• Latest

Собраниската седница продолжува утре, опозицијата смета дека програмата на владата е далеку од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ

June 22, 2024
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собраниската седница продолжува утре, опозицијата смета дека програмата на владата е далеку од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ

June 22, 2024 19:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски на денешната пленарна седница во своето експозе најави инвестиции, економско зајакнување на државата, намалување на невработеноста, раст на БДП. Пратениците од опозицијата упатија критики за програмата и го прашаа Мицкоски дали ги лажел граѓаните дека нема да ја користи придавката „северна“ и ќе ги поништи договорите со Бугарија и Грција.

„Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана до мера на непрепознатливост каде институциите се доведени пред буквална пропаст и незапаметена нефункционалност. И за се ќе биде известена јавноста, и ова не го говорам дека имам намера да смислувам изговори или да плачеме над лошата состојба, туку дека одлучно ќе одговориме, затоа што оваа генерација нема опција за неуспех и заедно ќе мора да направиме големи чекори напред. И затоа нема да барам никакви 100 дена меден месец, туку најавувам фуриозен почеток на проекти и нови инвестиции веднаш. Впрочем немавме ниту една секунда изминатиов период“, истакна Мицкоски на почетокот од своето обраќање пред пратениците.

Тој нагласи дека носечка цел на идната влада е обновување на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување владеење на правото.

„Нашата посветеност на европските интеграции останува цврста. Ќе работиме ангажирано на усогласување на нашите политики со европските стандарди, унапредувајќи ја нашата цел за полноправно членство во Европската Унија“, додаде мандатарот.

Мицкоски им се обрати на сите предложени кандидати за јавни функции дека нивната работа ќе биде предмет на постојана ревизија и евалуација и ќе има место само за тие со јасна волја, кои се посветени на државата и народот и кон исполнување на програмата, и кои ќе бидат блиски до народот и ќе имаат јасен, морален и професионален компас.

На крајот ја побара поддршката од сите пратеници да го дадат својот глас за идната влада.

Првите критики за програмата на новата влада пристигнаа од координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, кој нагласи дека за повеќето проекти нема временска рамка кога ќе се завршат. Тој побара, но не доби одговор од Мицкоски, зошто ќе ја користи придавката „северна“ кога претходно ги уверуваше граѓаните и гласачите дека тоа нема да се случи и дали ќе ги укине Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија.

„Првиот основен приоритет, нашето членство во Европската унија во програмата е со сосема различен концепт од оној што го застапуваше како опозиција во изминатите 8 години и во времето на предизборието, како што е почитувањето на Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Преговарачката рамка. Факт е дека нема ниту збор за укинување на Преспанскиот договор, ниту збор за укинување на Договорот со Бугарија и факт е дека нема план за тоа како ќе ја промените преговарачката рамка за којашто зборувавте со години наназад дека нема да ја прифатите“, рече Спасовски.

Деновиве се гледа и промената на личниот став на Мицкоски за Преспанскиот договор, потенцираше Спасовски.

„Ако ги погледнете изјавите од пред изборите, во коишто најавувате дека нема да го користите уставното име или дека нема да ја користите придавката денеска најавивте дека тоа ќе го направите. Тоа ли е новиот концепт? Ако е така чесно е да биде тоа кажано пред граѓаните. Затоа што едно е пред граѓаните да речете дури и мандатот ако треба нека ми го одземат јас нема да ја користам придавката на името а денеска овде пред македонското Собрание зборувате како мандатар најавувате почитување на Преспанскиот договор и уставното име на државата“, додаде Спасовски.

Тој истакна дека многу од проектите коишто се дел од програмата немаат рокови за реализација, нема финансиска конструкција како и на кој начин ќе се дојде до реализација, а не се зборува ништо ниту за задолжувањето од 1 милијарда коешто се најавуваше во јавноста.

Пратеничката на СДСМ Даниела Николовска од собраниската говорница го критикуваше составот на новата влада, наведувајќи дека дел од имињата се веќе познати од времето на Никола Груевски.

„Кога ги читаме имињата коишто сте ги предложиле можам само да кажам добредојде Груевски, штом се тука Владо Мисајловски, Златко Перински, Љупчо Димовски, Александар Николовски, Зоран Љутков, тогаш тука е и Груевски. Читаме овде имиња кои се поврзани со криминал, со криминал и рацете им биле во медот. Што значи најмалку имаат легитимност да бидат министри. Во овој состав има министри кои едвај чекаат да им заврши мандатот како градоначалник. Таков е Тимчо Муцункски. Не знаеме со што заслужува да биде избран за министер. Ќе биде запаметен како градоначалник којшто нема реализирано ниту еден проект во општина Аеродром“, изјави Николовска.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешната собраниска седница ја пофали програмата на владата 2024-2028 дека е реална и остварлива.

„Ќе придонесеме да направиме нешто плус за благосостојбата на својот народ и среќата за своето семејство, комшии и сограѓани. Потребите и барањата на граѓаните беа преточени во предизборна платформа која ја понудивме пред граѓаните и ни се даде добербата оваа платформа ги опфаќа сите барања на граѓаните и се она што треба да го сработиме. Програмата е обемна и за нес, ќе разговараме за сите проекти кои се во неа”, дециден е Сајкоски.

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска изрази незадоволство поради формирањето на повеќе министерства, а мал број на жени.

„Да почнеме со разобличување на лагите на ВМРО-ДПМНЕ кои служеа само за да дојдат на власт. Составот на Владата го отсликува минималниот број на жени во владата и тоа само ја потврдува мизогеноста втемелена во владејачката партија. Веројатно за вас жените се само за по дома. Програмата е контрадикторна со составот, рече Петровска.

Следна лага е односот кон уставното име и Преспанскиот договор, додаде таа.

„Земете ми го мандатот, ама Северна не кажувам“, тоа е за пред избори. Ја пеевте заветна. А сега? Немало смисла да го прекршувате Уставот, законите. Многу е лесно. Исполнете го тоа што го ветувавте, променете го Уставот, вратете го името. Така вие зборувавте изминатите години. Но ниту во Програмата ниту во експозето нема збор, ниту за ревизија на Преспанскиот договор ниту за враќање на името. Исто како што го избришавте името Македонија од вашиот статут така еднакво и сега, истакна Петровска.

Според неа, „малку е лицемерно да се зборува за стратешките интереси на земјата, а кандидат за министер да биде следбеник на режимот на Путин“.

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки смета дека со изборот на новата Влада на Македонија се создаваат нови можности за исчекор и обиди за фаќање приклучок со цивилизираниот свет.

Зборувајќи за предлог-програмата, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период велеше дека граѓаните им се во фокусот, а не даваат конкретен одговор на тоа што ќе се случува со нивните плати, со нивната куповна моќ во 2028 година.

„Имам впечаток дека и самите сте скептични и несигурни во економскиот дел од програмата, дека немате кадровски потенцијал да создадете конкретен економски резултат кој денес ќе можете да го кажете пред граѓаните. А ако ви е во план да продолжите со имплементирање на системските решенија кои владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги воведе во изминатите седум години – годишното системско зголемување на минималната плата, растот на пензиите, поддршката на домашните компании која се изедначи со таа која беше (во ваше време) само за странските компании – тогаш тоа го сфаќам како комплимент за добрите наши политики“, рече Битиќи, потенцирајќи дека тоа зборува за лицемерието на партиските економски експерти и експерти на ВМРО-ДПМНЕ кои во предизборието, а и од избори до избори, ги критикуваа мерките за раст на стандардот на граѓаните, а кои беа креирани за да не подлежат на политички и партиски „егзибиции и гимнастики“.

Претседателот на СДСМ и пратеник во македонското Собрание, Димитар Ковачевски во денешното обраќање изјави дека во владината програма има неконзистентни делови и ставови.

Во делот на инфраструктурата сите предложени елементи во делот на програмата се продолжување на сите стратешки проекти на досегашната Влада предводена од СДСМ, додаде Ковачевски.

„Тука пред се мислам на Коридорот 8 и Коридорот 10Д коишто исто така од ВМРО-ДПМНЕ беа квалификувани како криминални проекти, изведувачите беа квалификувани како криминални организации. Дури како што ја читам програмата провејува дека ќе им бидат доверени и други проекти“, вели Ковачевски.

Во однос на персоналниот состав на новата влада, Ковачевски посочи дека од сегашното владино мнозинство беа искажувани негативни лични квалификации за луѓе кои сега се предложени за министри, како што е примерот со Таравари.

Седницата на Собранието за избор на владата треба да продолжи утре, а гласањето ќе следи по завршување на претресот, односно најдоцна до полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници. Парламетарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во законодавниот дом брои 78 пратеници – 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.

Г. Т.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дебатаизбор на ВладаПрограмаседницаСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ