• Latest

Нови „фантоми“ во центарот на Скопје!

December 4, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нови „фантоми“ во центарот на Скопје!

December 4, 2016 11:02
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанка од Скопје испрати до ЦИВИЛ – Центар за слобода информација дека, според податоците од заклучениот Избирачки список, во нејзината куќа во центарот на Скопје, на улицата „50-та дивизија“ во Општина Центар, сé уште „живеат“ две лица кои таа не ги познава.

„Не знам како лицата Г.Д. и М.Д се наоѓаат на Избирачкиот список со право на глас на Избирачкото место 2803, а пријавени на нашата адреса! Сакам да истакнам дека се работи за приватна куќа, а не за зграда, но сепак, тие лица се заведени на нашата адреса, и тоа, во влез 1, стан број 15!? Никогаш не сме слушнале за овие лица, ниту во соседството ги знаат… Не знам дали се ставени и на некој посебен список, ама тие сé уште фигурираат на нашата адреса“, вели соговорничката на ЦИВИЛ Медиа.

Според информациите од граѓан(к)ите, во изминатиот период ЦИВИЛ постојано реагираше во јавноста дека во Избирачкиот список, и по сите вкрстени проверки, владее хаос.  ЦИВИЛ ја алармираше јавноста, институциите, особено Државната изборна комисија за фантомските гласачи. Во повеќе од 200 случаи на фантомски гласачи чии податоци беа доставени до ЦИВИЛ, само два случаја се решени, односно, податоците се коригирани. За жал, ДИК не успеа да се извлече од влијанието на политичките партии, а ревизијата на Избирачкиот список не ја спроведе на задоволителен начин. За жал, надлежните само ја префрлаа одговорноста, се спомнуваа разни бази на податоци, неусогласеност и неажурираност, но никој не ја презеде одговорноста, ниту списокот беше навистина пречистен. Така, во Македонија ќе се одржат уште едни избори на кои покрај реално постоечките избирачи, ќе „гласаат“ и „фантоми“… Се надеваме дека ДИК ќе им излезе во пресрет на граѓанките и граѓаните да го остварат своето право на глас на денот на гласањето и дека брзо ќе реагираат во решавањето на проблемите со кои тие ќе се соочат.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКизбори 2016непречистен списокреакцијаСКОПЈЕфантомиЦентар
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result