• Latest

„Фантомите“ со полноправен глас на 11 декември

November 21, 2016

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Фантомите“ со полноправен глас на 11 декември

November 21, 2016 18:50
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Хаосот во Избирачкиот список кој ја одбележа оваа година на неизвесност, до крајниот датум на изборите на 11 декември, не ги реши дилемите, затоа што останаа уште многу нерешени спорни гласачи, кои можат да влијаат на конечниот резултат од изборниот процес.

Во периодичниот извештај од набљудувањето на изборниот процес,  ЦИВИЛ – Центар за слобода посочи дека ревизијата на Избирачкиот список не даде резултати и дека институционалната неефикасност ги доведе граѓанките и граѓаните да послужат како сервис на Државната изборна комисија и на другите институции кои беа надлежни за прочистување на списокот.

Овие случаи на фантомски гласачи ќе останат нерешени и како такви ќе фигурираат на Избирачкиот список на денот на изборите, веќе потпишан од политичките партии.

Покрај 200 пријавени случаи кои останаа нерасчистени, на адресата на ЦИВИЛ продолжија да пристигнуваат извештаи од граѓаните, но и од нашите мониторинг-тимови за фантомски гласачи до моментот на затворање на Избирачкиот список.

strima

Според објавениот Избирачки список во населеното место Стрима, општина Липково, на избирачко место 1123 во основното училиште ,,Дитуриа“, треба да гласат 66 жители. Во село Стрима од 2000 -та година преку лето, може да се најде некој човек, во последниве три години живее само еден човек, а преку зима и тој го нема. Сепак, на секои избори во оваа село се појавуваат сите 66 гласачи, како што известува нашиот долгорочен набљудувач.

Во Охрид на бул. „Туристичка“ бр. 24 живее само едно лице Т.Љ., а на адресата се водат лица кои воопшто не живеат, ниту живееле на таа адреса. Едно од лицата Г.В. живее во САД, а лицето кое живее на оваа адреса пријавило дека на изборниот ден ќе биде во Словенија. И покрај уредното пријавување до ДИК, и по затворањето на Избирачкиот список четирите пријавени лица сé уште фигурираат на списокот.

На ул. „Спас Банџов“ бр. 12 како избирачи кои гласаат на ИМ 1276 во Охрид, на Избирачкиот список фигурираат 12 лица, кои воопшто не постојат, а на таа адреса живее само едно лице, кое го нема на Избирачкиот список.

Во Ресен списокот не е исчистен од фантомските гласачи ниту по последната проверка до неговото затворање на 11 ноември. На ул. „29-ти Ноември“ бр. 116, семејството уште при првата проверка  на Избирачкиот список во март овааа година пријавило во ДИК. При последната проверка фантомските гласачи сé уште се на списокот, но членот на семејството кој во меѓувреме починал, бил избришан од списокот.

Во Скопје на улица „Пушкинова“ бр.5/2-10, при проверката на Избирачкиот список во април, на последниот увид се додадени уште фантомски гласачи. Имено, оваа адреса по ново се води како улица „Пушкинова“ бр. 1/2-10 и гласачите се преместени во друго гласачко место, односно од  ИМ 2740 во ИМ 2739. И покрај уредната пријава во ДИК, во март и во август, досега сé уште никој не реагирал на оваа пријава.

Ова се само дел од извештаите и пријавите кои ги добивме во изминатиот период и кои фрлаат сенка на тоа дека се можни фер и слободни избори.

Б.Ј.

Tags: ДИКизбирачки списокизборифантомиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ