• Latest

Смаиловиќ: Говорот на омраза е дел од реториката за време на политичките кампањи, најчестите коментари се за мојот надворешен изглед и мојата верска припадност, среќна сум што нема навреди на етничка основа

March 4, 2024

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Смаиловиќ: Говорот на омраза е дел од реториката за време на политичките кампањи, најчестите коментари се за мојот надворешен изглед и мојата верска припадност, среќна сум што нема навреди на етничка основа

March 4, 2024 17:13
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Говорот на омраза за жал е секогаш неизбежна реторика за време на политичките кампањи, вели во изјава за Цивил кандидатката за претседател на државата, Мерсиха Смаиловиќ, предложена од страна на Бошњачки демократски сојуз. Таа додаде дека најчестите коментари во оваа конотација се однесуваат на нејзиниот надворешен изглед и на нејзината верска припадност, но среќна е што нема навреди на етничка основа, што според неа, покажува дека бошњачката заедница во земјава ужива голема почит.

„Не се бира начинот на комуницирање за да се дехуманизира или навреди спротивната страна. Но, и во овој почеток на кампањата не изостанува говорот на омраза и кон спротивниот кандидат и кандидатка, како и кон жените. Па, така најчестите коментари во оваа конотација за мене, се однесуваат на мојот надворешен изглед и на мојата верска припадност. Истата се поврзува со некакви радикални струи или дека со ваква облека не припаѓам во општеството на нашата држава. Тука се и коментарите дека на жената не и е место во политиката, па се користат секакви шовинистички фрази. Генерално, мета на овој говор се сите мои идентитети кои ги носам. Среќна сум што нема навреди на етничка основа, што покажува дека бошњачката заедница во Македонија ужива голема почит“, посочи Мерсиха Смаиловиќ во изјава за Цивил.

Таа информираше дека најмногу негативни коментари има на платформата „Х“, со поранешното име „Твитер“, но подвлече дека социјалните мрежи се еден од најголемите агрегатори на ваков говор, затоа што, како што нагласи, докажано е дека овој говор во Македонија не се санкционира.

Смаиловиќ рече дека и на платформата „Фејсбук“ често има коментари околу нејзината кандидатура за претседател на државата, но посочи дека не станува збор за никакви закани, ниту во пишана, ниту пак во вербална форма.

„Како дел од негативната кампања кон мене, се и нападатите кон мојот сопруг. Па така истиот се спомнува поради својот хуманитарен ангажман кој го имал во минатото но и сега“, вели Смаиловиќ.

Во однос на влијанието на говорот на омраза во собирањето потписи, таа вели дека досега нема пријавени такви случаи, но укажува на други сериозни проблеми околу отежнувањето на овој процес од логистички аспект, давајќи посебен акцент на руралните средини, кои според неа, воопшто не се вклучени во правото да бираат кој ќе оди како кандидат.

„Процесот на собирање има сериозни проблеми. 35-те канцеларии лоцирани во низ целата територија, на државата го прават истиот крајно тежок. Има граѓани кои мора да помнат и по 50 км само за да дадат потпис. Руралните средини воопшто не се вклучени во правото да бираат кој ќе оди како кандидат. Додатно е комплицирано што и Нотарската комора со маил порака, го укина правото на нотарите да излезат на терен во руралните средини и да им овозможат на нашите сограѓани да го дадат својот потпис за кандидатите“, рече Смаиловиќ.

Во однос на нејзините приоритети како претседателски кандидат, во случај ако се избере, таа вели дека нејзиниот фокус ќе биде насочен кон охрабрување и поттикнување на општествено-политичките чинители со цел создавање услови за креирање систем во кој граѓаните ќе се чувствуваат еднакви, сигурни и почитувани.

„Политичката борба на партиите како да заборави да го стави во прв ред граѓанинот и системот во негова служба, а наместо тоа имаме општество во кое граѓанинот е невидлив во системот“, нагласи таа.

Иако според нашиот систем на управување претседателот има ограничени можности во поглед на своето делување доколку имаме в предвид дека ние сме парламентарна демократија, додаде Смаиловиќ, проактивното и промислено делување на претседателот може да биде клучно за општествената кохезија, а неговата реална визија за државата поже да поттикне многу позитивни промени кои би можеле да ги охрабрат другите политички инстанци да работат во таа насока.

Харис Сулејман

Tags: говор на омразаизборикандидат за претседателМерсиха Смаиловиќ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ