Еминентната косовска тинк-тенк организација Балкан форум објави опширно видео интервју со Џабир Дерала од ЦИВИЛ, во кое новинарката Гонџе Коњуфца постави широка палета од прашања и теми. Интервјуто е дел од серијалот „Балканот и пошироко“ во кој гостуваат истакнати личности од јавниот, медиумскиот и политичкиот живот во регионот на Западен Балкан, објави ЦивилМедиа.
На прашањето како ја гледа улогата на новинарството во унапредување на демократијата и одржување на владеење на правото во југоисточна Европа, Дерала посочи на опасностите од дезинформациите кои може да ги наведат луѓето на „ужасни акти на насилство“. Воедно, тој ја истакна важноста на медиумската писменост како област во која токму новинарството може многу да придонесе. Тој кажа дека е навистина опасно тоа што „само двајца од десет луѓе читаат повеќе од наслов, а и од тие двајца што остануваат, само еден оди подолу од првиот пасус, до крајот [на статијата].
„Да, тоа е навистина опасно. Тоа дава простор за пропаганда, лажни вести, дезинформации и други форми на хибридни закани против демократијата. Луѓе кои се изманипулирани и кои веруваат во лаги, тие стануваат лесни мети на било која пропаганда. Тие можат да бидат насочени во огромни, ужасни акти на насилство, без оглед на тоа дали се работи за етнички или меѓудржавни“, изјави Дерала.
View this post on Instagram
Во 43-минутното интервју, меѓу другото, Дерала меѓу другото истакна дека „медиумската писменост мора да стане приоритет за прогресивните сили во општеството.
„Знаете, кога ја гледате ситуацијата во Западен Балкан, но и во поширокиот регион или дури и на глобално ниво – луѓето се склони да им веруваат на лагите, затоа што тоа едноставно им се допаѓа, тие едноставно ги отфрлаат фактите, бидејќи не им се допаѓа ‘другата страна“. Таа ‘друга страна’ е дискредитирана во подолг период со кампањи за дискредитирање, со дезинформации во кои, знаете, вистината станува непожелна во општеството“, констатира Дерала.
Тој посочува дека и граѓанското општество и медиумите мора да ги удвојат напорите за да ги им помогнат на луѓето да разберат дека вистината и фактите мора да им бидат на врвот на умот, кога се движат низ животот, низ секојдневниот живот.
Интервјуто во целост може да се погледне на Јутуб каналот на Балкан Форум.
Продукција: The Balkan Forum
Подготви: Б. Јордановска
Обработка на видео: А. Мехмети