• Latest
Фото: Министерство за финансии

Каде се парите од Орбан? Владата ја задолжи земјава за нови 48 милиони евра преку државни обврзници

July 18, 2024
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Каде се парите од Орбан? Владата ја задолжи земјава за нови 48 милиони евра преку државни обврзници

July 18, 2024 12:39
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: Министерство за финансии

Фото: Министерство за финансии

Share on FacebookShare on Twitter

Прво задолжување на државата од речиси 48 милиони евра на домашен пазар по формирањето на новата влада. Денеска на Македонска берза излегуваат нови државни обврзници со рок на враќање од 15 години. Министерството за финансии ја издало пред една недела.

Како што пренесува Градска.мк, според информацијата од берзата, овие хартии од вредност се без девизна клаузула. Емисијата е со вредност од 2.947.340.000 денари (47,87 милиони евра). Издадени се 294.734 обврзници со единечна номинална вредност од 10.000 денари. Каматна стапка е 5,6%.

Оваа информација на Берзата се појави еден ден откако министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информираше за ребалансот на Буџетот обвинувајќи дека државната каса која ја наследила новата влада била оштетена за повеќе од 500 милиони евра.

На прес-конференцијата во Владата таа најави и нови домашни задолжувања, но не еден ден по ребалансот, туку кон крајот на годината и на почетокот на следната кога доспеваат најголемите долгови кон странските кредитори, еден од нив и еврообврзницата од 500 милиони евра.

Следниот јануари доспева еврообврзницата од 500 милиони евра и таа ќе мора да се врати преку издавање на нова или задолжување на друго место, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

– Имаме проблем со јануари, немаме проблем до крајот на годината да обезбедиме средства. До 25 јануари треба да ја исплатиме еврообврзницата од износ од 500 милиони евра меѓутоа во исто време имаме и државни хартии од вредност кои беа земени во 2020 година во износ некаде околу 136 милиони евра.

Како што соопшти Димитриеска-Кочоска, сега тие мора да се вратат, можеби ќе има повлекување и враќање, но мора да ги разгледаме сите опции кои ни стојат на располагаање.

Не сме многу среќни ако треба да ја земеме еврообврзницата затоа што условите се високи, а заемот од Унгарија е со многу поволна камата. Од таа причина ние ќе правиме напори да ги обезбедиме средствата од унгарската влада, ако не ги земеме, тогаш ќе мораме да одиме со издавање на еврообврзница – рече Димитриеска-Кочоска.

Претходната техничка влада во два наврати издаде по две државни обврзници. Прво на 10 мај во вкупен износ од близу 35 милиони евра кои доспеваат во 2026, односно 2039година. Имаат каматни стапки од 3,85 и од 5,6 проценти. Потоа на шести јуни, преку кои задолжувањето е од речиси 26 милиони евра. Доспеваат во 2029 и 2039 година со камата од 4,2 и 5,6 проценти.

Tags: еврообврзницазадолжувањеминистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ