„Секогаш кога треба да се протне нешто на мала врата се прават меѓуетнички тензии за да се дефокусира јавноста!!! Верата и верските заедници се алатка за манипулација на „политичарите“!, вели еден читател.
Но, еден од одговорите може да се заклучи дека читателот на некој начин ги обвинува и соседите и нивните наводни „пријателства“ зсо нашата држава.
„Лисабонската декларација сеуште живее во програмите на некои наводно пријателски земји. Тие си имаат свои извршители во „националните“ партии во Македонија. Тие работат за исти газда, а играат игра на конфликт и имаат иста цел. Дали се работи за бугарски навивачи и клубови или „навредени“ претседателки, за мафтање со национални знамиња, чистење, обнова или градба на нови храмови, со проповеди на 150 децибели наутро и камбаани на пладне. Граѓани на Македонија, свестете се, додека тие наводно ве бранат, децата ни побегнаа во странство. Сигурно не од убавина“, вели еден граѓанин.
Друг, пак, целата ситуација ја оценува како „трлски адреналин“.
Б. Ј.