• Latest

Казуја: Кршењето на меѓународните правила во Украина не смее да се толерира никаде во светот

March 5, 2024

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Казуја: Кршењето на меѓународните правила во Украина не смее да се толерира никаде во светот

March 5, 2024 13:25
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Пред две години, Русија ја започна својата брутална агресија против Украина. И јас силно ја осудувам Русија за продолжување на агресијата и непријателствата. Сакам да изразам солидарност и најдлабоко сочувство со украинските пријатели и колеги, присетувајќи се на моите лични искуства во Украина, особено во почетната фаза на агресијата, кога деноноќно ја слушав сирената за воздушни напади и ја поддржував евакуацијата на јапонски граѓани во соседните земји, сред услови на паника.“, порача јапонскиот амбасадор Н.Е. Оцука Казуја на конференцијата „Украина – две години хероизам“.

„Најостро ја осудуваме руската агресија врз Украина. Не може да се оправда ова бесрамно кршење на меѓународното право, вклучително и Повелбата на ОН. Мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Ова не е само европско прашање, ниту само прашање помеѓу т.н. „Русија и Запад“. Секој насилен обид за еднострана промена на статус кво-то, не смее да се толерира никаде во светот.

Многу цивили се повредени или ги загубија животите. А руските напади врз болници, училишта, електрани и друга клучна инфраструктура, не само што ги уништуваат сегашните животи на украинскиот народ, туку ја загрозуваат и нивната иднина. Меѓународното право мора да се почитува, вклучително и меѓународното хуманитарно право. Мора да одговараат сите сторители на ова злосторство.

Набавката на Русија, на балистички ракети, од Северна Кореја и нивната употреба против Украина е апсолутно неприфатлива. Секој трансфер на оружје или поврзана опрема и технологија, меѓу Русија и Северна Кореја, е јасно кршење на релевантните резолуции на Советот за безбедност. Исто така, длабоко сме загрижени за секој можен трансфер на технологија поврзана со нуклеарни и балистички ракети во Северна Кореја.

Руската закана за употреба на нуклеарно оружје е сериозна и неприфатлива закана за мирот и безбедноста на меѓународната заедница.

Ги почитуваме напорите на многу земји да бараат мир. Меѓутоа, несоодветно е да се изедначуваат агресорот и жртвата, како и да се бара вложување на дипломатски напори од двете страни, небаре двете страни се виновни.

Јапонија постојано нагласува дека мирот мора да се заснова на целите и принципите на Повелбата на ОН. Во овој поглед, Јапонија ги поддржува напорите на претседателот Зеленски за неговата формула за мир. Мора да постигнеме сеопфатен, праведен и траен мир во Украина.

На народот на Украина им е потребна и визија исполнета со надеж за својата иднина. Кога премиерот Кишида ја посети Украина, како претседавач со Г7, во март минатата година, претседателот Зеленски ги истакна своите силни очекувања за Јапонија да го сподели искуствотото, нејзината технологија, како и приватни инвестиции од нашата земја за долгорочна обнова на Украина.

Пред само една недела, Јапонија го покани премиерот Шмигал заедно со украински компании во Јапонија и се одржа јапонско-украинска конференција за промоција на економски раст и обнова. Постигнати се опипливи резултати, вклучително и потпишување на над 50 документи за соработка.

Сакаме да истакнеме дека за време на конференцијата одржавме и седница на тема „Жени, мир и безбедност (WPS – Women, Peace and Security)“ во контекст на процесот на закрепнување и обнова во Украина.

На почетокот на седницата, осврнувајќи се на нејзината посета на Украина во јануари годинава, министерката за надворешни работи Камикава ја нагласи потребата од „реинтеграција“ на семејствата, заедниците и на сите граѓани во Украина и го претстави пристапот на Јапонија кон таквата „реинтеграција“, како и нејзините напори поврзани со WPS во поддршката на Украина.

Министерката Камикава понатаму изјави дека ја посетила Буча за да ги види со свои очи живите лузни од руската агресија и директно да слушне за нив од луѓето на теренот. Таа изјави дека мора да работиме на заштита на жените и децата кои се особено ранливи во војна и да обезбедиме „човечко достоинство“. Таа, исто така, ја изрази својата искрена почит за храброста и истрајноста на украинскиот народ, кој долго време стои обединет против руската агресија.

Сепак, овие иницијативи нема целосно да се материјализираат и да донесат доволнo корист за украинскиот народ, доколку Русија не ја запре својата агресија.

Уште еднаш силно ја повикуваме Русија да престане со својата агресија, веднаш и безусловно да се повлече од сите меѓународно признати територии на Украина.

Ова е прашање на принцип. Тоа е поголемо од политиката. Затоа, Јапонија со своите сојузници и партнери ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку време колку што е потребно. Слава Украини!“, порача амбасадорот Казуја.

Д. Т.

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Биљана Јордановска 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ