• Latest

Албански медиуми: Косовската влада не го прифаќа предлогот на ЕК за укинување визи на српските пасоши во Косово; Курти посочи за средба помеѓу Радоичиќ и Српска Листа, Елек демантира

November 22, 2023

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Косовската влада не го прифаќа предлогот на ЕК за укинување визи на српските пасоши во Косово; Курти посочи за средба помеѓу Радоичиќ и Српска Листа, Елек демантира

November 22, 2023 10:29
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косовската влада побара од Советот на Европа, предлогот за укинување на визите за имателите на српски пасоши во Косово, да ги третира овие документи како незаконски, како што ја третира и останатата паралелна документација. Косовскиот премиер Албин Курти пред два дена изјави дека во Рашка се случила средба помеѓу Милан Радоичиќ и Српска листа, а ова го демантираше претседателот на партијата, Златан Елек.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. Во продолжение се темите од денешниот редакциски избор.

КОСОВО

Радио Косова е Лире: Владата на Косово не се согласува со предлогот на Европската комисија за укинување на визите за имателите на српски пасоши

Владата на Косово изрази загриженост од предлогот на Европската комисија за укинување на визите за имателите на српски пасоши, кои престојуваат на територијата на Косово. Вицепремиерот Бесник Бислими изјави дека за овој предлог на Советот на Европа за пасошите издадени од таканаречената српска координативна дирекција не е разговарано со Владата на Косово. Владата на Косово ја поканува ЕУ да ги третира овие документи како незаконски како што ја третира и останатата паралелна документација. Предлогот на ЕК беше аргументиран со фактот дека визната либерализација ќе почне да се применува од 1 јануари 2023 година, пренесува Радио Косова е Лире.

Телеграфи: Српските невладини организации го поддржуваат укинувањето на визите за косовските граѓани со српски пасоши

Петнаесет граѓански организации на српската заедница во Косово се спротивставија на повиците на граѓанското општество на Косово, Европската комисија да го повлече предлогот со кој се бара на граѓаните на Косово кои имаат пасоши на Србија да им бидат одземени визите, пренесе Телеграфи.

Бота Сот: Курти укажа на средба помеѓу Радоичиќ и Српска листа во Рашка, Елек демантира

Во неделата косовскиот премиер Албин Курти укажа на средба во Рашка која пред неколку дена се одржала меѓу Милан Радоичиќ и некои српски политичари, меѓу кои и пратеници и функционери на Српската листа.

Курти рече дека таму се одвива реорганизација на терористичката група на Радоичиќ со поддршка на Србија. Претседателот на Српската листа, Златан Елек, демантираше дека имало таква средба.

„Целосно ја демантирам  оваа работа. Не разбирам каква врска има Милан Радоичиќ со Српската листа“, изјави Елек, објави Бота Сот.

АЛБАНИЈА

Леѕо: Сали Бериша го прогласи СПАК за криминална организација: Тие се најопасната банда во Албанија

„Ако има човек во Албанија, кој стотици пати изјавил дека СКАП е криминална организација, тој е Сали Бериша.

Вака им порача Сали Бериша на новинарите на прес-конференцијата, подвлекувајќи и мислејќи на себе дека „тоа го прави тоа три години по ред и е прв кој  СПАК го нарече СКАП“, пренесе Леѕо.

Балкан Веб: Хаос во албанското Собрание, мнозинството бара казнени мерки за пратениците од опозицијата, се собираат потписи за нивно изземање

Социјалистите ги собраа потписите за исклучување на пратениците од опозицијата кои беа вмешани во хаосот на последната пленарна седница. Барањето е доставено до Претседателството на Собранието, додека точниот број на пратеници за кои се бара изземање се уште не е познат.

Потсетуваме, во понеделникот Собранието беше во хаос, каде пратениците од опозицијата го реализираа својот план за прекин на седницата, објави Балкан Веб.

КОЛУМНА

Бота Сот: Крај или почеток на крајот на изгорените соништа и илузии на српска Југославија?

Косово и Албанците, сега речиси две (2) децении се наоѓаат во „салата“ или чекалната (коридорот), да се приклучат на таканаречениот „заеднички состав“ на ЕУ, пишува косовскиот автор Агрон Шабани.

Косово нема да се приклучи  во ЕУ, без да и  се даде или  да и се простат многу работи (бланко) на Србија,  на тој начин што Србија да има удел, лиценца и монопол во познатите имоти, средства, вредности и ресурси на  Косово и Албанците, пишува Шабани во колумната „Крај или почеток на крајот на изгорените соништа и илузии на српска Југославија?“, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ