• Latest

Нападнати новинар и снимател на ТВ Алсат на протест против отварање албанска паралелка во Чашка

January 24, 2024
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Нападнати новинар и снимател на ТВ Алсат на протест против отварање албанска паралелка во Чашка

January 24, 2024 15:12
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарска екипа на телевизија Алсат утрово била грубо спречена да ја врши својата работа за време на протест пред Општина Чашка, кој се одржувал против воведување паралелка на албански јазик во основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка. Извикувањата кон снимателот и обидите за покривање на камерата на телевизијата се слушаат во видеото што го објави Алсат.

Овој крајно недоличен потег кон екипата на Алсат од страна на граѓаните на Чашка следува еден ден покасно откако пратеникот на Левица, Борислав Крмов и советникот во општина Велес, Димитар Абрашев, на (23.01.2024) ги нахушкаа жителите да се борат против “великоалбанската агенда“ кои притоа се судрија со полицијата недозволијќи и на директорката на ООУ „Тодор Јанев”, Елена Николова да влезе во училиштето.

Паратеникот на Левица, Борислав Крмов, на протест против отварање паралелка на албански јазик во Чашка / 23.01.2024

Исто така и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски на 23 јануари 2024 година одржа состанок со родителите на учениците, жителите на Чашка во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ пришто ги поттикна да продолжат со бојкотот на наставата.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), реагираат и бараат објаснување од Општината во врска со спречувањето на новинарската екипа да влезе во јавна установа.

„Откако колегата Авни Тахири и снимателот Новица Апостолоски пристигнале пред општината, дел од луѓето што протестираат им забраниле пристап и влез во општината и почнале вербално да ги напаѓаат, притоа пробале и физички да ја тргнат камерата, како што се гледа и од видеото објавено на официјалната Фејсбук страната на ТВ Алсат“, се вели во реакцијата на ЗНМ и ССНМ.

Од ЗНМ и ССНМ велат дека, по кратка недолична конверзација, лицето што се обидело да го избрка снимателот, влегло во општината и не дозволило влез на новинарската екипа.

Според кажувањето на Тахири, по завршување на инцидентот, тие повторно се обиделе да влезат во општината со цел да земат изјава од градоначалникот, но уште еднаш биле спречени да влезат, овој пат од чуварот во општината.

ЗНМ и ССНМ истакнуваат дека односот кон новинарите и медиумите кои работат на терен е од критична важност за слободата на информирање и изразување во демократското општество.

„Насилството и спречувањето на новинарите да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо, не е во сообразност со демократските вредности и придонесува кон цензура“, стои во реакцијата на новинарските организации.

И од ЦИВИЛ најостро го осудуваат овој инцидент и најавуваат дека ќе бараат одговорност и законски санкции за строителите и поттикнувачите.

фото: Принтскрин од видео на ТВ Алсат

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ