• Latest
Фото: ЦИВИЛ

Османи: Ја добивме 2030 како рамка, нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ

August 30, 2023
Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

April 22, 2026
Војо Маневски

Лошо скроената облека сами си ја сошивме

April 22, 2026

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026

Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

April 22, 2026

Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

April 22, 2026

Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

April 22, 2026
Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026
Гордана Дувњак (1965–2026)

Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

April 21, 2026
Петар Колев

Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

April 21, 2026

Од аздисаност до изгубеност

April 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

    Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

    „Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

    Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    Од аздисаност до изгубеност

    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    Од аздисаност до изгубеност

    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home Uncategorized

Османи: Ја добивме 2030 како рамка, нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ

August 30, 2023 14:00
in Uncategorized
Фото: ЦИВИЛ

Фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Изјавата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел Европската унија да се подготви за проширување до 2030 година, дадена на Бледскиот стратешки форум има историска тежина и ја чини кредибилна европската перспектива на земјите канидати за членство во ЕУ. Сега со дадена рамка на нас е да работиме. Нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ, оцени денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Тоа што се случи во Блед, е дел од историјата. Ќе биде дел од историјата. Тоа што беше Солунскиот самит во 2003 година мислам дека од прилика таква тежина ќе има Бледскиот стратешки форум каде што претседателот на Советот во свој потполно официјален капацитет, не во приватен капацитет, во име на ЕУ рече Унијата ќе биде спремна до 2030 година да прима нови членки. И тоа е пораката што ние ја баравме. Знаете колку време јас зборувам за 2030 година? И јас мислам дека е тоа дел од тоа наше лобирање што се случи во Блед. Бидејќи ова сега ќе ни даде рамка, ќе ни даде идеја за што работиме, за кога работиме. Тоа не значи дека 2030 ние ќе влеземе ако не сме спремни. Важно Европа ќе ги отвори вратите до 2030 година, рече Османи на новинарско прашање на прес-конференција во МНР.

Коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа во повеќе брзини“, според министерот Османи, на прво читање звучи како да е демантирање на претходното, но, како што рече, неговата идеја била разјаснета во Блед од неговиот министер за европски прашања Лоренс Бун и од Александар Адам негов советник и креатор на францускиот предлог.

-И тие кажаа дека Макрон зборувал за брзини во смисла дека нема да влезат сите наеднаш, туку во различни брзини во зависност кој кога ќе биде подготвен, а не Европа во слоеви во смисла привилегирани и помалку привилегирани бидејќи ние нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ. Со тоа што знаете дека ние го промовираме концептот повеќе интеграција пред членство што значи кога веќе 2030 ни е фиксна, дајте да станеме дел од Унијата и пред членство, односно како исполнуваме едно поглавје стануваме дел од таа политика на Унијата. Влегуваме во единствениот пазар, имаме пристап до фондовите. И пред самото членство ние веќе ќе бидеме во Унија, единствено што нема да имаме до тогаш е правото на глас кое што ќе го добиеме на денот на членство, вели министерот Османи.

Според него, на овој начин и ние ќе имаме годишни цели коишто ќе ги постигнеме наместо само една долгорочна цел која што е малку далеку и еве, потенцираше, ни создава фрустрации, граѓаните ги разочарува, па другите (трети страни) ги злоупотребуваат тие разочарувања.

-Мислам дека од вчера имаме навистина кредибилна перспектива. Сега топката е на наша страна да работиме, пријатели имаме, поддршка имаме, гледате цел свет доаѓа во Скопје. Мислам дека сега треба само да се сплотиме да направиме тоа што го барам веќе долго време – натпартиски државен договор. Да седнеме сите партии да кажеме ЕУ 2030 е наша цел, ги оставаме овие теми надвор од дневно-политичката битка, ќе се расправаме за се друго, рече шефот на дипломатијата.

Во однос на демантот од ЕК на изјавата на Мишел, Османи посочи дека станува збор за две различни институции – Европскиот совет се земјите членки кои ги носат политичките одлуки и Комисијата која нема политички мандат туку проверува објективно дали ги исполнуваме критериумите.

-И затоа Комисијата вели политичките одлуки ги носат земјите членки, за мене е важно кој ги исполнува критериумите бидејќи јас давам извештај. Така што, ЕК не ја демантира пораката на Шарл Мишел, само вели за мене вие одлучете како сакате за тајмингот, за мене е важно дали сте ги исполниле критериумите, бидејќи двете институции гледаат различни перспективи од проширувањето, вели Османи.

Според него, проблемот со сегашниот модел на интегрирање е што е „се или ништо“. Значи, ништо додека станете членка, а после добивате се кога станувате членка и тоа, вели, создава фрустрации за нас бидејќи патот е долг, непредвидлив, со тешки компромиси, а ништо не добиваме по пат. Концептот повеќе интеграција пред членство, за кој се залагаме, наведе Османи, веќе станува основа за разговори во Брисел.

-Затоа овој наш концепт – интеграција пред членство, е да добиеме, да имаме опипливи придобивки за граѓаните во тек на процесот, вчера имав можност да го споделам концептот и тој нон пејпер што го имаме подготвено со повеќе министри кои навистина реагираат позитивно. Тоа го правам сега погласно бидејќи сега сум во комфорна позиција бидејќи веќе ја имаме 2030. Претходно можеше некој да мисли – аха, овие нудат некое алтернативно решение од ЕУ. Не, сега имаме 2030, ништо помалку од полноправно членство, но не сакам празен од дотогаш. Сакам да имам пристап до фондовите бидејќи сега ние добиваме 160 евра по глава на жител пари од ЕУ. Бугарите, Романците, Грците добиваат 4.700 евра по глава на жител. Е како ние ќе ги доближиме стандардите ако продолжиме вака – ние 160 евра, тие 4.700 евра. Дајте и ние да добиеме ако не 4.700 да добиеме по 3.000 евра по глава на жител до членство, право на вето ќе си добиеме тогаш, тоа не ни е толку важно. Нам ни е важно да имаме пристап до пазар, пристап до пари, пристап до политиките на ЕУ и тоа е концепт којшто ние го туркаме како МНР и како Влада и има позитивен одек, вели Османи.

Тој одговари и на прашање дали за изјавата на Макрон добил такво уверување од француските претставници на билатералните средби на форумот во Блед дека Франција нема да излезе со нов план за проширувањето или е негов заклучок од форумот.

-Јас имав состанок и ги прашав буквално зошто две контрадикторни изјави наизглед меѓу двајца важни лидери на ЕУ. Одговорот беше дека Макрон не мислел на слоеви, туку на брзини, буквално брзини. Дека ако Македонија е спремна пред 2030 може и да стане членка пред 2030, дека нема анблок да влезат сите земји. Ако е така, јас верувам на француска министерка за Европа, доколку не демантира тоа е друго прашање. Засега мислам дека треба навистина да сме задоволни со изјавата на Шарл Мишел и тоа треба да ни биде точка водилка, смета шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Прашан за собраниската седница за уставните измени, Османи истакна дека лично е фокусиран на големата слика, односно да ги демантира сите шпекулации по однос на процесот.  Преговарачката рамка, за која говорел и на панел во Блед, рече дека се заснова на два основни принципи – едно големо НЕ на историски и идентитетски прашања во преговарачката рамка и едно големо ДА на човекови права. Уставни измени во коишто ќе влезат Бугарите, сите права за помалите заедници, како што посочува, е основниот принцип.

-За жал, еве ако ги прашаме граѓаните голем дел не се убедени и со право не се убедени затоа што се разочарани долго време. Но, мојата мисија е сега со аргументи да стигнам до секој еден да кажам дека не можевме да добиеме подобар договор, дека ова е најдоброто што можевме да го имаме и можеме кога било да го извлечеме, да направиме поместување од историски идентитетски, во човекови права. Тоа е наш терен. Веќе кога топката стигна на човекови права не може да не победи никој бидејќи тука сме најдобри, рече Османи.

Tags: ЕУМНРОсманиСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ