• Latest

Клиентелизам во Македонија: „Мала бара, полна крокодили!“

December 15, 2016

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Клиентелизам во Македонија: „Мала бара, полна крокодили!“

December 15, 2016 18:49
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 

Според годинешниот Индекс на клиентелизам што се мереше во шест држави од балканскиот регион, Македонија се наоѓа на четвртото место, зад Хрватска, Србија и Црна Гора, а пред Романија и Босна и Херцеговина. Генералниот заклучок од истражувањата е дека клиентелизмот во медиумите е влошен во сите земји во кои е спроведено истражувањето.

„Состојбата во новинарството во Македонија е толку очајна, не само во етичките и професионалните стандарди, туку и во социо-економски контекст. Работа има. Во било кој медиум можете да тропнете на врата и да најдете работа, но платите се толку ниски, па вистинските новинари, обучени за тоа, не сакаат да влезат и да се мешаат во својата професија. Тоа отвора простор некој друг да се меша во таа работа. И било кој, што сака да стане јавна личност, а е подготвен да служи на некои центри на моќ, лесно може да допре до екранот и до публиката“, рече Петрит Сарачини од ЦИВИЛ – Центар за слобода, на денешната конференција „Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста”, организирана од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“

Македонија е на четвртото место на скалата за присуство на клиентелизам во медиумите во регионот, според резултатите од второто емпириско мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите, кое е спроведено и во Романија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и во Црна Гора, како дел од проектот „Одговор на граѓаните на клиентелизмот во медиумите – Медиумски круг“.

img_9977

Податоците истовремено беа презентирани во шесте земји покриени со ова истражување, со кое беа опфатени сите клучни прашања што се однесуваат на насоките на Европската комисија за развој на слободата на медиумите, како и насоките на постоечките индекси кои ги мерат медиумските слободи, како „Фридом хаус“ или „Репортери без граници“.

„Медиумите во Македонија станаа мала бара, која политичарите само ја стеснуваа и ја полнеа со крокодили“, потренцираше Сарачини. Според него, позицијата на новинарот во клиентелистичките односи, е очајна и од етички аспект, но, и во социо-економски контекст: „Сето тоа придонесува и форматот на производот да не е новинарски, туку клиентелистички. Клиентелизмот кај нас е организиран и оркестриран, и тој е во функција, не на откривање на вистината, туку да наметнува перцепција и друга реалност“.

Во своето излагање, Сарачини го посочи примерот на медиумите и на ад-хок телото кое ги контролираше во предизборниот период. Според Сарачини, медиумите кои го сменија своето однесување, веднаш по завршувањето на работата на ова тело, се вратиле на претходната уредувачка пракса: „Тоа ни покажува две работи: прво, дека знаат како се работи новинарство, а второ, ни покажува јасно, брутално и експлицитно дека тие редакции се купени и ако нема притисок на законот, институциите и граѓаните тие ќе се вратат и ќе го артикулираат партикуларниот интерес“

Клиентелизам се услугите и против-услугите кои меѓусебно си ги даваат медиумите и политичките и економските центри на моќ. Индексот на клиентелизам во медиумите (МЦИ) го мери ризикот од клиентелистички практики, постоењето на такви практики, како и потенцијалот на општеството и државата да ги решаваат прашањата кои се однесуваат на клиентелизмот во медиумите, како и други прашања кои се однесуваат на функционирањето на медиумската индустрија. МЦИ дава детален увид и во сите аспекти од функционирањето на  медиумите и на носителите на одлуки, како и на оние кои сакаат да учествуваат во јавните расправи за медиумските политики. Според политичките влијанија врз медиумите, постоечката регулативна рамка, институционалната поставеност и реалноста во која работат медиумите и новинарите од Југоисточна Европа, истражувањето покажува дека, речиси како по правило, станува збор за заробени медиуми кои, во значаен дел, се контролирани од различни политички економски и финансиски интереси.

Tags: БалканИндекс на клиентелизамклиентелизамМакедонијаРепортери без границиФридам Хаус
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ