• Latest

“Барам исписница од ВМРО-ДПМНЕ и азил во својата земја!“

November 1, 2016
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

“Барам исписница од ВМРО-ДПМНЕ и азил во својата земја!“

November 1, 2016 15:35
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Прилепчанката Јасмина Стојкоска има 46 години, 10 години работен стаж, а полни 13 години се бори со животот и судбината, во која светлина влеваат само внукот и двете ќерки. Боледува од акромегалија и по операцијата на која ѝе отстранет тумор на хипофизата, таа мора да оди на редовни контроли, да внимава на своето здравје, да конзумира витаминска храна, да не се изложува на стрес… Но, секој нејзин ден е преполн со стрес и грижи, со неизвесност за иднината.

_DSC0478
Јасмина Стојкоска – изневерен работник од „Гентерм“, Прилеп

„Се оперирав во 2003-та, по три години ја затворив фирмата, затоа што не можев да функционирам така, како што функционирав дотогаш. Обично целата креативна работа ја осмислувам јас, така што не можев сé да оставам на некој друг, морам да ја затворам фирмата. Можеби десет и повеќе години сум без работа, тешко …“, вели оваа жена.

Кога ѝ се јавиле од Агенцијата за вработување, известувајќи ја дека има можност за работа во американската фирма „Гентерм“ којашто отвора погон и во Прилеп, била пресреќна. Веднаш ја прифатила можноста да замине на тримесечна обука во Украина. Ги затворила очите пред лошите услови за работа и храбро, со верба и надеж за подобра иднина, работела без да отсуствува ниту еден ден од работа. Но, кога се вратиле во Прилеп, по само една недела работа, им биле врачени отказни решенија.

„За сите беше изненадување и нормално беше да реагираме, бидејќи и во Општината се кажуваше дека и во Прилеп се отвора фабрика со толку работни места, ќе има вработување и сето тоа. И нормално беше, вработените што добија откази да се собираат да штрајкуваат, оти се отпуштени. Ни рекоа дека сето тоа ќе се среди до март, дека уште не е готова фабриката. Кон крајот на мај, сите не повикаа повторно, не за три, еве, дека за шест месеци не повикале за работа. Но, тоа беше повторен повик за работа во Украина, каде што ќе бидат вработени четири месеци, повторно за општи работници“.

Јасмина се чувствува многу разочарано, гневна е и на институциите и на државата, бидејќи смета дека повиците за работа биле исклучиво за Украина, а не за фабриката во Прилеп.

„А, немавме право да изостануваме, да се разболуваме, имаше некој доктор, тој ќе ти даде таблета и ‘сѐ ќе ти биде добро по половина час на линија одиш’. За да се случи ова вака, треба некој да го дозволи, зашто, пак ќе кажам, не сум само јас, тоа е маса на народ. Во тој период земавме плата од 10.150 денари, беа исплаќани, имаше уште плус 200 евра за оддвоен живот. Тие пари ги добивавме многу подоцна. Кога тргнавме, ни беше речено, да носиме по 300 евра. Имаше луѓе што зедоа кредити за тие пари, имаше итно што вадеа пасоши, за што требаше да одат во Скопје, а тоа се многу пари“.

Незадоволна од политиките на ВМРО-ДПМНЕ, Јасмина бара исписница од партијата. Тврди дека веќе не може да ги поднесе неправдите, коишто лично ѝ се нанесени и не верува дека со оваа власт може да има подобра иднина за граѓаните.

„Си побарав исписница, затоа што во моето семејство, не е никој сигурно вработен, а се доживеаја толку трагедии. Во една прилика, исто така партиски, ми велат, ‘ти си жена за орден…’ Јас си ја презедов обврската, да си ги одгледам децата што сум ги создавала. Ама, државата пак, мене ми е мајка и таа треба многу повеќе да направи за мене, јас така на тоа гледам. Јас сум половина Србинка и дури размислувам да извадам двојно државјанство и не знам дали воопшто да останам во оваа земја, сите како што бегаат и јас да избегам. Или, да барам заштита, азил, и реков ќе се прогласам азилант во својата држава…
Притисоци не сакам, доволно сум возрасна и свесна за да ми врши некој притисок. Еве, секојдневно гледаме дека треба да дозволиме децата сами да одлучуваат, да можеме да ги осамостојуваме, а не сега, јас на 46 години, некој да ме држи во заложништво. Еве, како да се смета тоа што ‘тие што излегле да штрајкуваат, нема да бидат во Гентерм’! Тоа не е притисок? Јас немам страв, јас велам, бев болна, се оперирав, сѐ оставив на Господ, е па сега, поголем од него, нема!“

Јасмина сепак се надева дека ќе се чуе нејзиниот крик и конечно, ќе може да го реши својот егистенцијален проблем. Се надева дека надлежните испекции ќе вршат контроли и во фирмите со странски инвестиции и дека во иднина нема да се дозволи работници да бидат изиграни како во случајот со „Гентерм“, за којшто и Општина Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески најавуваа нови работни места на „големи ѕвона“. Нејзиното искуство вели го делат многу граѓани, кои стравуваат да го изнесат проблемот во јавност.

Текст, камера и монтажа:

Моника Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕГентермизбориизмамаМарјан Ристескинеостварени ветувањаПрилеп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ