• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Со кого си – таков си: Силјановска Давкова и контроверзните соработници Момироски и Даскаловски

August 16, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Со кого си – таков си: Силјановска Давкова и контроверзните соработници Момироски и Даскаловски

August 16, 2024 15:40
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Кога новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, во својот инаугуративен говор најголем простор им даде на жените, при што изјави дека била среќна што добила шанса да биде опкружена со многу жени, многумина помислија дека таа навистина ќе го одржи дадениот збор, и дека конечно, во претседателската вила главен збор меѓу советниците на претседателката ќе го имаат жените.

Но, набргу потоа, една фотографија на претседателката со новоизбраниот тим на советници, нивните наивни надежи ги фрли во вода.

Сосема спротивно на експозето во инаугуративното обраќање, Претседателката со својот избор покажа дека најмногу доверба има во мажите, од кои за најмалку двајца од нив, изборот на Г. С. Д е најблаго кажано дискутабилен, барем што се однесува на нејзиниот избор во својство на институцијата претседател. Како избор од личноста Г. С. Д, тоа само го покажува нејзиното скандалозно восприемање на општествено – политичките текови.

Не е можно Г. С. Д да не била запознаена со нивните достигнувања, професионални и човечки, па затоа е многу тешко рационално да се објасни потегот на претседателката, особено по искажаната заложба дека ќе биде претседател на сите граѓани. Во тој случај, во нејзиниот тим не би требало да има место за докажани теоретичари на заговор кои користат експилицитен говор на омраза со упатување на сериозни закани по живот кон политичките неистомисленици, како во случајот со аменик-генералниот секретар во Кабинетот на претседателката на нашата земја, Горан Момироски, кој ги искажа од позиција на тогашен уредник на телевизија со национална концесија.

Во говорот на омраза на Момироски за кој предходно пишуваше ЦИВИЛ Медиа и го осуди , а за кој и тој самиот призна дека делува заканувачки од новинар, во емисијата на Љупчо Златев на Лидер.фм, по зедничката паушална констатација дека тогашната власт предводена од СДСМ, наводно, несакајќи да распише избори ќе посегне по етнички тензии, тој упати сериозни закани по живот кон членовите на СДСМ и нивните семејства, дека доколку го спроведат наводниот план, ќе летаат глави и ќе бидат убивани луѓе по улица. Тој упати и закани кон тогашниот премиер Димитар Ковачевски и вицепремиер Бојан Маричиќ и до сите кои наводно ќе  учествуваат во таквиот план, дека „ќе има далекусежни последици, и по сите нивни, по целите семејства“.

Тогашното несанкционирањето на неговиот експлицитен говор на омраза, и уште повеќе немањето реакција од надлежните институции и новинарски здруженија, доведе до тоа сега Момировски да биде во самиот врв на органите на управување со државата, улога во која изгледа дека сосема добро се вклопува, следејќи ја претседателката во чекор, небаре е прва дама. А ако се запрашате за што ја советува, судејќи спорен неговиот „минат труд“ може да ви се крене косата на главата.

Другата страна на паричката за поткусурување е нејзиниот советник за надворешна политика, Жидас Даскаловски, професор на Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, кој се докажа како жесток критичар на Преспанскиот договор и беше многу гласен кога се потпишуваше. Тој беше и еден од говорниците на протестите против овој договор, каде се чини дека беше во за него позната околина исполнета со истомисленици, како што може да се види од фотографијата со ослогласениот криминалец, киднапер и убиец, Палчо, со шточ сакала или не, во корелација , барем индиректна со обвинетиот убиец ја става и претседателката на нашата земја како работодавец на Жидас Даскаловски.

Советникот на Г. С. Д обилно ја користи (злоупотребува) својата службена положба и за лукративи цели. Како придружник на претседателката присуствувал на средби со претседателката на Европската банка за обнова и развој – Одил Рено-Басо, каде се разговарало за севкупната соработка со ЕБОР, која е главен институционален инвеститор во нашата држава, со инвестирани 2,9 милијарди евра во 190 проекти додека истовремено, иста таква средба остварила, како една од ретките повикани, невладината организација Центар за истражување и креирање политики – ЦИКП (CRPM) Скопје каде, како што пренесува Локално, извршна директорка е Марија Ристеска, сопруга на Жидас Даскаловски советникот на Сиљановска Давкова, кој пак воедно се покажува и како претседател на истото здружение, член на управниот одбор, член на собранието на истото здружение со право на глас и носење на одлуки.

Се поставува прашањето, кој го составил списокот на невладините организации  кои ќе бидат повикани да остварат средба со претседателката на ЕБОР?

Дали во овој случај, двајцата советници на претседателката, заменикот генерален секретар на претседателката Горан Момироски, на кого, како поранешен водител на емисијата „Заспиј ако можеш“ на АЛФА ТВ, редовен гостин, особено за време на претседателските избори му беше токму сегашниот советник за надворешна политика на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, вмешале прсти во изборот на невладините што треба да се сретнат и да се претстават пред претседателката на ЕБОР?

За податоците изнесени на страната на Локално, ЦИВИЛ Медиа упати прашање до претседателскиот кабинет и невладината ЦИКП. И двете инстанци сé уште не нé удостоија со одговор.

ЦИВИЛ Медиа пишуваше за анкетниот лист на Советникот Горан Момироски, кој пријавил имот во вредност од  цели 17 евра, односно станот во Скопје од 110 м2, куќата во с. Долно Мелничани  од 61 м2, градежното изградено земјиште во Синѓелиќ на име на родителите, според вкупно пријавената вредност во анкетниот лист, недвижниот имот му вреди, неверојатни 10 денари, додека пријавениот недвижен имот, моторно возило „Тојота Корола“ на свое име, како и уште две возила на име на брачен другар и родители  според вредноста која ја навел во денари во анкетниот лист вкупно вредат, нереални 1050 денари.

За разлика од него, неговит колега – советник од претседателскиот кабинет, Жидас Даскаловски, воопшто не пријавил што поседува.

Покрај останатите допирни точки, претседателката, во духот на поговорката од насловот „Со кого си, таков си“, како заедничка нишка со своите советници го има и во „нецелосното“ пополнување на анкетниот лист во кој сè што поседува го впошалае на име на нејзиниот сопруг, а еден имот на децата, но, во него, некако  „заборавила“да ги пријави банкарските сметки на сопругот.

Некој би рекле и повеќе од доволно материјал за реакција на ДКСК по допрен глас, но…


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Горан МомироскиГордана Силјановска-ДавковаДКСКЖидас Даскаловскипретседателка на Северна Македонијасоветници
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result