ДРАГАН МИШЕВ
Прочитав денес една тажна и загрижувачка информација дека по првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици. Најголем процент од отпишаните ученици се од поголемите, централни училишта од Куманово. Слична, или уште полоша е состојбата и во останатите делови од земјата.
За жал, како што информираат од Општина Куманово, овој тренд не застанува и во споредба со минатата година како да бележиме благо зголемување на отписот на учениците до крајот на првото полугодие. Лани во првото полугодие се отпишале 131 ученик од вкупно 20 основни и средни училишта.
Информацијата е доволно алармантна самата по себе, но оваа година изостанаа хистеричните жалопојки од дужегрижникот Влатко Ѓоршев, кој на ваквите појави им обрнува внимание само кога е во опозиција, за да ја префрли вината врз политичкиот опонент кој е тогаш на власт, иако проблемот е многу покомплексен и бара системско решение, а не популистички тажаленки за теснопартистки интереси.
Така, Влатче опозиционерот, во септември 2021 по социјални мрежи, пренесуван по про-вмровски медиуми коси кубеше прашувајќи зошто Царовска го КРИЕ бројот на ученици во основно и средно образование?, за самиот да си одговори: За да го скрие ЕГЗОДУСОТ кој се случува последниве 4 години.
Си праша, си одговори, си констатира дека Заевистан ( како што тогаш си ја нерекуваше татковината, има НАЈМАЛКУ ученици во историјата, а Заев, Царовска и Филипче буквално ја опустошиле Македонија.
Во април 2024 година, Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ „математички прецизно“ како што пренесува Вечер, објаснува , со истата мантра, за егзодусот на млади и деца од Македонија.
“Заев, Таче, Царовска и Пендаровски:
За 3 години = 5 км празни училници
5 км = 1 саат одење покрај ПРАЗНИ училници. За само 3 години.“, пишува Ѓорчев на мрежата Х.
Заев, Таче, Царовска и Пендаровски:
За 3 год: 10.000 ученици помалку (основно и средно).
Минус – 10.000 ученици = 500 паралелки
500 паралелки х 10 метри должина
=
5.000 метриЗа 3 години = 5 км празни училници
5 км = 1 саат одење покрај ПРАЗНИ училници. За само 3 години. pic.twitter.com/SkynkKlJwe
— Vlatko Gjorchev (@VlatkoGjorchev) April 2, 2024
Нека му пренесат на Влатче, националниот координатор за нишање врата и зимање плата, кој наеднаш замолче ( можеби е во подрум, ја преточува јувата, или го заболеле колената од шпартање и мерење улици на релација училиште 1-Бела палата-училиште 2..), а и за основните математички операции изгледа одеднаш стана „tabula rasa“, па не може да пресмета, онака, математички прецизно, дека учениците сé уште се отпишуваат и заминуваат во странство, училниците се празнат, егзодусот продолжува, и оваа 2025 година, и сега кога на власт е неговата ВМРО – ДПМНЕ… само сега тоа го прават гордо.