• Latest
Berlaymont building (European Commission)

Кандидатурите за еврокомесари низ скенерот „Македонија

August 29, 2024

24 ЧАСА: Пред избори споменици никнуваат како печурки по дожд; Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината, повикува Камбери; Додик без мандат; Виткоф слета во Москва

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кандидатурите за еврокомесари низ скенерот „Македонија

Коментарите за дел од предложените кандидати за еврокомесари во соседните земји, не поминаа без дискусија за нивното поведение кон Северна Македонија.

August 29, 2024 20:38
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА
Berlaymont building (European Commission)

Berlaymont building (European Commission)

Share on FacebookShare on Twitter

На темата „Северна Македонија“ почна да се прави споредба меѓу патриотските квалификации на две од кандидатките за евромесари – поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева предложена од ГЕРБ и Велислава Петрова, кандидатката на „Има таков народ“ (ИТН), пишува DW.

Велислава Петрова е доктор по биолошки науки и со политичко искуство во владата на Кирил Петков, кога во неа колициски партнер беше ИТН. За нејзината кандидатура на социјалните мрежи се огласи лидерот на ИТН, Слави Трифонов.

„Имам прашање. Можете ли така, веднаш да кажете што точно направиле бугарските еврокомесари досега за Бугарија? Едвај. А тоа е така, затоа што таму главно одеа луѓе без потребното образование, без потребното искуство и без потребниот морал“, коментира Трифонов.

Презентирајќи ја детално образовната и работна биографија на нивната кандидатка за еврокомесарка, тој потсетува дека во 2022-2023 година, д-р Велислава Петрова била заменик министер за надворешни работи и претставник на МНР во преговорите со Европската комисија за прашања поврзани со проширувањето на Европската унија.

„Исклучително важно е да се напомене, дека додека беше заменик-министерка за надворешни работи, д-р Велислава Петрова ниту еднаш не ги предаде бугарските национални интереси на темата за паѓање на ветото пред Северна Македонија. Благодарение на нејзината цврстина и патриотизам, европските претставници и многу од нашите овластени родоотстапници беа принудени да се откажат од својата првобитна безусловна и наведена позиција на оваа тема“, пишува Трифонов.

Поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева
Поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева е предложена за еврокомесарка од страна на ГЕРБФотографија: picture-alliance/AA/D. Aydemir

Опстојување на националниот интерес

И сопартиецот на Трифонов, Станислав Балабанов, главно по прашањето за РСМ направи компарација меѓу кандидатката на ГЕРБ и на ИТН.

„Оваа личност, овој кандидат треба на прво места да ја претставува Бугарија, а не теснопартиските интереси на некој политички лидер, што меѓу другото е случај во ГЕРБ со Екатерина Захариева”,  коментира Балабанов.

Тој потенцира дека кандидатката предложена од ИТН не е теснопартиски кадар.

„Велислава Петрова работеше во ОН, во Светска банка, беше заменик министер за надворешни работи во кабинетот ‘Петков’. Меѓу другото, таа до последно опстои на бугарскиот национален интерес во однос на Северна Македонија, додека г-ѓа Захариева удобно го притисна копчето во парламентот заедно со ГЕРБ за паѓање на ветото”, вели Балабанов.

Амбасадори или еврокомесари?

На кого треба да му служат еврокомесарите – на европската политика или исклучиво на националните интереси на земјите кои ги кандидирале – е прашањето што се поставува во тамошната јавност.

„Ангели не постојат, но не треба ни да се претерува”, вели за БНР новинарот Георги Готев од Еурактив Бугарија.

„Се разбира, европскиот комесар не е амбасадор на Бугарија. Бугарија си има амбсадор во ЕУ и тоа е сосема различна функција. Се работи за Бугарин кој е во самото управување на европската машина“, ја објаснува Готев илустративно функцијата еврокомесар.

Бугарија ЕУ знамиња
Прашање во Бугарија: На кого треба да му служат еврокомесарите – на европската политика или исклучиво на националните интереси на земјите кои ги кандидирале?Фотографија: picture-alliance/dpa

Тој посочува дека еврокомесарот е најдобриот информиран претставник на соодветната држава за европските политики, и може да ја информира земјата за тоа, за да се подготвува за политиките што се важни за неа.

„Ако сакаме да имаме одреден ресор, мора да испратиме кандидат со соодветната квалификација. Во Бугарија има подготвени луѓе за еврокомесар, но од политичките сили излегуваат чудни имиња. Многу е чудно зошто ГЕРБ ја пренебрегнува својата сегашна комесарка Илијана Иванова“, прашува Готев.

Иванова е еврокомесарка за ресорот Иновации, истражувања, култура и млади, а на таа позиција дојде лани, кога претходната еврокомесарка Марија Габриел беше избрана за вицепремиерка на Булгарија. Готев изразува стравување сега да не се повтори случајот со некогашната неуспешна кандидатура на Румјана Желева. И во случајот повторно се спомнува Македонија.

„Екатерина Захариева ми наликува на таа неуспешна бугарска кандидатура (…) Не сум сигурен дека ќе издржи во Европскиот парламент. Освен тоа, таа има и некакви костури во плакарот – беше многу блиска со ВМРО во период кога оваа партија под маса продаваше пасоши во Македонија (…) Не ни треба втора Румјана Желева“, вели Готев.

Во медиумските архиви може да се најдат податоци дека во 2010 година Желева наишла на сомневање за подгответност за функцијата еврокмесар, не само поради сомневања во нејзината компетентност, туку и поради гласините за врски со мафијата.

Акцент на северна Грција

На почетокот на август Грција објави дека го номинира Апостолос Цицикостас, гувернер на Централна Македонија, за следен еврокомесар на земјата.

„Изборот на Цицикостас е избор со политички карактеристики кои ја нагласуваат важноста на Македонија и Северна Грција за Европа, како регион со стратешка местоположба, меѓусебна поврзаност и геополитичка важност како за Балканот и Југоисточна Европа, така и за Европа во целина, бидејќи тоа е источниот крај на Медитеранот“, рече за номинацијата Павлос Маринакис, портпарол на грчката влада. Во медиумските анализи тоа се толкуваше како намера на премиерот да стави акцент на северна Грција и поради резултатот од европските избори, каде владејачката партија Нова демократија забележа загуби и зајакнување на малите екстремно десничарски партии.

На оваа кандидатура неодамна се осврна и „Политико“, потсетувајќи дека Цицикостас е политичар кој со години се противел на договорот меѓу Грција и Северна Македонија со кој се реши спорот со името на земјата и водел собири против договорот.

Иако со текот на годините ставот на Цицикостас омекнал и тој сега вели дека неговиот став е на линија со грчката влада и дека договорот од Преспа има многу проблематични точки, но е обврзувачки за двете земји, според „Политико“, токму поради неговите поранешни ставови е непознато како тој ќе одговори на одредени прашања за спорот со името на сослушувањето во Европскиот парламент.

Извор: DW

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријаГрцијаеврокомесариЕУСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ