• Latest

24 ЧАСА: Стартуваа градежните работи на Коридорот 8; уставните измени можеби се болни, но се неопходни; запрен шверц на раствори за дијагностика на бенигни и малигни заболувања

September 12, 2023

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Стартуваа градежните работи на Коридорот 8; уставните измени можеби се болни, но се неопходни; запрен шверц на раствори за дијагностика на бенигни и малигни заболувања

September 12, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

„Бехтел и Енка“ стартува со градежни работи на Коридорот 8

Во село Горна Бањица денеска ќе се изврши минирање со што стартуваат градежните работи на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за пробивање на трасата на автопатот Гостивар Букојчани (30,1 километар) на Коридорот 8.

Коридорите 8 и 10, брза лента за Македонија кон светот

Со Коридорите 8 и 10д за прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само поврзување север и југ. Се поврзуваме со пристаништето во Драч и со пристаништето во Бургас. За споредба, досега имавме пристап само до пристаништето во Солун. Трасите каде што ќе се градат делниците отвораат дополнителни можност за изградба на нови објекти од различни дејности, како што се бензиски пумпи, ресторани, хотели, одморалишта, деловни објекти. Тоа се нови можности за отворање на нови работни места, за вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите.

Започнува еден од најважните инфраструктурни проекти, „Бехтел и Енка“ стартуваат со градежните работи на Коридорот 8

„Меѓународните договори, особено во градежништвото, се градат по меѓународно признати стандарди, тоа се FIDIC правилата и познато е дека постојат жолт и црвен FIDIC. Ова е еден хибрид помеѓу жолт и
црвен FIDIC, го викаат виножито FIDIC. Во што е разликата? Ако во жолтиот FIDIC изведувачот и проектира и изведува, во црвениот државата проектира, а изведувачот изведува, овде е нешто измеѓу затоа што во суштина сепак надзорот ќе мери колични и ќе мери што ќе се направи“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Рот: Уставните измени можеби се болни, но се неопходни

Уставните измени се можеби болни, но се неопходни и затоа сакам да ги охрабрам моите колеги овде во Парламентот, во Владата, да го сторат најдоброто за да ја вратат земјата на европскиот пат, порача денеска во Скопје претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундетагот и поранешен државен министер на Германија за Европа Михаел Рот.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија посакува бескрајна „рововска војна“ во Украина како во Првата светска војна Минско поле на мостот Токмак-Мелитопол го блокираше напредувањето на украинските војници неколку недели, додека саперите полека ја расчистуваа патеката за напад, но сега оваа бариера е надмината. Вооружените сили на Украина ја пробија првата одбранбена линија на Русија. Следна е втората, главната одбрамбена линија.

*

Варшава како пример за обнова на украинските градови разурнати од руската агресија. Изложбата која ги истакнува иновативните напори за реконструкција на полскиот град по Втората светска војна служи како инспирација за архитектите и градските планери додека работат на реконструкција на украинските градови оштетени од руската агресија.

.ФЛЕШ ВЕСТИ

БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС  Институтот за демократија и Собранието на Република Северна Македонија, денеска се домаќини на регионалниот настан „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“ кој вклучува парламентарци и стручна служба од парламентите на земјите од Западен Балкан, германскиот Бундестаг и Европскиот парламент.

СЛУЧАЈ ЛАСКАРЦИ Повеќе верба даваме на материјалните докази, отколку на изјавите, нив ги анализиравме во смисла дали е можно, не е можно, потврдено, претпоставено, и така натаму, изјави вештакот Љупчо Постолов во врска со анализата на движење на автобусот во случајот за несреќата кај Ласкарци.

ЗАПЛЕНЕТИ РАСТВОРИ ЗА ДИЈАГНОСТИКА На граничен премин Деве Баир на влез во државава при контрола на автобус се запленети 329 парчиња раствори за инјекции Gadovist 1.0 коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење, информираат од Царинската управа.

ЖИВОТНА СРЕДИНА Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2022 година изнесува 7 840 633 000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

МАРОКО ЗЕМЈОТРЕС Жителите на деловите на Мароко кои беа уништени од најтешкиот земјотрес во земјата во повеќе од еден век, и ноќеска спиеја на отворено четврта ноќ по ред, додека бројот на загинати се искачи на повеќе од 2.800.

САД КОВИД Американската агенција за храна и лекови (ФДА) одобри употреба на подобрени вакцини против Ковид-19, кои покажаа ефикасност во одбраната од широко распространетите варијанти на сојот омикрон.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот – Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој вчера престојуваше во Скопје во рамки на состанокот на Процесот „Брдо- Бриони“, се сретна со претставници на главните албански политички партии во Северна Македонија, пренесуваат албанските медиуми. Пет милиони и 5 милиони 485 илјади 800 евра изнесува сумата потрошена за заштита на обвинетите од Специјалниот суд за Косово, пишуваат косовските медиуми.

АНАЛИТИЧАРИ

„Наместо билатерални прашања, минатото и емоциите – Северна Македонија треба да ја избере својата европска иднина“, велат за „Фронтлајн“ познавачи на политичките случувања во земјава, коментирајќи каде треба да биде фокусот на политиката на државата, исполнувањето на критериумите за членство во Европската унија или билатерални прашања, историја и емоции, пишува Дестан Јонузи во „Аналитичари: Политиката не треба да се води од емоции или историски реминисценции, треба да гледа кон европската иднина“

СТАВОВИ

Отсекогаш му велев на моето „уредништво“ и „началство“ да ме стават во оквир, во „дедлајн“, да ме турат во рамка. Не за нешто особено значајно или скраја било перверзно, туку затоа што сум тврдоврат, непостојан, екстатичен, таков Бог ме направил. Им велев да ми зададат директива, а тие упорно не, пишувај слободно, тогаш кога ќе почувствуваш момент, тогаш кога ќе почувствуваш „осмина од една општествена пауза“, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Верувам во добрите луѓе“.

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестиВојна во УкраинаизјавиСветставови
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ