• Latest
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг (фото извор: Каналот на Телеграм на Украинската Верховна Рада)

Столтенберг: Војната во Газа не смее да ослабне нашата волја и способност да ја поддржиме Украина

November 1, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Столтенберг: Војната во Газа не смее да ослабне нашата волја и способност да ја поддржиме Украина

November 1, 2023 18:43
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг (фото извор: Каналот на Телеграм на Украинската Верховна Рада)

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг (фото извор: Каналот на Телеграм на Украинската Верховна Рада)

Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар Јенс Столтенберг денеска во своето обраќање на 75-тата седница на Нордискиот совет во Осло, рече дека длабоката соработка меѓу нордиските земји по долгогодишно непријателство покажува дека „мирот е секогаш можен“. Тој подвлече дека градењето пријателство и доверба меѓу носителите на одлуки е особено важно „во време кога поларизацијата, фрагментацијата и сомнежот ја загрозуваат довербата во демократијата и отворените општества што сакаме да ги изградиме“. Тој посочи дека наскоро целиот нордиски регион ќе биде во НАТО, пренесува НАТО.

Генералниот секретар на НАТО ги осуди терористичките напади на Хамас врз Израел и ја нагласи важноста на одговорот на Израел во рамките на меѓународното право. Тој истакна дека војната не смее да ескалира во голем регионален конфликт. „Не смееме да престанеме да работиме на изнаоѓање на трајно, политичко мировно решение“, рече тој, потенцирајќи дека војната во Газа „не смее да ја ослабне нашата волја и способност да ја поддржиме Украина“.

Предупредувајќи дека нема знаци дека Русија планира мир,  Столтенберг истакна дека сојузниците мора да продолжат да и даваат помош на Украина.

„Ако Украина престане да се брани, тие ќе бидат окупирани, а окупацијата не е мир“. Нарекувајќи ја руската инвазија „стратешки пораз“ кој ја направи Москва уште поизолирана, тој подвлече дека „инвестирањето во безбедноста на Украина значи инвестиција во нашата безбедност“, бидејќи победата на Путин ќе им покаже на авторитарните лидери дека воената сила е исплатлива.

Столтенберг своето обраќање го заокружи со заклучокот дека НАТО не само што се зајакнува туку и станува поголемо. По пристапувањето на Финска во април, Шведска исто така наскоро ќе се приклучи на Алијансата. Ова „ја зајакнува нашата способност да го браниме нордискиот регион; ја зајакнува нашата способност да бидеме присутни во северните региони; и ја зајакнува нашата способност да им помогнеме на нашите балтички соседи“, рече тој.

Подготви: Марта Пешевска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: НАТОпомошруска инвазијаСтолтенбергУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result