• Latest
Фото: Скриншот

24 ЧАСА: Атентат врз словачкиот премиер; за Муратов најлоша е полувистината во целото море на дезинформации; смртни закани за судијката Кацарска

May 15, 2024
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Атентат врз словачкиот премиер; за Муратов најлоша е полувистината во целото море на дезинформации; смртни закани за судијката Кацарска

May 15, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Атентат врз словачкиот премиер

Премиерот на Словачка Роберт Фицо денеска е застрелан во Хандлова каде се одржуваше седницата на Владата. Според првичнитете информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели. Неговото обезбедување веднаш го пренело во болница…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Муратов: Дезинформациите доаѓаат на емотивно ниво, затоа се успешни

„Во принцип дезинформациите и трол фабриките работат на емотивно ниво. Те фаќаат на емоции. Друго е кога ќе прикажам фотографија од дете што плаче, не јаде и кажам дека тоа е поради одредена политичка структура. Кога имаш такви моменти и емоции ја забораваш вистината“ рече уредникот на Цивил Медиа, Дехран Муратов во утринската програма на „Слободен печат“. „Најлоша е полувистината во целото море на дезинформации“

ФЛЕШ ВЕСТИ

СМРТНИ ЗАКАНИ ЗА КАЦАРСКА Претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска пријавила во полиција дека добила закани по својот живот откако пред нејзината гаража пронашла импровизиран кревет и нож.

ЗАКОН ЗА ПЛАТИ НА СУДИИТЕ Оспорените одредби на Законот за платите на судиите и на Законот за платите на членовите на Судскиот совет за намалување на коефициентот за утврдување на платите …

ЖАЛБИ ДО УПРАВЕН СУД По одлуките на ДИК за приговорите за изборните резултати, дел од коалициите најавија жалби до Управниот суд.

СЛУЧАЈ „МОНСТРУМ“ Адвокатите на осудените во случајот „Монструм“ известија  дека неделава поднеле вкупно три жалби до Судот во Стразбур, …

МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА НАЈОТВОРЕНА ВО РЕГИОНОТ  Владата на Северна Македонија со исполнети 79.14% е најотворена во регионот според Индексот на отвореност…

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина ги одби обидите на Русија да ги пробие одбранбените линии на исток, украинските сили ги вратија загубените позиции во секторот Купијанск, во тек се борби во Лукјанци, Вовчанск…

Повеќе од 1.887 деца се повредени во Украина како резултат на целосната вооружена агресија на Русија. Од утрото на 15 мај 2024 година, според официјалните информации на обвинителите за малолетници,..

КОНФЛИКТИ

Речиси 450.000 луѓе кои избегаа од Рафах во текот на минатата недела немаат засолниште, вода и тоалети, според главната агенција на ОН за помош во Газа (UNRWA)…

СВЕТ

Нова Каледонија Стотици луѓе, вклучувајќи околу 100 полицајци и жандарми се повредени во немирите во Нова Каледонија…

Обединетите Нации Седницата на Генералното собрание на ОН на која ќе се разгледува резолуцијата за Сребреница е закажана за 23 мај, објавено е на веб-страницата на Генералното собрание на ОН…

ГОВОР НА ОМРАЗА

Д-р Беќаровски обвинет дека сака „чиста Токсикологија без Ш*****и, од Клиниката демантираат

Министерството за здравство објави документ, односно изјава во кој се наведува дека проф. д-р Нико Беќаровски ги навредил вработените Албанци во Клиниката за Токсикологија.

„Ако сакате војна ќе ја добиете и тоа нуклеарна бомба. Во понеделник после дежурство сакам Интензивна нега да биде чиста без Шиптари.… Додека бевме во времето на Тито, Македонија си беше убаво место за живеење, па после се симнаа овие од планина и се измеша целата држава.… Да не ве слушнам да зборите албански, бидејќи ова е држава на Македонците и тука се зборува на македонски јазик“, со овие зборови наводно им се обраќал д-р Беќаровски, стои во документот објавен на Фејсбук страницата МЗ.

ПРОПАГАНДА

Блинкен ја свиреше на гитара „Rockin’ in the Free World“ во бар во Кијив, на руските пропагандисти не им се допадна песната

Ова секако не им се допадна на властите во Кремљ, кои очигледно исфрустрирани поради неуспехот да го валоризираат забавувањето на американската воена помош за Украина, преку своите пропагандни канали се обидоа да фрлат темно петно на гитарскиот настап на Блинкен во Кијив, вклучително и преку нивните филијали во Северна Македонија. Се разбира, докажаните пропагатори на руските малициозни наративи во земјава не пропуштија да ги пренесат изјавите на нивната неформална „шефица“ за ширење на руска пропаганда, Захарова, која деновиве како да не се симнува од страниците на овие медиуми, било да се работи за банални прашања, како нејзиното „анатемисување“ на Евровизија, преку правдање за бојкотот на парадата на победата во Москва, до нејзините лажни дисквалификации на перформансот на Блинкен во Кијив… пишува Драган Мишев

 ИНТЕРВЈУ

Муратов и Мишев на Слободна ТВ: Добро спакуваните лаги и дезинформации сè повеќе делуваат кај младите

Гости на Слободна Телевизија на Слободен печат во ко-продукција со ЦИВИЛ, беа уредниците на ЦИВИЛ Медиа, Драган Мишев и Дехран Муратов. Повод на гостувањето беше тоа што ЦИВИЛ скоро четврт век, со својот иделаизам од невозможното прави возможно во полето на човекот, на единката, на индивидуата. Тимот на Организацијата е борецот за континуитет, слобода, еднаквост, мултикултура …

 Мишев: Иако Македонија забрани руски мрежи, дезинформациите доаѓаат преку српските медиуми

„Македонија како дел од западната алијанса ги забрани РТ, Спутник и слични руски мрежи во Македонија, но ефектот од тоа е 0, бидејќи македонските медиуми комотно ги пренесуваат овие руски медиуми. Не дирекно, доаѓаат информациите преку македонски медиум кој пренесува вест од Тасс, некритички, како што е пратена“ рече уредникот во Цивил Медиа, Драган Мишев во утринската програма на „Слободен печат“.

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестидезинформацииизјавиинтервјуапропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ