• Latest
Фото: МИА архива

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Од ДИК очекуваат фер и демократски избори; Вкупно 17 листи на кандидати за пратеници пријавени во ДИК; Пендаровски упати критики кон опозицијата за нивното претходно владеење

April 3, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Од ДИК очекуваат фер и демократски избори; Вкупно 17 листи на кандидати за пратеници пријавени во ДИК; Пендаровски упати критики кон опозицијата за нивното претходно владеење

April 3, 2024 14:30
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателски избори

Очекувањата се дека претстојните избори ќе бидат фер и демократски без никакви притисоци и покрај вчерашната тензија меѓу претседателските кандидати на потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, по завршувањето на средбата на претседателите на подмладоците на политичките партии кои потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори.

– Сметам дека вчерашниот настан за потпишување на Кодексот имаше тензии, меѓутоа не верувам дека ќе продолжи во таа атмосфера, затоа што главно сите услови се исполнети. Од наша страна, односно техничките услови ги преземаме согласно со законот и во согласност на етиката и моралот на сите учесници. Сметам дека ќе биде уште подобро, затоа што сметам дека ќе поминат овие детски болести на напаѓања и нефер кампања и ќе се фокусираат партиите на изборната кампања, односно претставување на програмите, откако ќе почне кампањата, рече Даштевски.

Во преполна сала „Борис Трајковски“ вчера се одржа конвенцијата на петседателскиот кандидат и актуелен шеф на државата Стево Пендаровски. Доаѓањето на Пендаровски беше најавено и бурно поздравено со тапани, а поддршка за кандидатурата му дадоа познати глумци и јавни личности, кои ги истакнуваа скромноста, чесноста и отвореноста за сите граѓани како негови карактеристики додека беше досега на функцијата.

Во своето обраќање Пендаровски упати критики кон опозицијата за нивното владеење претходно, и кажа дека ќе продолжи да биде жесток критичар на криминалот и корупцијата.

Парламентарни избори

До Државната изборна комисија, заклучно со 2 април на полноќ, се пристигнати вкупно 17 листи на кандидати за пратеници за парламентарните избори кои ќе се одржат на 8 мај годинава.

Како што соопштија од ДИК, листи на кандидати за пратеници за парламентарните избори во мај доставиле:

1.СДСМ( Kоалиција за европска иднина) – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 / 2.ВМРО- ДПМНЕ ( Коалиција Твоја Македонија) – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 / 3. ЗНАМ – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 /  4.РОДИНА – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 / 5.АВАЈА – за ИЕ 3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 / 6.РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 / 7.ТВОЈА ПАРТИЈА – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4 / 8.ГРОМ – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 / 9.МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА СУВЕРЕНОСТ – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 / 10. ДУИ ( Коалиција за европски фронт) за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 / 11.ДЕМОКРАТИ – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 / 12.ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 / 13.Група избирачи ЏУЛА ЧЕЛИКУ- за ИЕ 6 / 14.Коалиција ВЛЕН – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6. / 15. ЛЕВИЦА – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 / 16. ДЕСНА – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 / 17.НОВА АЛТЕРНАТИВА – за ИЕ 1,ИЕ 2, ИЕ3, ИЕ4.

ДИК по приемот на листата на кандидати утврдува дали истата е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот закон.

Европскиот фронт синоќа до Државната изборна комисија (ДИК) ги достави листите со носители и сите 120 кандидати за пратеници во шесте изборни единици на Фронтот „Да на Европа, не на Русија“. На изборите на 24 април и 8 мај, Европскиот фронт ќе се натпреварува за секој глас на секој граѓанин, без разлика на етничката припадност. Силно веруваме дека Европскиот фронт со нашите кандидати ќе ја постигне следната победа – плус 20 пратеници, истакна денеска во изјава за медиуми Арбер Адеми.

Европскиот фронт, нагласи Адеми, силно ја поддржа Програмата и заедничката кауза – најбрза можна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија и спречување на руските политики и влијанија во земјата и пошироко.

Подготви: Н. Абдурахмани во соработка со ЦМТ 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Александар ДаштевскиДИКевропски фронт
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

Следете нè

No Result
View All Result