• Latest
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи (фото извор: МНР)

Османи: Руската воена агресија врз Украина е најголем тест за нашата посветеност за заштита на човековите права

October 2, 2023
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Османи: Руската воена агресија врз Украина е најголем тест за нашата посветеност за заштита на човековите права

October 2, 2023 19:27
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи (фото извор: МНР)

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи (фото извор: МНР)

Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи денеска преку видео-обраќање ја отвори Конференцијата на човековата димензија на ОБСЕ што се одржува во Варшава, соопшти МНР.

Како што истакна Османи во своето обраќање, оваа Конференција има за цел да ја оцени имплементацијата на заложбите на ОБСЕ од страна на земјите-учеснички во доменот на човековите права, демократијата и владеење на правото и да понуди конкретни решенија за иднината.

Руската воена агресија врз Украина е нашиот најголем тест дали можеме да успееме да ги оствариме нашите заеднички заложби. Сведоци сме на постојано насилство, дискриминација и нееднаквости низ целиот свет. Гледаме закани за слободата на изразување, мирното собирање и здружување. Гледаме напади врз владеењето на правото и ерозија на демократските институции. Овие предизвици се влошуваат со новите закани како што се влијанието на новите технологии врз приватноста и ефектот на климатските промени врз социјалната еднаквост, рече Османи.

Овие предизвици можат да бидат надминати заеднички, преку давање на клучно место на граѓанското општество во овие напори. Токму затоа, граѓанското општество и поддршката на нивната работа е еден од главните приоритети на Претседавањето на Северна Македонија со Организацијата, рече Османи.

Граѓанските организации се во првите редови во застапувањето за човекови права, демократија и владеење на правото. Тие обезбедуваат перспективи и независни проценки и извештаи за прашањата поврзани со слободата на медиумите, изборните процеси и малцинските права и ги повикуваат владите да покажат одговорност. Тие му помагаат на ОБСЕ и се клучен партнер во идентификување и креирање на конкретни мерки на терен, истакна Османи во своето обраќање, додавајќи дека нивните размислувања се голема поддршка за заедничките напори чија крајна цел – да ги направи општества безбедни, сигурни, слободни, демократски и праведни.

Еден од клучните резултати на Конференцијата, како што посочи, ќе биде идентификацијата на областите каде што земјите-учеснички на ОБСЕ можат да ја подобрат својата имплементација на обврските кои пред сè ќе значат подобро секојдневие за граѓаните, без страв од војна, угнетување или замолчување

Во срцето на секое движење за човекови права е верување дека секој поединец, без оглед на неговото потекло или околности, поседува вродени права и достоинство. Овие права се универзални, неделиви и меѓусебно зависни. Тие не се апстрактни, туку се основата на мирни, функционални, инклузивни општества, рече Османи.

Шефот на македонската дипломатија нагласи дека оваа Конференција е доказ за моќта на соработката, мултилатерализмот и признавањето дека работата на граѓанските организации, владите и меѓународните институции е меѓусебно поврзана.

Конференцијата на човековата димензија на ОБСЕ во Варшава ќе трае десет дена и претставува една од најголемите конференции за човекови права во Европа која обединува претставници од земјите-учеснички на ОБСЕ, меѓународните организации, граѓански организации и експерти од областа на човековите права.

Tags: ВаршаваВојна во УкраинаконференцијаОБСЕОсманируска агресијачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ