• Latest

Албански медиуми: Досега 16 лица се ослободени од обвиненија за воени злосторства во Косово; Вучиќ призна се среќавал со Радоичиќ три пати пред нападот во Бањска; СПАК изрече мерки за 63 албански државјани инволвирани во меѓународна трговија со дрога

February 6, 2024

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Досега 16 лица се ослободени од обвиненија за воени злосторства во Косово; Вучиќ призна се среќавал со Радоичиќ три пати пред нападот во Бањска; СПАК изрече мерки за 63 албански државјани инволвирани во меѓународна трговија со дрога

February 6, 2024 11:36
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Златан Арсиќ, кој беше обвинет за воени злосторства во Каменица во 1999 година, беше ослободен во понеделник, на 5 јануари, откако Основниот суд не докажа дека е припадник на српската полиција. Пред него, 16 други лица обвинети за воени злосторства на Косово беа ослободени со судски одлуки по завршувањето на војната, пишуваат косовските медиуми.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа на ХепиТв призна дека пред терористичкиот напад во Бањска, три ноќи по ред се сретнал со Милан Радоичиќ, главниот човек кој призна дека го организирал нападот на 24 септември, каде што беше убиен косовски полицаец и тројца српски терористи.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Газета Експрес: 16 лица  ослободени од обвиненијата за воени злосторства во Косово, голем број избегаа

Златан Арсиќ, кој беше обвинет за воени злосторства во Каменица во 1999 година, беше ослободен во понеделник, на 5 јануари, откако Основниот суд не докажа дека е припадник на српската полиција.

Како и Арсиќ, 16 други лица обвинети за воени злосторства на Косово беа ослободени со судски одлуки по завршувањето на војната, а некои други избегаа по подигнувањето на обвиненијата, пренесе Газета Експрес.

Зери: Вучиќ призна дека се сретнал со Радоичиќ три ноќи по ред, пред терористичкиот напад во Бањска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа призна дека пред терористичкиот напад во Бањска, три ноќи по ред се сретнал со Милан Радоичиќ, главниот човек кој призна дека го организирал нападот на 24 септември, каде што беше убиен косовски полицаец и тројца српски терористи.

„Три вечери по ред  имав средба со нив, таму беа Радоичиќ и Симиќ, како и уште десетдруги мажи. Во лице ми рекоа дека не им веруваат ниту на Американците ниту на Европејците, а јас им реков дека морам да им верувам дека немам никој друг бидејќи немам никој на теренот.“, изјави Вучиќ меѓу другото на Хепи Тв, пренесе Зери.

Репортери: Полицијата почна истрага за плакатите со Радоичиќ на северот на Косово

Косовската полиција започна истрага за плакатите што ноќта меѓу саботата и неделата беа поставени на северот на Косово – во општина Лепосавиќ и Зубин Поток, на кои се гледа фотографијата на Милан Радоичиќ со порака „Дојди назад во Косово, брате – Србите веќе не можат да страдаат“.

Почетокот на истрагите го потврди и заменик директорот на полицијата за северниот регион Ветон Елшани, пренесе Репортери.

АЛБАНИЈА

Јава Њуз: Откриени имињата на 63 албански државјани инволвирани во меѓународна трговија со дрога

СПАК изрече 83 безбедносни мерки по 2-годишна истрага, со која беше погодена криминална група лоцирана во неколку европски земји, во која имало и многу Албанци. Познато е дека криминалната група ја проширила својата активност во Италија, Шпанија и Холандија. Истрагата започна во 2019 година. Дрога, кокаин, хероин и канабис главно се обезбедувале или тргувале во овие земји. Обвинителите на овие земји се вклучени во истрагите, пренесе Јава Њуз.

КОЛУМНА

Коха: Од Косово се бара да не го прави она што има право да го прави

„Косово има право да не прифаќа барања да не дејствува како држава. Затоа што ниту една држава на нејзината територија не би толерирала функционирање на институциите на друга држава, која, згора на тоа, го прави тоа со територијални претензии.

Затоа, нема дилема дека Косово има право да ги затвори општините на Србија (не на Србите, туку на Србија) на своја територија. Но, и косовските власти треба да бидат внимателни, бидејќи не е добра тактика да се изненадуваат меѓународните партнери со акции. Затоа што тие се партнери, а не противници, како Србија“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Од Косово се бара да не го прави она што има право да го прави“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ