• Latest
Фото: МИА

Синагогата во Белград можна мета на нападот, извршени претреси низ Србија, притворени две лица

June 30, 2024

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Синагогата во Белград можна мета на нападот, извршени претреси низ Србија, притворени две лица

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека и денеска продолжува акцијата низ цела Србија по вчерашниот терористички акт, дека синагогата во Белград била можна прва мета на Жујовиќ, и дека е извршен претрес на неколку локации, а две лица се во притвор.

June 30, 2024 12:12
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека и денеска продолжува акцијата низ цела Србија по вчерашниот терористички акт, дека синагогата во Белград била можна прва мета на Жујовиќ, и да е извршен претрес на неколку локации, а две лица се во притвор, јави дописникот на МИА од Белград.

-Треба да најдеме соодветна причинско-последична врска меѓу активностите на вахабистите и конкретниот настан. Затоа е спроведена широка акција на сослушувања и притвори, а во два случаи е одредена мерка притвор. За Игор Деспотовиќ, кој беше уапсен во Белград, и Кемал Беговиќ кој беше приведен при претресот во Нови Пазар. Одзеден му е елекот со знаме на таканаречената Исламска држава, изјави Дачиќ на РТС.

Дачиќ кажа дека реконструкцијата на движењето на Милош Жујовиќ, кој рани припадник на Жандармеријата во близина на израелската амбасада, покажа дека тој вчера првпат дошол до синагогата во Белград и дека е можно тоа да му била прва цел, но продолжил понатаму кон израелската амбасада поради големиот број припадници на полицијата околу синагогата.

– Ова е насочен терористички напад, а ќе видиме кој се учествувал во него, посочи Дачиќ.

Според него, она што е неспорно за сите тие луѓе е дека припаѓаат на вехабистичкото екстремистичко движење.

Како што објасни , во Србија е прогласено „Црвеното ниво на закана“ што значи дека сите единици на Министерството за внатрешни работи се ставени на највисоко ниво на будност и дека нивната задача е да бидат видливи во обезбедувањето на јавниот ред и мир и спречување на можни терористички акти.

-Тоа значи дека ќе ги има на многу локации низ Србија, објасни Дачиќ и додаде дека граѓаните се безбедни.

„Ова е превентивна мерка со цел да не се случат други дејствија. Понекогаш терористите знаат да направат таканаречена мамка, односно да направат акција која е од секундарен тип и потоа да следи друга главна акција.

-Овој терористичкиот акт беше запрен практично на самиот почеток, кажа српскиот министер на полицијата.

Tags: БелградИвица ДачиќсинагогаСрбијатерористички напад
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ