• Latest

Ковачевски од Тирана: Соработката на земјите од Западен Балкан е клучна за забрзан економски раст и за европеизација на регионот

October 16, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски од Тирана: Соработката на земјите од Западен Балкан е клучна за забрзан економски раст и за европеизација на регионот

October 16, 2023 18:24
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на Самитот на лидери на Берлински процес во Тирана, учествуваше на првата работна сесија, посветена на интегрирање на Западен Балкан во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ. На првата пленарна сесија од Берлинскиот процес, земјите членки на ЕУ ставија акцент и на важноста на проширувањето на Унијата.

Учесниците на сесијата дискутираа за Берлинскиот процес кој има клучна улога како двигател на регионалната соработка и забрзувач на интегративниот процес за ЕУ.

Беше посочен неговиот важен инклузивен формат кој служи како катализатор за економска интеграција, инвестиции и проекти за поврзување кои се насочени кон помирување, безбедност, раст, вработување и просперитет. Лидерите на сесијата ги изнесоа своите ставови околу улогата на заедничкиот регионален пазар со што се овозможува подлабока трансформација на регионалната економска интеграција. Се разменија мислења околу заедничкото работење за исполнување на взаемната амбиција на земјите од Западен Балкан имајќи го предвид фактот дека со ваквите регионални достигнувања и со идните, регионот има силен стимул да продолжи по оваа траекторија на регионална соработка, соопшти владината прес-служба.

На првата работна сесија, премиерот Ковачевски ја потенцираше важноста на реформскиот процес на земјите од Западен Балкан, со што ќе се забрза економскиот раст, ќе биде поддршка за конкурентноста, а тоа ќе значи можност за отворање на нови компании и нови работни места. На состанокот беше истакнато дека клучно за напредок на регионот е и владеењето на правото, спречувањето на корупцијата и доброто владеење, со кои структурни реформи ќе се забрза и приближувањето на регионот кон Европската Унија.

На сесијата беа изнесени ставови и за важноста на Договорите кои земјите од регионот ги потпишуваат во рамки на Берлинскиот процес, со што се овозможува поголема професионална мобилност, повисокото ниво на соработка и поврзаност што всушност е суштината на ЕУ. Премиерот Ковачевски ја истакна важноста од блиската соработка на земјите од Западен Балкан, која создава можност ЕУ да го прошири своето влијание во регионот, да ја зајакне стабилноста и да се спротивстави на потенцијалните надворешни влијанија, информираа од Владата.

Покрај премиерот Ковачевски, на панелот посветен на интегрирање на регионот во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ, учествуваа и канцеларот на Германија, Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел како и голем број премиери и високи претставници на земјите членки на Европската Унија, како и меѓународните финансиски институции и земјите-членки вклучени во процесот–Германија, Франција, Австрија, Хрватска, Италија, Словенија и Обединетото Кралство, заедно со земји од Западен Балкан.

На оваа сесија учествува и дадоа поддршка и премиерите на Шпанија и на Холандија, Педро Санчез и Марк Руте, кои не се земји учеснички на Берлинскиот процес, но кои пред присутните лидери од Западниот Балкан ја изнесоа поддршката на Шпанија и Холандија за интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ.

Tags: Берлински процесекономски растЕУЗападен БалканКовачевскиТирана
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ