• Latest

Албански медиуми: Во Тирана Самит на балканските лидери; Вучиќ побарал изјавата на Самитот за Украина да биде без „санкции против Русија“

February 29, 2024

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Во Тирана Самит на балканските лидери; Вучиќ побарал изјавата на Самитот за Украина да биде без „санкции против Русија“

February 29, 2024 10:49
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска се среќаваат лидерите на земјите од Западен Балкан и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кои ќе учествуваат на регионалниот Самит за планот за економски раст на Европската унија за регионот, пишуваат албанските медиуми.

Медиумите во Албанија и Косово ја пренесуваат веста од руски и српски медиуми за барањето на Српскиот претседател Вучиќ, да се изземе ставот за санкции против Русија во заедничката, завршна декларација на учесниците на Самитот за Украина, што вчера се одржа во Тирана.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Во Тирана се собираат балканските лидери, што предвидува планот за економски раст на Западен Балкан?

Во Тирана денеска се среќаваат лидерите на земјите од Западен Балкан и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кои ќе учествуваат на регионалниот самит за планот за економски раст на Европската унија за регионот.

Планот на ЕУ за Западен Балкан има за цел економски раст на регионот, забрзување на соодветните реформи и вложување инвестиции кои можат да го унапредат процесот на проширување на ЕУ со овие земји. Сличен самит за овој план се одржа на 22 јануари во Скопје, Северна Македонија, пренесе Балкан Веб.

Албеу – Вучиќ: Побаравме во изјавата на Самитот за Украина да не се споменуваат санкциите против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој учествуваше на Самитот Украина-Југоисточна Европа во Тирана, побара од учесниците да ги исклучат оние клаузули од завршната декларација кои предвидуваат натамошна неопходност од контранапад на Русија, пишува ТАСС, пренесе Албеу.

Понатаму, ТАСС, повикувајќи се на српскиот весник „Вечерње новости“, додава дека српскиот претседател инсистирал против ставот во изјавата што содржи анти-руски санкции, како и ставот каде што се изразува негативно руско влијание.

КОСОВО

Клан – Фридом Хаус: Албанија и Косово, „делумно слободни“ земји и покрај напредокот

Организацијата „Фридом хаус“ со седиште во Вашингтон го објави својот годишен извештај, во кој оценува дека Косово и Албанија остануваат „делумно слободни“ земји и покрај напредокот во повеќе области за унапредување на човековите права и слободите на граѓаните.

Во извештајот за „Слободата во светот“, годинава Косово е оценето со 60 поени од 100 максимални поени, без промени од лани. Организацијата „Фридом хаус“ во минатото го опишуваше Косово како земја во транзиција со хибриден систем на управување, пренесе Клан.

Зери: Осум месеци под казнените мерки на ЕУ, нема движење за нивно отстранување

И покрај подготвеноста на Косово за продолжување на ситуацијата на северот од земјата, вклучително и чекорите за нови избори таму, се уште нема движење од страна на ЕУ во насока на укинување на казнените мерки.

ЕУ воведе казнени мерки против Косово по зголемувањето на тензиите на северот на крајот на мај минатата година, пренесе Зери.

КОЛУМНА

Коха: Изненадувањата на една превртена дилема

„Од почетокот на војната во Украина, таа се покажа како војна полна со изненадувања. Украина изненади со својот отпор и херојска храброст, додека Русија изненади со својот импресивен неуспех и неспособност.

И во духот на пријатните изненадувања е изненадувањето на ЕУ. Кога започна војната во Украина, сите бевме убедени дека можеме да се потпреме на САД, но дилемата беше дали можеме да се потпреме на ЕУ? Денес, две години подоцна, се соочуваме со превртената дилема: знаеме дека можеме да сметаме на ЕУ, но дали можеме да сметаме на САД?“, пишува авторот Демуш Шаша во колумната „Изненадувањата на една превртена дилема“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ