• Latest

Тензично на протестите во Белград: Обид за упад во градското собрание, скршени прозорци, употребен солзавец и бибер спреј

December 24, 2023
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Тензично на протестите во Белград: Обид за упад во градското собрание, скршени прозорци, употребен солзавец и бибер спреј

December 24, 2023 21:40
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Протест на опозицијата собрана околу коалицијата „Србија против насилство“ се одржува пред градското собрание во Белград. Ситуацијата е тензична. Граѓани ги кршеа стаклата на вратите од Градското собрание, полицијата ги прскаше со бибер спреј. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва, реагирајќи на протестите пред Собранието на Град Белград и РИК, изјави дека „во Белград не е во тек револуција“, пренесува N1.

Синоќа пред РИК се одржа шестиот протестен митинг поради изборна кражба.

Студентите кои протестираа побараа од Вучиќ да ги исполни нивните барања до вечерва и порачаа дека во спротивно утре ќе го блокираат цел Белград. Тие од Министерството за државна управа и локална самоуправа побараа проверка на избирачкиот список, а дадоа рок до понеделник за одговор – во спротивно најавуваат блокада на главниот град.

Опозицијата и студентите веќе неколку дена протестираат пред зградата на РИК, а потпретседателката на ССП, Мариника Тепиќ, седум дена по ред штрајкува со глад. Во штрајкот ѝ се придружија уште шестмина поранешни пратеници и претставници на коалицијата „Србија против насилството“.

Министерството за внатрешни работи ги повика сите учесници на вечерашниот протест во Белград, како и организаторите на овој собир да ги почитуваат законите на Република Србија, да не го нарушуваат јавниот ред и мир и да се воздржат од насилни обиди за влез во зградата на градското собрание на Белград, како и во други заштитени објекти.

Како што се наведува во соопштението, припадниците на Министерството за внатрешни работи ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност и ќе го зачуваат јавниот ред и мир и безбедноста на сите граѓани како и нивниот имот и имотот на Република Србија.

Г. Т.

Tags: Белградградско собраниеполицијаПротеститензии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ