• Latest

Панел на ЦИВИЛ: На Македонија ѝ треба нова влада!

January 26, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Панел на ЦИВИЛ: На Македонија ѝ треба нова влада!

January 26, 2017 17:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Македонија треба што поскоро да излезе од политичката криза! Нема уставна, и никаква законска кочница за избор на нова влада!“, едногласни се експертските ставови на панелистите, професорите д-р Светомир Шкариќ, д-р Осман Кадриу и политичкиот аналитичар Сотир Костов, на денешната панел-дискусија со наслов „Македонија: Правно и политичко лимбо“, што во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, се одржа во хотелот „Парк Резиденс“ во Скопје.

Модераторот Џабир Дерала ја отвори панел-дискусијата, наведувајќи четири актуелни дилеми во политичката и во правната јавност: Дали претседателот Ѓорге Иванов го следеше словото на Уставот и законите во целост, при доделувањето на мандатот за составување на влада? Дали свикувањето и водењето на првата седница по изборите беше во согласност со законите и Деловникот? Дали имаме ситуација на извршување двојни јавни функции – министри и пратеници истовремено? Дали Јохан Тарчуловски има право да биде пратеник, со оглед на тоа дека е правосилно осуден воен злосторник?

Професор д-р Светомир Шкариќ

Според професорот д-р Шкариќ, „претседателот на државата го прекрши Уставот, бидејќи при доделување на мандатот за формирање влада, не водеше сметка за парламентарното мнозинство, туку за партија која има најголем број пратеници“.
„Според нашиот Устав, претседателот на државата, мандатот треба да го даде на онаа партија или коалиција кои имаат мнозинство пратенички мандати во парламентот. Претседателот на Републиката има право и должност во духот на Уставот да изврши консултации со легислативни партии и да формира свое мислење, дали некој може да формира парламентарно мнозинство или не може. Оној што ќе го побара мандатот, тој на претседателот треба да му покаже барем потписи на пратеници кои формираат парламентарно мнозинство, па дури потоа, претседателот треба да му го даде мандатот. Па, во рок од 20 дена, мандатарот треба да формира влада“, вели Шкариќ, експерт по уставно право.

Професор д-р Осман Кадриу

Според професорот д-р Осман Кадриу, ако Никола Груевски и во следниве три дена не успее да обезбеди парламентарно мнозинство, што е услов за нова влада, тогаш правото нѐ води во парламентот. На продолжението на конститутивната собраниска седница, треба да се избере претседател на Собранието и итно да се донесе одлука, мандатот да се предаде на партијата којашто успеала во своите преговори да обезбеди парламентарно мнозинство.
„Прва активност од изборниот процес, сметано од конституирање на парламентот до изборот на владата, е конститутивната седница. Станува збор – дали самото свикување и претседавање е во духот на Уставот и исклучиво во склад со уставната норма. Уставот е многу јасен. Со конкретна уставна норма се предвидува дека конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Ја свикува! Точка. Да сакаше уставотворецот да му даде право на претседателот од претходниот состав и да раководи и да претседава, ќе го кажеше тоа со само три збора во истата реченица. Ја свикува и претседава. Тоа што не е речено, значи дека Уставот не дозволува, претседателот од претходниот состав да раководи и да претседава со конститутивната седница. Кога на столот на претседавачот се појави претседателот од претходниот состав, се создаде дилема во јавноста, дека сигурно, со овој потег, ќе се прави некоја опструкција. И тоа се случи. Кога се врши верификација на пратениците, тие веднаш делуваат како пратеници во сите делови, за кои што парламентот е надлежен. Што се случи… Се одложија другите точки, затоа што немаше согласност. Таа конститутивна седница до ден-денес не е закажана, да ги продолжи сите точки, коишто не беа затворени“, рече професорот Кадриу, презентирајќи го својот став во однос на прашањето: дали свикувањето и водењето на првата седница по изборите беше во согласност со законите и Деловникот?

Сотир Костов, аналитичар

Според политичкиот аналитичар Сотир Костов, при доделување на мандатот на Груевски, „можеби духот на Уставот не е испочитуван, но нема уставен и законски прекршок. Ваков резон ќе има доколку до недела Груевски и Ахмети не се договорат, а Зоран Заев собере потписи и му ги достави на претседателот. Да видиме претседателот Иванов за што ќе се одлучи, за традицијата од Глигоров и Трајковски, или ќе ни понуди нешто ново. А, Уставот до слово е спроведен. Според Деловникот, првата седница ја закажува и води досегашниот претседател на Собранието, стои во член 9 од овој акт, што значи сите дилеми паѓаат во вода. Што се однесува до Јохан Тарчуловски. Од него лично, чув дека тој беше осуден за командна одговорност, не за ѕверства. Тој е херој и може да биде парламентарец“, рече аналитичарот Костов.

Панел дискусијата на ЦИВИЛ Центар за слобода, потврди дека премиерот Емил Димитриев и министрите Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа Милеска, противзаконски ги извршуваат функциите, од денот кога им се верифицирани пратеничките мандати.

Моника Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕДУИЗоран ЗаевНикола Груевскинова владаОсман Кадриупанелполитичка кризаСветомир ШкариќСДСМСотир КостовЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ