• Latest
Фото: Махмуд Аџур, Палестинска хроника

Израелските напади и блокадата погубни за лицата со попреченост во Газа

November 3, 2023

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Израелските напади и блокадата погубни за лицата со попреченост во Газа

November 3, 2023 11:41
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Махмуд Аџур, Палестинска хроника

Фото: Махмуд Аџур, Палестинска хроника

Share on FacebookShare on Twitter

Бомбите, недостатокот на вода, храна, лекови, електрична енергија и оштетенитe патиштата од израелската офанзива го оневозможуваат животот на лицата со посебни потреби во Газа.

Животите на 2,3 милиони жители на Појасот Газа се целосно уништени откако Израел го започна своето  бомбардирање на опколената територија на 7 октомври, по невидениот напад на Хамас врз армиските пунктови и околните градови во Израел, во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе.

Оттогаш, според Министерството за здравство на Газа, повеќе од 9.000 луѓе се убиени во бомбардирањето на Израел, од кои две третини се жени и деца, пренесува Ал Џезира. Илјадници згради низ Газа се уништени, а повеќе од еден милион луѓе се раселени на територијата, која е главно лишена од лекови, вода, храна и други основни средства по наредба на израелската влада.

Во 2022 година, Палестинскиот центар за човекови права соопшти дека бројот на Палестинци со посебни потреби на окупираните територии бил околу 93.000, што претставува 2,1 отсто од вкупното население. Околу 52 отсто од тој број, или 48.360, живеат во Појасот Газа, додека останатите живеат на окупираниот Западен Брег.

Хјуман рајтс воч соопшти дека под израелската офанзива на територијата на Појасот Газа, луѓето со попреченост остануваат меѓу најпогодените.

Бомбардирањето, блокадата и големата копнена офанзива на израелската војска во Газа имаат катастрофален биланс за палестински цивили со попреченост, се вели во извештајот на Хјуман рајтс воч. Истите се соочуваат со поголеми тешкотии при бегање од нападите и пристап до очајно потребните неопходни средства за живот и хуманитарна помош.

Сериозните ризици со кои се соочуваат сите цивили во Газа од израелските воени операции се повеќекратно поголеми за лицата со попреченост. Наредбата на Израел од 13 октомври 2023 година до сите цивили во северниот дел на Појасот Газа да се евакуираат на југ, не ги зеде предвид потребите на лицата со попреченост, од кои многумина не се во состојба да заминат. Наредбата ги изложи на опасности од војна и не осигура дека би биле обезбедени со соодветно сместување и задоволителни услови.

„Големата копнена офанзива на израелската војска во Газа неизмерно ги зголемува сериозните потешкотии за лицата со попреченост да бегаат, да најдат засолниште и да добијат вода, храна, лекови и помагала кои им се очајно потребни“, вели Емина Черимович, виш истражувач за правата на лицата со попреченост при Хјуман рајтс воч „ САД и другите израелски сојузници треба да извршат притисок врз Израел да ги преземе сите неопходни чекори да ги заштити лицата со попреченост и да ја укине блокадата“.

Помеѓу 18 и 29 октомври, Хјуман рајтс воч интервјуираше телефонски 13 лица со попреченост во Газа, вклучително 10 лица кои рекоа дека се внатрешно раселени, плус двајца членови на семејство со луѓе со посебни потреби, како и психолог.

Оние кои можат да се евакуираат го опишаа стравот да ги напуштат своите домови, кои биле дизајнирани да ги задоволат нивните потреби за пристапност и адаптибилност, како и нивните помагала, како што се инвалидски колички, помагала при одење и слушни апарати. Тие, исто така, изразија загриженост за тоа што немаат пристап до основните лекови и влијнаието врз нивното ментално здравје. Тие и стотици илјади други се принудно сместени во преполни засолништа, во најголем дел здравствени објекти и училишта, со недоволен пристап до вода, храна и санитарни услови.

Општиот недостиг на помагала во Газа, како што се инвалидски колички, протези, патерици и слушни помагала, што е резултат пред сé на рестрикциите поврзани со незаконското 16-годишно затворање на Газа од страна на Израел, исто така влијае и на способноста луѓето да бегаат. Лицата кои имаат оштетен вид, слух, развојна или интелектуална попреченост може да не слушаат, да не знаат или да не разбираат што се случува.

Неколку лица со попреченост рекоа дека недостигот на електрична енергија и прекините на интернетот им го отежнале пристапот до клучни информации кои би им помогнале да одлучат каде, кога и како да бегаат кон поголема безбедност.

Тековното бомбардирање и копнената офанзива на израелските сили во Газа започнаа по нападот предводен од Хамас на 7 октомври во Израел, кој резултираше, спред израелските власти, со убиство на околу 1.400 луѓе, од кои стотици цивили. Хамас и Исламски џихад зедоа како заложници повеќе од 230 лица, вклучително деца, лица со посебни потреби и постари лица.

Прекинот на електрична енергија и вода во Газа од страна на Израел и блокирањето на влезот на гориво, храна и сé друго освен малку хуманитарна помош, вклучувајќи и лекови, претставува колективна казна, воено злосторство. Палестинското министерство за здравје во Газа објави дека откако почнало израелското бомбардирање на Газа на 7 октомври, најмалку 8.500 луѓе биле убиени заклучно со 31 октомври, вклучувајќи над 3.500 деца. Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) проценува дека над 1.4 милиони се раселени.

Лицата со попреченост кои рекоа дека се раселени поради непријателски дејствија ги опишаа тешкотиите со кои се соочиле додека бегале од нападите, особено во отсуство на однапред предупредувања, како и големото уништување низ кое морале да се движат и нвините стравови од борба.

Самих Ал Масри, 50-годишен маж кој рече дека ги изгубил двете нозе при израелски напад со беспилотни летали во 2008 година, рече дека се засолнува во болницата Ал Кудс во градот Газа, но дека никаде не се чувствува веќе безбедно. „Доколку ја бомбардираат болницата, јас ќе бидам мртов. Знам дека не можам да се движам“.

Неколку лица со посебни потреби рекоа дека ги изгубиле помагалата кога израелските напади ги уништиле или оштетиле нивните домови, оставајќи ги без дом и способност да ги добијат неопходните работи. Сите рекоа дека израелската војска не обезбедила однапред предупредување за нападите. Според палестинското министерство за домување во Газа, најмалку 45 отсто од домовите во Газа биле уништени или оштетени за време на непријателските дејствија.

И меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за правата на човекот ги штитат правата на лицата со посебни потреби во вооружени конфликти. Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на ОН (CRPD), ратификувана од страна на Израел во 2012 година, наведува дека земјите-членки, во согласност со нивните обврски според меѓународното хуманитарно право, треба да ги преземат „сите неопходни мерки за да обзебедат заштита и безбедност за лицата со попреченост во ситуации на ризик, вклучувајќи ситуации на вооружен конфликт“.

Резолуција 2475 на Советот за безбедност на ОН ги повикува сите страни во вооружениот конфликт да преземат мерки за заштита на цивилите со попреченост, да дозволат и олеснат безбеден, навремен и непречен хуманитарен пристап до сите луѓе кои имаат потреба од помош и да поддржат обезбедување на оддржлива, навремена, соодветна, инклузивна и пристапна помош за цивилите со попреченост, меѓу другите одговорности.

Според меѓународното хуманитарно право, завојуваните страни мора да ги преземат сите можни мерки на претпазливост за да се минимизира штетата на цивилите, вклучувајќи и со обезбедување ефективно однапред предупредување за напади, освен ако околностите не го дозволуваат тоа. Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН (OHCHR) забележа во 2015 година дека „неисполнувањето на оваа обврска на пристапен и инклузивен начин претставува дискриминација врз основа на попреченост“.

Осумдесет и три земји, меѓу кои и САД, имаат потпишано обврска да се воздржат од употреба на експлозивно оружје со ефекти на широк простор – вклучувајќи тешка артилерија и воздушни бомби– во густо населени места поради тоа колку е веројатно да убијат и повредат цивили неселективно. Израелското континуираното бомбардирање на Газа, кое срамни градски блокови и големи делови од населби со земја, повеќекратно ја зголемува оваа загриженост.

Очајната ситуација е влошена со незаконското 16-годишно затворање на Газа од страна на израелската влада, што е дел од злосторствата против човештвото на апартхејдот и прогонот што го вршат израелските власти против Палестинците. Хјуман рајтс воч претходно извести за кршење на човековите права на лица со попреченост во Газа поради продолженото затворање од страна на израелската влада, како и занемарувањето од страна на властите на Хамас.

САД, Обединетото Кралство, Европската унија и другите израелски сојузници и влади во регионот, како што се Обединетите Арапски Емирати,  Египет и Бахреин, треба да извршат притисок врз Израел да го врати протокот на електрична енергија и вода и да дозволи влез на гориво и хуманитарна помош, за да се овозможи, меѓу другото, лекови, помагала и психосоцијална поддршка да допрат до лицата со попреченост.

Тие, исто така, треба да го осудат кршењето на меѓународното хуманитарно право од страна на сите страни, вклучително и било какви неселективни напади, да ја истакнат потребата од одговорност, вклучително и пред Меѓународниот кривичен суд и да стават крај на сите облици на соучесништво во тешки злоупотреби, вклучително и воена помош. Членките на Советот за безбедност треба итно да извршат притисок врз Израел да ги заштити лицата со попреченост во Газа во согласност со Резолуцијата 2475 на Советот за безбедност и CRPD.

„Израелското непочитување на цивилите во Газа особено тешко ги погодува лицата со попреченост“, рече Черимович. „Земјите-членки на ОН треба итно да дејствуваат за да осигураат дека Израел и другите завојувани страни во Газа ги исполнуваат правните обврски, со цел да се спречат понатамошни злосторства и страдања, вклучително и за лицата со попреченост“.

Подготви:  Д. Мишев

Превод: Н. Цветковска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Газагранатирање цивилни целиИзраеллица со попреченостчовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ