• Latest

Автобусите на ЈСП ќе возат до 9 часот, вонредната седница на Град Скопје закажана во 11 часот

January 22, 2024
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Автобусите на ЈСП ќе возат до 9 часот, вонредната седница на Град Скопје закажана во 11 часот

January 22, 2024 09:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Јавен превоз денеска граѓаните ќе имаат до 9 часот, а потоа автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе се повлечат до очекување на одлуката за седницата на Советот на Град Скопје за исплата на декемвриската плата и на субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Редовно ќе сообраќаат само комбињата за превоз на лица со посебни потреби и автобусите кои вршат организиран превоз за ученици за кои ЈСП има договор со училиштата и општините.

Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски, појаснува дека со тоа ќе им се излезе во пресрет на учениците да стигнат до училиштата, со оглед дека почнува второ полугодие и на вработените да стигнат до своите работни места.

– Ќе се вклучат 270 автобуси на ЈСП на сите линии и ќе сообраќаат до 9 часот, а потоа се враќаат во двете авто – бази и ќе останат се додека не се донесе одлука на седницата на Советот на Град Скопје за субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Доколку парите легнат уште денеска на сметката на ЈСП, истиот ден ќе биде возобновен превозот, изјави Стојановски за МИА.

Тој најави дека во 10:30 часот значителен дел од вработените на ЈСП ќе бидат пред вратите на Советот на Град Скопје, каде ќе се носи одлуката за субенциите на јавниот градски превоз.

Стојановски подвлекува и дека нема да прифатат половични одлуки. Очекуваат да биде донесена одлука за целосниот износ на субенциите за ЈСП од 11 милиони евра, кој треба да овозможи редовна исплата на платите за вработените за 2024 година.

-Ако советниците не донесат одлука за исплата на целосниот износ на субвенциите, остануваме на ставот да нема превоз. Не чека изборна година во која поради законски ограничувања, повторно е можно одлагање на одлуките за субенциите за претпријатието и доцнење на платите, а тоа нема да го дозволиме, подвлекува Стојановски.

Вонредната седница на Советот на Град Скопје на која како единствена точка на дневен ред е одлуката за субвенциите од 11 милиони евра за ЈСП, е закажана во 11 часот. Ова е четврти пат како одлуката за субенциите на ЈСП се става на седница на Советот на Град Скопје.

Tags: АрсовскаГрад СкопјеЈСПплатиѓ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ