога Украина сè уште беше советска република, украинската дијаспора традиционално го одбележуваше 22 јануари (Декларацијата за независност на Украинската Народна Република во 1918 година) како Ден на украинската независност.

Сегашната форма на празникот првпат беше прославена на 16 јули 1991 година, како првата годишнина од Декларацијата за државен суверенитет на Украина донесена од Врховната Рада (Украинскиот парламент) во 1990 година. Откако Декларацијата за независност беше издадена на 24 август 1991 година, а потврдена со референдумот од 1 декември 1991 година, датумот на празникот беше променет и оттогаш се одбележува на 24 август.

РЦМ

Tags: независностСКОПЈЕУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ