• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

МВРО – ВМРО, проширено и надградено: И по Гоца – Панче

September 23, 2024

ХРВАТСКА ПОСТИЗБОРНА ПАНОРАМА: Кој слави, а кој анализира?

June 4, 2025

(ВИДЕО) ДУПЛО ЕСПРЕСО со Драган Мишев и Џабир Дерала: Зошто не беа успешни преговорите меѓу Украина и Русија во Истанбул?

June 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Руските пропагандисти поделени помеѓу потценување на украинската операција „Пајажина“ и упатување закани со нуклеарен напад 

June 3, 2025

24 ЧАСА: Пратениците се попишманија – нема да забранат протести пред Собрание; Марта Кос бара од Скопје и Софија да најдат решение; Украинците го минираа Кримскиот мост

June 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на YTN

Излезните анкети предвидуваат победа за опозицискиот кандидат Ли Џе-мјунг на претседателските избори во Јужна Кореја, по хаосот околу импичментот

June 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски: Македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска

June 3, 2025
Фото: ВИ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за јавните караници меѓу Данела Арсовска и Христијан Мицкоски?

June 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Безбедносната служба на Украина (СБУ)

СБУ на Украина повторно напаѓа: Минирани и оштетени подводните потпори на Кримскиот мост

June 3, 2025
фото: Фејсбук Курто Дудуш

Лимани: Доделени 26 нови грантови за развој на социјални услуги на локално ниво – грижа што стигнува до секој дом

June 3, 2025
Фото: профил на чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски на Х

Чешкиот министер за надворешни, Липавски за рускиот „меморандум“: Нацистите го сакаа ова во 1938 година

June 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

МВРО – ВМРО, проширено и надградено: И по Гоца – Панче

September 23, 2024 11:26
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Во моето рано детство, во еден период од социјалистичкото самоуправување кога кичестите лустери со висечки стакленца купени од дуќаните на Егнатиа во Солун беа „маст“ за речиси сите домаќинства во земјава, па и подалеку на север, во моите детски игри, замислувајќи се детектив, најчесто приватен, инспириран од тогашните серии Серпико и Коџак, стакленцата од таквиот лустер што висеше дома од таванот, ги замислував како дијаманти и имав огромна желба (која остана неостварена) да ги извадам од лустерот и да ги употребам во играта, глумејќи како божем да сум ги запленил од имагинарните криминалци. Разбирливо, во тоа време верував и во Дедо Мраз.

Додека таквото фантазирања во одреден период од психофизичкиот развој на децата се, не само нормални, туку и пожелни, кога истите ги применува возрасен личност, не ќе да е баш нормално. Па дури и ако верувањето во Дедо Мраз се замени со вербата во партискиот лидер.

И додека министерот на МВР како папагал повторува за индиции за криминал од епски размери, трудејќи се резервните стакленца за лустер да ги прикаже како милионски улов на дијаманти (среќа што не се сети прав шеќерот, брашното и ориганото од кујната не ги прогласи за запленет и количини од епски размери, разбира се, на кокаин и марихуана), сторителите се секако од кругови блиски на претходната власт, во државата се случува реинсталирање на МВРО-ВМРО, по теркот на министерката од грујовото време на владеење, кога спектакуларно се апсеа и се носеше пресуда за неистомислениците уште пред да седнат на обвинителна клупа, а им судеа судии од црните тефтерчиња на власта. Ова добро го знае сегашниот министер, кој во тоа време беше еден од главните адвокати на режимот. Затоа сега делува како сијамски близнак на Јанкуловска.

Ако тогаш главната мака на министерката на МВРО-ВМРО беше дека „не можеше едно убиство да сокрие“ сегашниов си ја има маката да не може едно колективно преминување без пасошка контрола преку македонско-косовската граница да сокрие.

И сега повторно партиските шерифи се на власт во МВР, само што сега за случајот со ослободувањето на кривично гонење на телохранителот Мицкоски, кој во февруари натепа полицаец пред ноќен клуб во Скопје, минал без казна иако за него министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тогаш најави кривична пријава и суспензија, пошироката јавност молчи, молчат медиумите, молчат партиските ботови. Стивна и неутралата, која предходно, во улога на „корисни идиоти“ хистерично ширеше „пресмешни досетки“ дека пајакот ја нападнал полицајката, која се обиде да казни функционер на ДУИ. Натепаниот полицаецот од пред „МОШ“, кој беше спречен во вршење на должноста и натепан од колега, телохранител на Мицкоски, се „доброволно“ се повлекол од случајот. Најверојтано, во духот на поранешните досетки на неутралата, признал дека се самонападнал од заседа, и при самопретепувањето се самоповредил.

И ако министерот речиси секојдневно највува решителна бoрба против (организираниот) криминал, ветувајќи дека кримиминалците ќе се најдат зад решетки, за сигурност и безбедност на граѓаните, всушност, состојбата е сосема различна и повеќе од алармантна, додека во нашата земја, за само два месеца имаме десетина случаи на запалени автомобили (нови два случаи вчера) на инспектори, началници, командири, општински функционери, се пука и се убива среде бел ден, врсничкото насилство достигнува кулминација, не се безбедни ниту училиштата, а затворите се место за прошетка.

Во меѓувреме, ослободени затвореници од директорот за издржување санкции, сопартиец на Панче, слободно се шетаат остварувајќи средби со босови на нарко картели, додека партиски активисти, сликани на „местото на злочинот“ каде што шират верска и национална нетрпеливост со цел дестабилизација и креирање политичка и безбедносна криза, поминуваат неказнето, иако „првиот пендрак“ најави бескомпромосна борба.

 „А војна да направиме“ – ви звучи познато?

Бескомпромисна борба најави министерот и со корупцијата, па сега останува да се види дали ќе му поднесе тужба на премиерот Мицкоски кој, ќе треба да најде начин да го обесштети инвеститорот за да не ја гради катната гаража до Собранието, ќе го нарече неразумен, незрел и дека направил нешто што ја загрозува безбедноста на Собранието тој што дал дозвола за градба.

Иако премиерот во изјавата не посочи конкретно име (веројатно подучен од адвокатот Тошковски), а и самиот Тошковски вели дека не знае на кого се однесува изјавата на премиерот, не е тешко да се погоди на кого се однесува таа, ако се земе предвид дека сегашниов министер за внатрешни работи, не само што бил адвокат на инвеститорот, фирмата „Анго“ која требаше да ја гради катната гаража во дворот на Собранието, тој директно учествувал од самиот почеток во проектот уште во 2009 година. Според обемната истражувачка сторија на БИРН, Панче истовремено бил член на комисијата на Министерството за транспорт во 2009 што го спровела јавното наддавање, при првиот обид да се најде инвеститор. Тогаш со  МВР, кое дало дозвола да се изгради подземен паркинг и земјиштето да се даде на користење на 20 години, раководеше (погодувате кој) токму Гордана Јанкулоска.

Тошковски ќе одглуми амнезија и ќе каже:

„Можно е да сум бил во комисијата, не знам, ако имате документи што го покажуваат тоа – веројатно сум бил.

За подоцна да потврди и дека има блиски приватни релации со сопствениците на „Анго“, брачниот пар Трпковски и дека ги застапувал и во други случаи, не само во предметот за катната гаража.

„Дали семејството ми е блиско? Ви кажувам – да! Дали сум ги застапувал? Да! Дали, освен во тој предмет, сум ги застапувал и во други? Да! И поради тоа како министер се иззедов од овој случај“, вели тој.

Освен што се пријатели, БИРН открива дека тие се и соседи, во малата зграда во Буњаковец, во која Тошковски бил коинвеститор за изградбата на зградата заедно со генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев. „Јас, како адвокат, им го изготвив купопродажниот договор за станот“, вели министерот  за БИРН, инсистирајќи дека свесно се дистанцирал од актуелностите поврзани со неговите пријатели и поранешни клиенти.

„Анго“, каја долго по 2014 година, кога ја добила градежната дозвола, на терен не работела речиси ништо, помеѓу 2018 и 2021 година, водат две судски битки со Општина Центар за одземањето на дозволата пред Управниот суд, кои фирмата ги добива во своја корист, застапувана, секако од сегашниот министер, во тоа време адвокат Панче Тошковски.

И сега, со доаѓањето на власт на ВМРО – ДПМНЕ и седнувањето на Ташковски во министерската фотеља на МВРО – ВМРО,  претставници на „Анго“ седнаа на иста маса со претставници на БЈБ, МВР, Собранието, Министерството за транспорт и Општина Центар да преговараат за стратешко решение како државата да го врати во владение земјиштето. Формирана е работна група која треба да предложи решение за овој проблем, односно, само да ја иминува висината на отштетата која ќе треба да се плати од државниот буџет, со пари на граѓаните на сметка на семејните пријатели и соседи на Панче.

Панче ми текна, а да пробате како отштета на „Анго“ да им дадете од запленетите дијаманти во криминалот од епски размери во Струмица.


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Гордана Јанкуловскакатна гаража до СобраниеМВРО-ВМРОминистер за внатрешниПанче Тачковски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ