• Latest

Албански медиуми: Судот во Стразбур одлучи албанската влада да ги обештети семејствата на жртвите од Грдец; Одобрен Извештајот за членството на Косово во Советот на Европа

March 28, 2024
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Судот во Стразбур одлучи албанската влада да ги обештети семејствата на жртвите од Грдец; Одобрен Извештајот за членството на Косово во Советот на Европа

March 28, 2024 11:15
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Судот во Стразбур пред неколку недели одлучи дека треба да има парична отштета за 17 лица, повредени и членови на семејствата на жртвите во трагедијата во 2008 година, известуваат албанските медиуми.

Комитетот за политика и демократија во Париз го одобри Извештајот за членството на Косово во Советот на Европа, пренесуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Визион Плус: Владата ја извршува одлуката на Судот во Стразбур за обештетување на семејствата погодени од трагедијата во Грдец

Албанската влада на денешниот состанок на Советот на министри одлучи да ја спроведе одлуката донесена од Националниот суд за човекови права, за обештетување на семејствата на жртвите од Гердец.

Судот во Стразбур пред неколку недели одлучи дека треба да има парична отштета за 17 лица, повредени и членови на семејствата на жртвите во трагедијата во 2008 година, пренесе Визион Плус.

Досја: Шефот на грчката дипломатија бара европски фокус на случајот Белери

Министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис денеска изјави дека случајот со Фреди Белери, градоначалник од албанското грчко малцинство, кој неодамна беше осуден на две години затвор за купување гласови, треба да се гледа како европска грижа, а не како билатерално прашање меѓу двата балкански соседи. .

„Ова не е билатерално прашање. Ако земја-кандидатка која претендира да се приклучи на Европската унија ги поддржува принципите на владеењето на правото и ги почитува политичките права на своите граѓани, тоа не е билатерално. Тоа е европско прашање и мораме да го сфатиме како такво и да го истакнеме на сите форуми“, рече Герапетритис, пренесе Досја.

КОСОВО

Репортери: Косово успешно помина на ревизијата на Извештајот за членство во Советот на Европа

Комитетот за политика и демократија во Париз го одобри Извештајот за членството на Косово во Советот на Европа, пренесува Репортери.

На ваквата одлука реагираше и претседателката на Косово, Вјоса Османи, која рече дека на Косово му останува само уште еден чекор за членство.

Ќе продолжиме да работиме со нашите сојузници за сите наши граѓани да имаат пристап до инструментите на Советот на Европа преку полноправно членство“, напиша Османи на социјалната мрежа „Икс“.

РТВ 21: Девет месеци под казнените мерки на ЕУ, штети над 300 милиони евра

Над 300 милиони евра се сметаат за штетите на Косово од казнените мерки на ЕУ кои продолжуваат да важат веќе девет месеци. Пратениците во Европскиот парламент бараат тие што поскоро да бидат отстранети. Владејачката партија Ветевендосје не очекува укинување na казнените мерки додека Борел и Лајчак не бидат шефови на надворешната политика на ЕУ, додека опозицијата за овие мерки ја обвинува Владата.

Од Стопанската комора предупредуваат на продлабочување на последиците доколку мерките не се отстранат во најбрз можен рок.

Европската унија не соопшти кога ќе бидат укинати овие мерки. Но, пратеникот во Европскиот парламент Лукас Мандл вели дека тие треба што поскоро да бидат отстранети. На прашањето дали Заедницата на општините со мнозинско српско население е услов за укинување на мерките, тој рече дека нивното укинување не треба да се поврзува со тоа, пренесе РТВ 21.

КОЛУМНА

Бота Сот: Предизборна верска кауза

„Овој политички и верски предизборен дух со мотото „Не за Русија“ и „Промената доаѓа“, всушност повеќе личи на битка за реис улемата на Исламската заедница и имамите на џамиите отколку на демократска претседателска и парламентарна изборна трка. .

Светиот месец Рамазан се поклопи со времето на изборите и тој со сета своја арсенал религија се разобличува како единствен адут за победа на изборите.“, пишува Авторката Дијана Тоска во колумната „Предизборна верска кауза“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ