• Latest
Фотомонтажа„Д.Мишев /ЦивилМедиа

Дали претседателката Силјановска Давкова, „доследна на својата недоследност“, се врти кон мултиполарниот свет на Путин?

August 21, 2024
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дали претседателката Силјановска Давкова, „доследна на својата недоследност“, се врти кон мултиполарниот свет на Путин?

August 21, 2024 15:01
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа„Д.Мишев /ЦивилМедиа

Фотомонтажа„Д.Мишев /ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Претседателката Силјановска Давкова бара експерт за евроинтеграции и експерт за глобализација, бидејќи, како што изјави: Се што правиме е враќање назад, во Европа, каде што ни е местото… и глобализацијата не е веќе само американизација, туку мултиполарен свет, гледаме.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/An-kNrFS2u-0Ya_wT_RD_JihPdSwPYdY0xWiiS66n16-7wxfEO36wcG4qQfaEQ_SkwGvWFBHjPqZn-9nHzDIs6Lp.mp4

Во една изјава, претседатлката на Северна Македонија, и врховен командант на армијата, која е членка на НАТО и чиј најголем стратешки партнер се САД, успеа како приоритетни цели на државата, на евроинтеграциите да ја додаде мултиполаризацијата, наспроти „апсолвираната“ американизација, вокабулар кој како да го имаат напишано врвните пропагандисти од Кремљ, или е во најмала рака инспириран од изјавите на Путин, служејќи се со речиси исти конструкции.

Во услови на брзо менување на глобалниот пејзаж, мултиполарниот светски поредок официјално е тука, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот на шефови на држави на ШОС во главниот град на Казахстан Астана, и додаде дека денес, додека светот минува низ брзи и неповратни промени, многу е потребна проактивна позиција во меѓународните работи. Мултиполарниот свет е веќе реалност“.

Ваквите нејзини изјави и не се чудо, ако се земе предвид дека за советник го има Жидас Даскаловски, за кого главното прашање во одност на руската воена агресија врз Украина, е „до каде може Русија да дозволи САД да се шири на исток“, додека во интервјуто во емисијата „Трилинг“, со чудни формулации пробува некако да ја оправда руската агресија, велејќи дека целта на Русија е да нема закана од страна за нив од земја потенцијална членка на НАТО, и откако тоа не го добила ниту од Вашингтон, ниту од Брисел, ниту од Зеленски“., за да констатира дека:

„Европа е целосна издоминирана од САД во безбедносна смисла“

Иако претходно, претседателката Сиљановска Давкова на средбата со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, заблагодарувајќи се за севкупната поддршка од САД  ја истакна подготвеноста за натамошно продлабочување на македонско-американското пријателство и меѓусебна поддршка во насока на реализирање на македонските надворешно-политички цели, и во тој контекст, претседателката истакна дека како стабилен партнер и докажан сојузник на САД во НАТО Алијансата, остануваме фокусирани на заедничките определби за безбедност, слобода и демократски просперитет, со активно учество во заедничките активности во борбата против тероризмот и другите закани врз мирот во светот, со оваа изјава како да внесе конфузија околу определбата за иднината на земјата.

Се чини дека претседателката, како и партијата која ја кандидираше, е „доследна на својата недоследност“. Сега таа, под влијание на своите советници, како да се врти кон идејата за мултиполарност која ја промовира Путин преку соработка на БРИКС и Шангајската организација како столб на новиот светски поредок во подем, кои ќе служат како движечка сила зад глобалните развојни процеси и напорите за обезбедување вистинска мултиполарност.


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: американизацијаВладимир ПутинглобализацијаГордана Силјановска-Давковамултиполаризацијапретседателка на Северна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ