• Latest
Фото: Wikimedia Commons

Албански медиуми- Курти: Оживувањето на политичкиот плурализам е од витално значење за косовските Срби; Владата на Косово додели 50 илјади евра финансиска поддршка за семејството на убиениот полицаец, кој е Милан Радоичиќ?

September 27, 2023
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми- Курти: Оживувањето на политичкиот плурализам е од витално значење за косовските Срби; Владата на Косово додели 50 илјади евра финансиска поддршка за семејството на убиениот полицаец, кој е Милан Радоичиќ?

September 27, 2023 12:30
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Фото: Wikimedia Commons

Фото: Wikimedia Commons

Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер Курти на седница на Владата меѓу другото посочи и дека по документацијата за учеството на потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, во нападот во Бањска, докажано е дека оживувањето на политичкиот плурализам е од витално значење за Србите на Косово. На седницата, владата донесе одлука за доделување финансиска поддршка од 50 илјади евра за семејството на загинатиот полицаец Буњаку.

Ова е само дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Коха -Курти: Оживувањето на политичкиот плурализам меѓу косовските Срби е од витално значење

Косовскиот премиер Албин Курти на седницата на Владата на Косово изјави дека неделниот напад во Бањска сведочи за опасноста, целта и потенцијалот на српските криминални и терористички групи на север.

Тој рече и дека нападот ја покажува потребата од поголема меѓународна соработка во заштитата и контролата на границата со Србија.

А со тоа и потребата од отворено казнување со јасен и специфичен јазик и барања кои меѓународната заедница ги упатува до Србија“, рече Курти.

Тој рече дека по документацијата за учеството на потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, во нападот во Бањска, докажано е дека оживувањето на политичкиот плурализам е од витално значење за Србите на Косово, пренесува Коха.

Зери: Владата додели  50.000 евра за семејството на загинатиот полицаец Африм Буњаку

„Владата на Косово денеска додели 50.000 евра за семејството на херојот Африм Буњаку, кој загина на должност.

Премиерот Курти рече дека оваа сума е наменета за помош на семејството на полицаецот. Во меѓувреме, по предлогот за распределба на финансиските средства, министерот за финансии Хекуран Мурати рече дека Владата секогаш ќе биде блиску до семејството Буњаку.“, пренесе Зери.

Сури: Завршени се проверките во куќите и зградите во Ѕвечанското село Бањска

Косовската полиција ги заврши рациите на куќите и објектите во и околу селото Бањска во Звечан, два дена по вооружените судири со група луѓе, каде што беа убиени еден полицаец и тројца осомничени напаѓачи.

Заменик-директорот на полицијата за северен регион, Ветон Елшани за Радио Слободна Европа изјави дека ова село ќе продолжи да биде опколено до најмалку 09 часот на 27 септември, кога се очекува надлежните да одлучат како ќе постапат, пренесе Сури.

Балкан Веб: Организатор на нападот на косовската полиција, кој е Милан Радоичиќ, потпретседател на Српската листа

Санкциониран во Соединетите Американски Држави, баран во Косово, додека во Белград е познат како најсилниот бранител на Србите на северот на Косово. Ова е профилот на Милан Радоичиќ, Србин роден во Ѓаковица, моментално потпретседател на Српската листа, кој косовските власти го обвинуваат дека е организатор и учесник во нападот на 24 септември во Бањска, каде беше убиен полицаецот Африм Буњаку.

Покрај тоа што е деловен човек, Милан Радоичиќ низ годините наметнува и политички профил. Тој беше избран за потпретседател на Српската листа неколку месеци по убиството на српскиот политичар од Косово, Оливер Ивановиќ, во 2018 година. Радоичиќ е обвинет дека има вмешаност во ова убиство, но овие сомнежи не се докажани на суд .Во декември 2021 година, Министерството за финансии на САД ги санкционираше Милан Радоичиќ и неговиот деловен партнер Звонко Веселиновиќ. Тие двајца, заедно со уште 10 лица, се обвинети од САД дека се водачи на организирана криминална група која се занимава со шверц на оружје, корупција на службеници и илегална трговија со стоки, пари и наркотици меѓу Косово и Србија, пренесува Балкан Веб.

АЛБАНИЈА

ДВ: Берлински процес – ЕУ: Со нов план за интеграција и економски раст на БП

„На форумот на министри за економија „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствениот пазар на ЕУ“ што се одржа во вторник, (26.09) во Тирана, во рамките на Берлинскиот процес, зајакнување на економиите на земјите од регионот преку вклучување во економската сфера на ЕУ. Дискусиите го истакнаа новиот геополитички контекст за забрзување на регионалната интеграција и зближување со ЕУ.“, пренесе ДВ.

КОЛУМНА

ИНА: Комитите на „Батоните“

„Внимателно!

Комитите на батоните  веќе ја започнаа медиумската кампања со цел Србија да не се гледа како премногу виновна за терористичкиот напад и Вучиќ  да не изгледа лошо пред Западот.

Затоа, во дебати, на портали и на социјалните мрежи се истражува обидот да се најдат неуспеси и грешки на Косово за тамошната интервенција и истовремено се релативизира и камуфлира директната улога на Вучиќ.

Не станувајте плен на вестите што се градат врз основа на информации од српската БИА, уредени на албански јазик од оние што сите ги знаете.

Не ги ни слушајте оние кои за 10 години разговори веќе ја зацврстија позицијата на Србија и нејзината диверзантска улога над Косово. Тие имаат други грижи.“, пишува авторот Незир Краки во колумната „Комитите на „Батоните“, објавена во ИНА.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ