• Latest
Фото: Скриншот

Уа шнајдери

May 25, 2024

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Уа шнајдери

May 25, 2024 18:53
in МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

„Ние секогаш ќе бидеме Македонска православна црква, кој како сака нека нѐ ословува. Колку што сум информиран, не се бара од нас да направиме уставна промена заради промена на нашето име, туку само во меѓусебните релации, кога се обраќаме до Цариградската патријаршија, да се обраќаме како Охридска архиепископија“, изјави за ТВ Сител во Рим, митрополитот европски на МПЦ-ОА, г. Пимен.

Изјавата е поврзана со прашањето поврзано со изјавата на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан дека се бара нашата Црква да го смени името, да се изостави зборот – македонска, како услов за да додели томос.
Првиот свештеник на МПЦ – Стефан со неколку изјави во јавноста одново сокри дека клучот на недоразбирањето со цариградската патријаршија, од каде треба да дојде вистинскиот томос е во фактот дека треба да ја признаеме Украинската црква, онаа која го има истиот проблем со РПЦ што ние го имавме на тој план со Српската!
Но, она што е во случајот поважно е дека оваа изјава на Пимен нема простор кај нашите тв медиуми. Иако ТВ сител сними 10-минутен разговор со Пимен на овие прашања до вечерта дојде до неприфатлива редукција. На пример во вестите во 23 часот вчера (Валентин Николовски) беше даден одбран сегмент од присуството на Силјановска Давкова во Рим а од изјавата на Пимен е исфрлен клучниот сегмент од неговата изјава, јасно, контрадикторен од изјавата на г.г. Стефан. Затоа добивме еден монолог на оваа тема од владиката Петар да не ви кажуваме каков (кој си има своја телевизија).
Но, треба ли сега да држиме лекции што е новинарствво и дека тоа е пред се пат кон вистината, која во случајов, како и многу пати дневно во Сител е сокриена. Петар не може да биде даден издвоено никако од оној со кого тој се спори, посебно во оној сегмент за што се спори!

Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

Tags: македонски медиумиМПЦ- ОАотец ПименСител
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ