ВЕСТ НА ДЕНОТ
Мицкоски го доби мандатот за состав на влада
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска му го додели мандатот за формирање Влада на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, чија партија на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Лариса Дир: Помогнете ѝ на Украина да преживее!
834. Приоритет на Украина е зајакнување на противвоздушната одбрана и способностите за долг дострел. Ова е единственото нешто што може да ги спречи обидите на руските окупатори да ја прошират војната и ќе спаси човечки животи. Помогнете ѝ на Украина да преживее!
РЕГИОН
(ИЗБОР) Албански медиуми: Корупцијата како најголема безбедносна закана за Албанија; Во Феризај уапсени двајца шпиони на БИА; Косовското собрание со свечена седница за Тони Блер
Центарот за проучување на демократијата и владеењето го објави националното истражување Безбедносен барометар 2024 година, според кое, повеќето граѓани сметаат дека корупцијата е најсериозната закана за безбедноста на Албанија, пренесуваат албанските медиуми.
СВЕТ
Светските лидери ја одбележуваат 80-годишнината од „Денот Д“
Светските лидери од двете страни на Атлантикот денеска се очекува да присуствуваат на меморијалните настани во Франција по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија за време на Втората светска војна.
СЛОБОДНА ЗОНА
Од Европа до изолација: Две македонски држави, „наша“ и „нивна“, ES–PRESS–O со Џабир Дерала
Ромите не се некојси Ритко! од Дехран Муратов
Џефри Сакс фатен во орото на српско-руската пропаганда во македонските медиуми,анализа на Драган Мишев
Подготви: Д. Мишев