• Latest

Маричиќ: Видлива е разликата – Пендаровски е победник

March 4, 2024

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Маричиќ: Видлива е разликата – Пендаровски е победник

March 4, 2024 13:14
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера уште еднаш бевме сведоци на лажните пропаганди и напумпани анкети на ДПМНЕ, дека тие биле непобедливи, дека имаат не знам каков рејтинг, дека наспроти СДСМ е 2-1, 3-1.

Но, вчера видовме дека тоа воопшто нема врска со реалноста. Се докажа дека нивните анкети, напумпани и лажни, служат како пропаганден инструмент за храбрење на нивните гласачи. СДСМ вчера покажа една организациона супериорност бидејќи во исто време организиравме и 8- мартовски марш на Форумот на жени во Кавадарци, каде што имаше над 6.000 луѓе, и во исто време собиравме  потписи, за неколку часа се собраа преку 22.000, а вечерта имавме конгрес каде ја потврдивме кандидатурата на Пендаровски за втор мандат, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на гостувањето во утринската емисија на Слободен печат.

„Само 3-4.000 потписи имаше Силјановска повеќе, ама тоа е затоа што ние бевме фокусирани на повеќе настани, а ако се фокусиравме само на тоа ќе имавме и повеќе. Она што го видовме на дело е дека СДСМ е во добра партиска кондиција, обединета во делувањето, фокусирана на најбитните прашања и успева да покаже и пред граѓаните и пред сите дека е единствената прогресивна опција која треба да се поддржи“, рече Маричиќ.

Тој потенцираше дека е видлива разликата меѓу Стево Пендаровски, кој покажа дека е претседател на сите граѓани, без ниту една дамка или афера за време на својот мандат, наспроти Силјановска, која е следбеник на Ѓорѓе Иванов со кој тонеше државата 11 години.

“ДПМНЕ ја предлага Силјановска, која е наследник на политиките на Иванов, за кој веќе не можеме и да ги доброиме гафовите. Таа објави дека ќе потпишела амнестија за насилниците од 27. април, таа беше потписник за кандидатурата на Иванов и е продолжител на неговите ликот и дело, за кој никој од нас не сакаме да се повтори“, рече Маричиќ.

Маричиќ  потенцираше дека многу е важно политиката на ДПМНЕ која е безидејна да биде поразена. Затоа има разлика помеѓу Пендаровски и Силјановска и има разлика помеѓу политиките што нуди СДСМ.
-Ние нудиме одговорна политика која што им кажува на граѓаните и нешто што на прв поглед не им се допаѓа, но не ги лажеме граѓаните. Сакаме да им кажеме како стојат работите навистина. Денеска нашата држава е ценет член на меѓународната заедница, ценета членка на НАТО, ценет кандидат за членка на ЕУ. Имаме отворени врати секаде во сите политички семејства и имаме стратешко партнерство со САД кое функционира на дело. Ако влеземе во замката на ДПМНЕ,  дека можеме и треба да преговараме во нови услови кои што знаеме дека однапред нема да се реални за преговарање, тогаш ќе се  доведеме до една ситуација, како со Грција во 2008. Сите беа на наша страна кога го добивме ветото за НАТО, а со тек на време се помалку имавме поддржувачи бидејќи тогаш нашата политика беше градење на непријателство и тензии со сите соседи наместо градење на пријателство и решавање на проблемите. Доколку водиме одговорна и отворена политика граѓаните ќе ја ценат повеќе отколку да ги лажеме како ДПМНЕ што ги лаже граѓаните дека ќе го врати името.“, рече Маричиќ.

Заблудите на ДПМНЕ скапо сме ги платиле во минатото и ако зборуваме веќе за вистинска љубов кон својот народ и татковината треба да бидеме искрени кон својот народ и татковината и да кажеме дека со заблуди и со лажни планови нема да ги донесеме нашите граѓани на подобро место. Напротив, нема подобра точка од оваа на која што сме сега. се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Tags: избориМаричиќПендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ